Ќе почекам, може ќе ме изненади сега за викенд оти имам свадба обично така иде баш кога не треба хаха
Си добив точно како швајцарски часовник не ми се верува дека сега 5 и 7 дена ке си седам мирна па пак ке се напнеме со ајде ајде акција па пак 15 дена во мисла за на крај да си стигне дотичнава Ке се откажам од следење све освен од денот на овулацијата
Кажете ми на каков тест за овулација ви личи ова? Ссга приметив дека по апликација повеке од 12 месеци овулација ми е на ден сабота. Таму е знакчето.. интересно и чудно
Треба двете цртки да се со ист интензитет за да е позитивен. Не следи по апликација, тоа само ти дава календарски одприлика. Кај мене варирала од 12ти до 20ти ден. Така што не верувам точно да си овулирала секој месец исто. Тестирај се со тестови за најточно или прати фоликули со матичен.
Девојки подршка од мене јас многу ја пратев темата кога чекав толку месеци за да ги видам тие две цртки. Една препорака од мене за тие што подолго време се обидувате да си земете Елова кесички пијте барем месец два и изберете некој месец кога сте во можност и на секои два дена обавезно односи за да не ја прескочите овулацијата. Мене тоа ми беше успешна комбинација после 1 година обиди. Сега пак сум бремена и тоа од само еден однос со свршување. Како е и пишано од Господ понекогаш.
Кај мене теткава уште ја нема, а немам ни симптоми никакви нит за добивање нит за бременост. Дали тест да зимам или директ кај матичниот да идам. Вака ми се случи и пред 3 месеци после 12 дена добив
Јас добив минатата недела дури порано да не ме мислите. Значи како го чекам тој позитивен тест само нека дојде, викам трубачи цел ден да ми свират без престан. И за вас ќе викнам!
Не проверував ништо ама очигледно не сме имале проблем туку не сме го погодиле моментот на овулација или не знам до што е. Јас таман мислев да пројде лето и ако не бидне да почнам испитувања. Елова ми ги кажа матичниот гинеколог и можеби два месеци пиев ама и како што спомнав тој месец имавме најчесто односи баш секој втор ден и ете бидна. А сега од еден однос само значи не знам нема правила.
Добив алопеција фукнав 40000 за перика појдов по лекари главата не знам кај ми е испитував хормони сва среќа секој узрок за бебе е добар... чекам да стивне хаосов да се стабилизирам