Благодарам на сите Е сега пишав на докторот за преглед кога и како и дали во меѓувреме да пијам нешто ми рече утре на ултразвук. Е сега нели е малку рано. Последниот циклус ми беше 05.06.2025 со доаѓање два дена порано. Некој да ми помогне да пресметам ?
Која недела? 5 та си. Мора на ултразвук да те види по позитивен тест, после 2 недели ќе одиш пак за срце. Не е рано таман си е, може сака да ти даде упат за бета, суплементи да ти даде... Да одиш. Честитки
Ти благодарам многу мила После куп негативни тестови не очекував најискрено, уште се тресам кога видов како одма се бојат двете линии жар црвени Се надевам ќе виде се како што треба. Немаше да направам тест ќе си чекав . А ќерка ми пред некој ден од никаде ми ја крева маицата и ми го бакнуваше стомакот ја прашувам зошто бе мама ми вика така и се смее Дали случајно или Господ даде знак незнам
Се ќе биде супер децава ептен осеќаат, баш мислам дека знак некој си бил ќе видиш каква љубов е, цела бременост ме гушка и бацува ќерка ми
Здраво на сите Бев на преглед денеска кај докторка приватно бидејќи излегов од работа за да ми потврди бременост. Ме гледаше вагинално и ми потврди бременост 5та недела, има сакус во матката но сеуште без ембрион. За две недели на контрола. Знам дека е рано за срце но ете малку ме загрижува. Ми даде да ставам вагиналети прогестеронска подршка и фолна. Чувстувам притисок и благи болки во стомакот,секрет и често мокрење но се надевам ќе биде се во ред.
Женчиња мене теткица ми пристигна и тоа точно на време, случајно да не закасни Она што ме изненади дека некако ми се регулира циклусот, очекував да касни, да имам болки, но да не се подречам добро е. Одиме овој циклус уште појако
Јас сеуште чекам. Денес 29 ден, според календар веќе 6 дена ми доцни, но не го сметам за релевантно бидејќи имав подоцна овулација. Како и да е, никогаш циклусот не ми бил 30+, а може и да биде ова прв пат, пошто веќе два дена се чувствувам како за пред добивање. Имам некоја надеж сеуште.
Женскиии ве поздравувааам и јаасс, во овулаација сум и нешто ми се смачи да се возбудвам секој месец, безврска се напнувам. Шо сака нека биди!
10 дпо, до вчера бев со голема надеж, денес ми стана јасно дека ќе добијам. Овој пат некако се надевав зашто обично добивам болки за добивање на 8 дпо, а сега 8 и 9 дпо немав никакви болки, подуена, со болни гради, викам тоа е тоа…. Ама сабајле ме разбудија стандардните болки за добивање, ми спласнаа градите, ми спласна стомакот и цел свет ми се сруши повторно… после година дена обиди веќе толку добро го познавам телово, се нервирам што немам шанса ни да се понадевам до крај..
@Candle Пратиш овулација со тестови? Многу парови имаат секс не во “правилно” време. Тајмингот е многу важен. Се препорачува секс секој втор ден неделата околу овулација. Ќе биде само треба трпение ама тешко е, разбирам. До една година обиди се смета за нормално. После една година треба да се контактира лекар. Може да си пишуваме во инбокс ако сакаш ☀️
10 у сабота, денес до кај си со симптоми Не сум за броење уште, крварев ко заклана 10 дена јас Вчера му кажав на мм од денес до 1ви август како знае и умее секој ден ќе се секса