Инаку циклусот кај мене варира, можам да добијам на 25/26/27/28 и крајно на 29 ден. Затоа ништо не ми е сигурно Минатиот пат добив на 25ти ден, месец пред тоа на 29ти, па пак месец пред тоа на 25ти и така у круг.
Биохемиска бременост докторите не ја рачунаат за бременост. Тоа е само хемиска бременост не потврдена со ехо. Јас Февруари имав со бета од 10.04 па по два дена 12.95 и бледа црта на тестот, пет дена по ред имав бледа црта на тестот и прокрварев . Докторите во Хрватска не ми ја рачунаа за бременост кога кажав дека имав биохемиска.
Во Македонија еве ја рачунаат како бременост која завршила со спонтан абортус, мене ми се случи минатиот месец и да бременоста не беше потврдена на ехо, само од бетата беше донесен заклучокот.
Прв пат во живот ми доцни и баш кога бев надежна премногу, ова ме тресна од земја Ќе ми треба некој ден да се соземам, ама ќе бидам добро
Секогаш добивам, 13-14 дена после овулација, сега имав овулација на 8 април, така да веќе требаше да имам добиено 21-22, и чувтвував буквално симптоми секогаш како пред добивање и мислев дека ќе добијам секој момент. Но еве вчера, денес ништо немам освен градите..Иначе да секогаш на 27-28 дена добивам.
Аххх се порадував на кратко дека ми доцни (едвај ден ипол)... ама си добив. Одиме со нови сили.. Знам дека наскоро ќе ни се случи и ќе дојде нашето време. Ова е се со цел пак еден ден да си се навратам на пишаново. Закажав одма консултација во New Born па да видиме што ќе каже овој пат специјалист. Стискам палци на сите женки кои нетрпеливо чекаат и бројат, навивам за вас да си ги видите двете цртки!!
Можеби некому ќе помогнам.. За првото дете имав 3 инсеминации стимулирани со кломифен сите неуспешни, се фати со прво инвитро. За второ дете повторно пробавме инсеминација со кломифен не успеа, втора стимулирана со летрозол и 24ч пред инсим. примив Овитрел и успеавме. Можеби кај некои подобро делува Летрозол. Инаку немавме никаква дијагноза и двајцата ниту еднаш.
Не се многу месеци, ќе биде. Нај важно е што си многу позитивна, тоа е нај битно, надеж немој никогаш да губиш, па и кога ти е нај тешко. Пуштам среќа за нај брзо што може да се пофалиш и да знаеш дека(и јас се чудев како е можно, ама да, можно е) сама ќе си почувствуваш кога ќе дојде моментот за поз.тест
Ти благодарам многу! Позитивна сум затоа што знам дека ќе се случи, чувствувам тоа е едноставно некоја енергија. Good things take time.
Здраво женски Дали има некој што почнува со одбројување, до каде сме ? Мене денеска 20ти ден од последниот циклус плус минус 10 дена до недобивање. Почнувам да осеќам тапи болки во јајниците ,често мокрење, подуеност а исцедокот како вода на моменти протекува
И јас тука негде сум, не чувствувам ништо невообичаено а и да има нешто гледам да не обрнувам внимание бидејќи до сега колку пати пати сум била сигурна дека нешто има затоа што чувствувам некој симптом и на крај ќе ме тресне од земја. Нека биде како што треба да биде