Сестре, јас да фатам овулација и ќе идам одма лото ќе уплатам. Шо е ова бе, секој ден ли треба да мочам на стапче за да фатам
На колку дена тие циклусот? Од кога ќе ти заврши, почни со мочкање За да се ориентирааш најубаво почни од 10ти ден до 20ти ден и односи секој втор ден.
На 100 Не на 100 де, ама 31-40+ денови ми е циклус. Ако добијам на 30 дена го рачунам како подрането. Значи се ми е каша попара, ја бебе ќе сум праела. Абеее Месецов ќе си го слушам телото да видам дали ќе ја фатам на стапче, ако не успеам за нареден месец ќе станам про у мочкани стапчиња А односи и без стапче на 2 дена, за сваки случај нели
Јас последните 6/7 месеци бев со +31 ден циклус . Направи просек последниве неколку месеци на колку дена ти доаѓа. Овулацијата рачунај ја наназад 14 дена од кога ти дошло. Пример: Сум имала циклус на 19.02 следен очекуван циклус 22.03 наназад овулација 08.03. Ете ти го просекот на очекувана овулација ( мислам дека ме свати што сакам да кажам )
Не мора да значи. Човечкиот организам не функционира теоретски. Најсигурно ти е следење симптоми на овулација како зголемен исцедок, тапи болки во јајници итн, и стапче. Јас имав циклуси порано на 32/33 дена, месецот коа е фатен син ми овулација ми беше на 28ми ден. Баш реков ова и да сака да се фати нема време ама ете и тоа не иде по теорија. Се извинувам вака шо ви упаѓам ама ја гледам @LiquidLuna па ај дека ептен од иста "секта" реков да пишам.
Епа те сфатив ама ова не ми е верно според телото мое. Ај ќе си ги почекам регулар симптомите месецов да видам дали ќе светне уште една линија Е и мене ова изгледа ќе ми се деси. Ако, мешај се па да правиш секташки мекици
Дали имаш плоден исцедок како белка од јајце што е? Јас така ја ‘фатив’ овулацијата, врска немаше со апликацијата. Неколку дена траеше тоа исцедокот, тогаш активни бевме и бидна од прва. Со среќа
Женски како сте??? Дали имамее некоја радост овој месец?? Јас си порачав од али експрес 40 теста, денес сум 8дпо ии ќе си се тестирам колкуу шоо сакам!
Два дена ми доцни... на одмор сме и ненормално мочам на секои 5мин. Утре се враќаме не знам како ке го издржам патот
Тест направи? Јас така укопчав дека сум трудна со првото. На одмор требаше да добијам и не добив и со ден доцнење ми се мочаше на 5 мин, едвај до ск стигнавме, кај стигна маж ми застануваше да мочам
Женски здраво, нешто не ми е јасно и не ми се поклопува па сакам да ве прашам за мислење. Следвме фоликули и последно мерење беше во Среда кога потврдивме 19мм. Матичната ми кажа викендот те некаде денес спрема утре треба да биде овулацијата. Јас вчера и денес чисто за потврда направив тест за овулација и по негативни не можеа да бидат, едвај се гледаше др линија а камо ли да биде по темна. Сопругот беше отсутен Четврток и Петок па немавме можност да го покриеме тој период но секако се потпирав на она што ми го кажа докторката. И сега како јас да знам што се случило со водечкиот фоликул? Дали сум имала воопшто овулација и како е ова можно??
Има многу можни сценарија, може овулација веќе настанала четвртокот или петокот. Фолекулите можат да растат и до 3мм на ден. Јас на пример сум имала водечки фолекул 12mm во петок, а понеделник рано сабајле потврдена овулација на ехо, со излив и жолто тело, тогаш пропуштивме инсеминација. Може е да не се случило овулација се уште, пикот тек да настане, во среда кога имаше ехо, правеше ли тестови за овулација или овие два теста вчера и денес ти се први? Тестирај и понатаму. Може да не се случи Lh surge и да не настане овулација а со тоа да остане фолекулот како фолекуларна циста и тоа би го виделе на ехо. А може и тестовите да не читат јас знам дека со едни Oview мислам беа никогаш немав добиено позитивни тестови за овулација, знам дека ги користеле и други членки ама јас не бев задоволна од тие. Се надевам не те збунив повеќе познавајќи си го телото можеш да поврзеш и со други знаци дали си осетила болка, дали имаш egg white исцедок, зголемено либидо во секој случај појди понеделник да види матичната.