Јас да се пријавам.. Денес ми е датум за добивање, сеуште не дошла вештерката. Решив да направам тест попладнево, за жал излезе негативен, така што следен месец повеќе среќа..
Здраво на сите. Вчера направив тест за бременост и испадна позитивен. Од прилика сум 16 дпо. Сакав да прашам кога сте биле на гинеколог вака после позитивен тест дома? За на ехо мислам дека е рано или грешка сум? Убав фен на сите
На ехо некои одат само за да се потврди бременост во матка, мојот гинеколог не практикува да го прави тој преглед. Со првото со позитивен тест на 35 ден од циклус, прв преглед по 2 недели, со второво на 30 ден поз тест, преглед после 3 недели. Двата пати бев 6+ недела на прегледот и слушнав срце. Со лесно . П.с можеш и преку крв да направиш тест за сигурност, да видиш дали бета хцг се дуплира правилно.
Јас после позитивен тест отидов на преглед на 35тиот ден од циклусот. Се виде само сакус ,рече после две недели пак. За една недела пак отидов но сеуште немаше ембрион ниту срцева акција. Планирам сега во петок и тогаш би била 7+1 па би требало да се види нешто. Мене рано ми почнаа мачнините, страшно лошење наутро, вртоглавици, одбивност на храна, поспаност и многу уморна. Топлово време ме докусурува плус Ајде држам среќа да биде се во ред па заедно да се дружиме.
Повторно јас.. денес ми е 30ти ден (веќе 2 дена ми доцни) сеуште немам циклус. Вчера имав само една црвена точка при бришење, мислев готово - добив, ама еве поминаа 24часа немам ништо, само на бришење (не секогаш) блед светло-кафен спотинг. Не знам што да мислам.. дали повторно да се тестирам или да почекам уште некој ден.
исто и јас кога требаше да добијам како 2-3 црвени мали точки и по 4 дена доцнење испадна позитивен тест.
Се надевам дека и кај мене ќе биде исходот како и кај вас Ќе почекам уште ден-два и ќе направам тест доколку не ми пробие до тогаш Ви благодарам за поддршката
Јас одбројувам, имам уште десет дена за (не)добивање. Активни бевме, бев на фоликуметрија, имаше фолекул водечки, имаше уште неколку помали, па сега ќе видиме дали сме темпирале Туку како го поднесувате времево? Јас толку се немам потено во животот. Мислев дека топло можам да поднесам, но дали е хормоните или веќе и од годините не знам.
Еве јас ветено сторено направив тест, реков ќе е в недела пошто со два дена доцнење линијата требаше да блештии, ама ја нема! Ја чекаме теткицата!
Јас од утре официјално ви се придружувам во чекањето од 14 дена. Вчера примив Овитрел инекција, имав на ехо 20мм доминантна фоликула и уште една 15мм. Утре треба да настане овулација. Тест за бременост треба да направам на 12ти/13ти Август. Се надевам дека ќе биде успешно..
Јас од лентите за овулација сум препрезадоволна. Точно знам кога ќе добијам циклус, вие што сакате бременост да знаете дека многу точна овулација дава. Нема шанси да ја утнете со нив, многу пати и грешно мислиме кога е денот. Јас од Зегин ги земам.
Јас сум денес 2 дена после овулација. Не сакам многу да мислам унапред и да се надевам за да не се разочарам после, ама многу сакам да биде Уште 12 дена до тест.
Кај мене уште 7 дена до тест, засега многу болни гради што ретко се случува да ме болат кога треба да добијам. И после плодните денови, една ноќ се разбудив со јака болка во јајници па ќе видиме што ќе биде
само да ве поздравам. Јас уште четири дена до циклус, симтоми ама баш ништо. Баш се погоди да одиме на одмор кога треба да ми дојде Но колективен одмор, немаш избор. Белки нема да дојде ич Ќе биде убаво изненадување.