1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Не се тестирај и не барај симптоми, правиш стресови на организмот.
    Тест само на ден пред да добиеш, најрано. :)

    А овулација за да ја погодиш точно можеш со тестови за овулација, ги имаш по аптекиве.

    Само опуштено и те чекаме со позитивен тест!
     
    На Hope 28 и ANAMARIO им се допаѓа ова.
  2. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Јас да се исповедам затоа што може ќе помогне на некоја девојка мојава приказна. Година дена трае моево патишествие за тие што ме следат, знаат. А темава ми е најдрага од сам старт па тука ке споделам.

    Направив хистероскопија пред некој ден, отстранет ми беше септум од 20мм. Доста голем простор затварал и моја среќа во несреќа што не сум забременила, ќе завршело со спонтан многу брзо. Фала му на Господ што не било така.

    На ХСГ се гледа тој септум наводно, на ГАК рекоа дека не е никаков проблем за мене, да не го чепкам. Е, кога појдов конечно во Мај кај специјалист, Трајковски од Њуборн, одма тоа го потенцираше. Не ми беше мирна душичката после неговиот коментар. Направив уште една ИУИ, после тој неуспех, одма закажав.

    Да, дур не се види внатре не може да се знае дали е мал, голем, крив, прав, затварал, не затварал, позиција.... ама и да постои мал сомнеж дека ќе направи проблем понатаму, подобро е да сте брзи во одлуките.

    Само ќе кажам да не се откажувате и да не оставате на случајност ништо! Прашувајте, барајте второ, трето мислење, информирајте се и реагирајте. Ако нешто од внатре ви вика дека не чини, во право сте!

    Сега останува да се опоравам и од следен месец се враќаме во акција, живи здрави. :inlove:

    Бидете ми така, убави! :inlove: И дајте некој позитивен тест, да се размрдаме!(fingers)
     
    На Ambitious, Elen4e89 и Ladyme им се допаѓа ова.