Добро утро женичкииии! @Аничкаa не одржуваш, браво! 6 дена до недобивање. Јас сум жива ненаспана. Нема доза на кафе што ќе ме крене. Останатите поназад ми се изгубивте во броењето. Дај да се размрдаме малце.
Значи исто сме Дај боже да не добиемe.. седам така и само чекам некаков симптом и знак да добијам ама ништо
Јас сум 8дпо ии немам некој симптоми како за бременост нешто, болка во јајници посебно десен, имам чувсто како да ме тегни нешто во матката, ама тоа мислам дека не се некој показатели. Иначе! Кога имав биохемиска како прв симптом пред да ми закасни беше горчлив вкус во устата, како железен не знам како да објаснам. Овој месец сите да си изгазимее!!!
Да ова одма ми го кажа специјалистот за ивф. Вика 99% за се е одговорна спермата. Затоа за машки фактор одма даваат ваучер.
Женички, тука сум и јас.. сега малце подобра Еве и јас на 5-6 дена до недобивање. Од симптоми, само грчеви повремено.. Ајде стискам палци да не биде сите овој месец
Хелоо и од мене, јас утре сабајле ќе правам тест. Денеска ми е денот за (не) добивање. До сега освен болки во кичма други симптоми немам.
Јас добив вчера и сум ужас Ме тресе, не можам да функционирам. Не сум ни спиена како што треба. Се полошо и полошо ги поднесувам циклусиве.
Ајде мила ќе помине, само храбро напред Нели ветивме на ќерките дека ќе бидат дадички ,нема откажување колку и да е тешко. Вчера бевме да го видиме бебето на другари ,ќерка ми многу се израдува ми вика мама многу сакам да ми родиш бебе и ја ќе му бидам дада ама машко да биде Ми падна тешко но кога размислив отпосле тоа и ми дава уште поголема желба и волја, па оставаме на Господ да ни ги исполни желбите
Исто е се, ќе се видиме со бебења, ги гушка, игра, цело време ги фаќа. Мора да успееме. Иначе не ми е лошо од што сум тажна. Не знам навистина зошто волку лошо ми станува, скроз нефунционална сум 2-3 ден.
И кај мене некако се изреметија циклусите, се повеќе осеќам болка во кичма и стомакот, се понервозна, несоница, расположението 0 за време на циклусот но тоа е...
Здраво, овој циклус следевме овулација кај гинекологот, фоликулот пукна пред 14 дена. Во сабота направив тест покажа светла втора линија, вчера повторно направив тест исто со светла втора линија. Сабајлето ( ден за добивање ) се надевав дека ќе биде појака но исто втората линија е светла според мене нема промена. Бев до кај матичната но денес не е на работа. Ме фаќа паника не знам дали да одам на приватно да испитам бета или да чекам до утре.
Рана бременост е. Затоа линијата е бледа. Најубаво провери си преку крв така ќе си сигурна а и нема да мислиш дали е позитивен или не е.
Некако верувам дека е вистински позитивен но страв ми е дали бетата се дуплира правилно. Имав лошо искуство со вонматерична и затоа сега ми е страв дали бетата расте како што треба.
Како се оди кај гинеколог да следи фолекули колку се наплаќа повеќе ли како оди преглед кога потоа се има однос, штоако не еакулира доволно какви се шансите
Од 8 ден одев кај гинекологот, преку еден ден. Вкупно 5 пати отидов, кај мене сите мерки беа добри. Матичната 500 ден ми наплати. Мислам дека сите матични може да те следат