@DaisyDoo Имав позитивен тест 8-9 дена пред термин за добивање. Циклусот ми трае 31-32 дена. Со еден единствен однос на средина од циклус. Бебе цело време недела поназад, иако го фатив ептен рано на тест. Некогаш ништо нема логика. Дека рано, чекав ден по терминот што требаше да добијам за да се јавам на гинеколог, а во меѓу време следев два пати на ден како како потемнува линијата со тестови. Секоја утринска линија ми беше посветла од онаа од претходната вечер, а утринската демек е најконцентрирана. Што да ти кажам, ништо нема логика некогаш, а сеуште се може да е во ред. Честитки и позитивни мисли, се ќе биде во ред.
Имав и јас биохемиска, мојте тестови беа многу побледи. Не мора да значи , пробај ако имаш сега тест мочни и ќе видиш разлика
@Yowannty @bokace @*Ива @Joanna28 Женски да ве известам дека денес праев со утринска и беше како малце потемна од тој од пред два дена. Би требало да е океј, па здравје матичната ќе потврди за недела две или кога и да ми каже да отидам.
Секако дека ќе е окееј, ние од што сме извадени од памет си правиме одма црни сценарија во глава.. Само позитивна мисла и се ќе биде како што треба
Ми доцни веќе трет ден. Не сакам да си правам притисок и да си давам лажна надеж, ама некако почнав да мислам дека стварно има нешто. Инаку направив еден тест на прв ден од доцнење и беше негативен (го направив многу касно вечерта, после пиење течности). Сега не ме држи место, ама реков ќе почекам до утре. Речиси секогаш ми била точна како швајцарски саат, освен некогаш што знаело да ми подрани за ден два. Ептен сум под стрес и сум возбудена, ама ќе почекам до утре.
Немам пишано во оваа тема.. имав свеж трансфер на бласто на 08.09. Денес ми е 8ми ден пост трансфер. Направив два теста и многу сум возбудена, среќна и исплашена истовремено бидејќи имам поизразени болки вчера и денес.. Утре правам бета
Фала многу не можам да си поверувам... Дај боже се да е во ред, ти посакувам многу среќа и да глеаме повеќе две линии
Омилената моја тема на втора страна заврши. Дајте активирајте се малцеее. Јас еве да си се испокажам добивме зелено светло - одлично заздравено после хистероскопијата. Дојде и циклус не доцнеше многу. Маж нека се пази само од наредна недела... @Hopeful♥️ те прочитав во друга тема. Официјално уште еднаш честитки тука! @LiquidLuna и тебе те читам таму по другите по одмори ќе шеташ. Неколку девојки ми фалите, до кај сте? Малце енергична јас, да ве разбудам. Ве поздравувам.
Фалаа мноогу! Пуштам среќа за што поскоро позитивни резултати Супер штом имаш зелено светло! Извини можеби имаш пишано, следна недела се спремаш за трансфер?
@DaisyDoo @allaround @Hopeful♥️ Честитки девојки, со лесно бременоста!! Не знаете колку сум ви се израдувала. Машала , сега гледам колку сте во обиди, кои за прво, кои за второ. Ќе биде, надеж губење нема. Ако вратете назад на темава(не сте улави, туку ај), ќе видете колку само пишував тука и едвај чекав бебенце, па еве ме сега со едно што не застанува ни секунда. Ми порасна моето бебенце. Така ќе биде и кај вас. Ве гушкам сите до една и стискам палци.
Тука сум и јас, ве читам редовно. Се откажав од обидување, оставаме ако сака да биде биде. Хормоните месецов ми беа крш, рековме да направиме трансфер со замрзнатиот ембрион, на два памети сме, дали да правам сосема ново ивф со ваучер од фонд, да поднесам за втор, се ембрионот да си седи, или да правиме трансфер не знам... Ќе се подумаме уште малку, ваљда ќе решиме кај и да е ... Честитки за бременоста @DaisyDoo и @allaround да си имате лесна бременост Гушки и од мене до сите и одиме до крај до целта