Фоликулот ми растеше по 1мм на ден а го следевме скоро две недели само не можевме да продолжиме зошто матичната беше отсутна па оставивме со потврда дека сугурно ќе биде викендот водејќи се по тоа дека по 1мм расте дневно. Не правев тестови тие денови, само вчера и денес и вчера беше за нијанса потемна од денешниот тест (тест линијата) иако и во двата случаеви е негативен. Ги користам тестовите од Зегин и секој циклус сум фаќала овулација со нив но пред месец ипол почнав со Еутирокс и имам многу промени кога станува збор за овулацијата. Претходно секогаш сум ја чувствувала и сум имала поприлично јаки болки на конкретниот јајник и точно сум знаеле а истото сум си го потврдувала и со тестот бидејќи секогаш се поклопувало а еве откако почнав со терапија овие два циклуси немам фатено ЛХ пик а со следење на фоликул е се во ред и расте како што треба ама без никакви болки на јајник без никаква најава или симптом дека овулирам. Не знам како што е поврзано, не знам дали нешто де случува, не ми е јасно ништо. Од друга страна бидејќи имавме обид во Вторникот а ако речеме дека Средата или Четвртокот пукнал дали со тој однос сме го покриле фертилниот прозорец???
Сте покриле бидејќи спермата живее неколку дена. Ова со еутироксот може е некое објаснување, телото да се навикнува на терапијата.. Појди утре да те видат, да знаеш.
Јас чекам да ми заврши па да се активирам малце повеќе. До тогаш загревај ти. Почна ли да одбројуваш? Ааа видов дека имаш уште 6 дена. Ти пуштам тон среќичкаааа
Јас се придружувам стимулирана сум и докторот ми предложи активно да работиме летово, белким ќе го изненадиме Циклусот заврши, од денес сум во плодни денови.
Ајде Еленке да зажариме заедно. И јас ќе идам на уште една инсеминација па ако не бива, најверојатно ќе треба да го средам септумот, имам како Т што до сега никој не спомна ништо дека го гледаат тоа како проблем, ама Владимир (newborn) кажа дека може е некоја пречка ама ми кажа обавезно уште една инсеминација. Па ајде, како Господ никој не е ќе видиме што ќе биде.
Уште некој ден и ќе почнам да одбројувам, ама не верувам дека ќе биде сега има некои работи што ја кочат работата.
Здраво женски Јас месецов ептен лабаво, не бележам ни односи кога имаме ,ниту дали сум во овулација, не барам симптоми за ништо.... Имам уште 8-9 дена до добивање. Едниствено нешто што приметувам целиов месец откако ми заврши циклусот градите ми се подуени и многу осетливи посебно брадавиците. А ми одговара вака изгледаат поголеми и убави
Јас не следев ништо месецов.. Од прилика по симптомите мислам беше околу 14ти.. Инаку ме боли тупаво глава како кога треба да добијам..
Здраво женски да се пријавам, ми дојде денес, некако имав некоја надеж за месецот ама ништо. Си купив и топломер да си мерам базална од овој месец, да видам дали симптомите со базалната ми се слагат за овулацијата. Ве поздравувам ии ви пуштам среќичкаа на ситее!!
Месецов телото чудно ми се однесува.. 13 дпо сум ако добро пресметувам и ббт ми е необично висока и после 4 саатот сум комирана од замор а дома сум цел ден.. правев тест и вчера и денес негативни се. Највеќе базалната ме натера да тестирам бидејќи никогаш не ми стоела вака висока.. ама сега чекам да падне и да добијам што веројатно ќе биде утре..
Женички јас почнав да одбројувам, уште девет дена до циклус Активни бевме со мм, колку толку гледав да фатам плодни денови, не мерев температура ниту овулација, ако треба да биде ќе биде. Кај вас како е? Ајде да го почнеме месецов со убави вести
Денес 27ми ден од циклусот, осеќам дека ќе добијам. Ноќеска не спиев добро, главата ме боли уште од станување, гради подуени и осеќам како да ќе ми протече. Минатиот месец дојде на 27миот ден. Од никаде расположение 0 ми се насолзија очите без некоја посебна причина, не ми се зборува. Абе ова хормониве женски ептен за никаде....
Долго не сум пишала, правевме испитувања последниве месеци, за почеток изгледа се добро, ама еве после една година сеуште без успех. Следниот месец уште некои дополнителни испитувања на клиника, па ако е можно ќе прашам да се почне со инсеминации. Кај мене овој месец обратно од @Rozevata, прилично доцна овулација со оглед на тоа какви ми се циклусите. Вчера на 18ти ден се тестирав позитивна, веќе не ни очекував, мислев дека нема да имам овулација воопшто месецов. Според календар веќе се спремав повторно да добијам, е сега ќе доцни доста веројатно, до надеж дека воопшто нема ни да дојде. Така даа, јас од денес одбројувам, пуштам среќа на сите.
Јас само да ве поздравам,тука сум се нервирам... 2 замрзнати бластоцити се очекува трансфер следен циклус нели ако се е ок. Ама како почна до што стигна малце се разочарав. И знам дека еден ни е потребен и може да се фати. Ама ете се напнав што отидоа така пари за ништо. Ако не успее,ќе мора се од почеток. Бар 1-2 да имаше да останат замрзнати