Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Девојко, не е до толку трагично лоша резервата, многу ми изгледаш уплашена, прочитај во темата за амх, ќе сфатиш дека во многу случаи бројката не значи ништо. Добро е што знаеш дека е намалена резервата и што имаш партнер и веќе работиш на бебе. И во многу голема предност си со годините :!:
    Јас имав 0.7 амх на 30 години, забременив со близнаци со инсеминација на 31.
    Ако немате друг проблем и имаш редовна овулација, имаш шанси и природно и со инсеминација, со ивф па секако. Мој совет е да пробаш со инсеминации ако досега не си, таман ќе ги собираш за ваучер, потребни се 4 за необјаснет инфертилитет.
    :hug:
     
    На MG3, Rozevata и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  2. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    2.763
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за поддршката. :l:

    Баш слушнав за книгата, каде ја најде? Ќе ја земам ако ја најдам.
    Јас Q10 по две на ден од тие на now земам. Од Другиве суплементи што ги спомна јас пијам метилирана фолна 2x1, Мака 2x1, и плус Овунорм ми даде Ивановски. За другиве суплементи што ги пиеш не знам дали би одговарале во мојот случај, ама може да ги истражам.
    За дхеа баш читав дека може да помогне ама Ивановски ништо не спомна. За Мед со матична млеч прополис и перга не сум слушнала ама може и јас да си внесам.
    Имаш и ти намалено АМХ или друго е проблемот кај тебе?

    Фала ти многу :inlove:
     
    На Rozevata и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  3. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    2.680
    Еве и јас да се приклучам во темава:clap:
    Вчера ми заврши овулацијата, ги имавме првите обиди па ќе чекаме сега 2 недели.
    Држете среќа женски(fingers):l:
     
    На LiquidLuna, Макаронкаа и Rozevata им се допаѓа ова.
  4. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Женски
    Кога го испитав ми беше 1.27, ама од тогаш сигурно се има намалено, правев плус две инсеминации и ивф едно и не планирам да го испитувам. На ехо пред да правам трета инсеминација биде Ивановски намалени антрални фолекули и тогаш ми ја вклучи дхеа. Инаку за книгата ја најдов тука на форумов, ја спуштив во пдф формат, побарај ја баш по групите, на македонски мислам не е преведена, ја барав јас по книжариве.
    Проблемот инаку кај нас не знам во што е, правев хистеро-лапаро, имав адхезии на каналите и полип на грлото на матката, тоа за сега е во ред, мм е со намалена подвижност, пие суплементи и тој, со прекини три месеци пие, еден пауза, правев мутации излезе имам, правев кариотип во ред е, брис од ендометриум и тој е во ред, така да не знам. Имаме еден замрзнат ембрион, но во меѓувреме со работиме и сами, па сега здравје. Не знам и со ембрионот, Ивановски рече по два , три месеци да појдам, да ми одмори телото, па сега здравје после септември му иде тоа ќе појдеме да видиме за трансфер. И така.
    Медот знам го препорачуваат, штета нема да имаш. Барај од некој што прави мед, природен.
    Тука сме си да си помогнеме. Јас од форумот дознам многу работи што ниеден доктор не ми го кажал
    Само никако откажување :l::l:
     
    На Rozevata и MG3 им се допаѓа ова.
  5. Cvetcheee

    Cvetcheee Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    После една година неуспех, се решив да се приклучам на групава, имаче ве читав буквално секој ден.
    Последна менструација на 27 јули, сега сум 3 дпо и заедно да чекаме
     
    На Elen4e89 и Rozevata им се допаѓа ова.