Јас вчера проверив прогестерон на 7дпо ии резултатот ми е 22,86, а вредностите за лутеална фаза се 1,203-24,85. Така да уште тоа ми беше да не го мислам ии сега сум спокојна, си мерам базална секој ден вчера ми беше ептен падната, ама денес веќе е 36,6. Вие женскии до каде сте, како ви поминуваат деновите??
Не губи надеж се додека не добиеш. Често се слични симптомите за бременост и добивање. Гасови, мозолчиња, некои грчеви благи се исто симптоми и за бременост. Праќам среќа овој месец да е твој. @Radana како мереше прогестерон? Се надевам дека ќе кажеш за брзо дека имаш две цртки на тестот. Јас утрово на 9дпо шлакнав еден тест, имав некои евтини па не жалев. Негативен беше, ама отпосле видов една многу многу ама многу бледа линија. Може и си ја замислив. Ама таа бели евапорациска е, штом е после 20 мин прочитана. Од симптоми: сонови секоја вечер, мозолчиња и гасчиња стандард ко за пред добивање и некои тапи болки во стомакот.
И јас моментално имам од време на време некои тапи болки во стомак, баш како пред добивање... Ајде ќе видиме, ќе пробам да не мислам толку на тоа. Пуштам среќа и за тебе
Аиии сите сме тука некаде.. уффф @Radana ова изгледа интересноооо. Јас сум 11-12 дпо (доцна овулација.. знам напнав), а оригиналната менструација касни 5ти ден. Голем исцедок (нетипично) и ужасно болни гради, ама си го чувам срцето и не правам тест до Петок! Малце ме потпецкува душичкава да дознаам нема да лажам, ама ќе си почекам. Ајде женкиииии да се израдуваме сите до една!
@Rozevata Супер шо си имаш симптоми, јас немам некој посебно изразени. Нешто као грчеви на моменти, половина, ама ништо значајно повеќе ми се симптоми како за идење ама така благи, каоо во најава, а градитее воопшто не ме болат. Јас ќе направам прв тест на 12дпо, пошто имам 6 гратиси дома!
Ејјј убави вести пишувате. Мене ми е чудно нешто месецов, имам или имплантациско или нешо порано ќе се деси. Чуден темнокафеаво црвен исцедок си начекав сабајлево А со ќере коа бев трудна, исто ми се деси и си рачунав јас дека ми дошла порано тетката Сеа не рачунам ништо, ќе чекам да ми касни 3 недели
Не сум пишала одамна ама ве читам, уште сум и јас во истата каша Денес 10 дпо, телово вика жено ќе добиеш, умот вика надежта последна умира...
Здраво ве читам цела година па конечно и да пишам Годинава сме во обиди за бебче, за сега неуспешно. Пратам овулации прво на симптоми, веќе 3 месеци и со тестови и ми се поклопува, имам пократок циклус 25/26 дена и порана овулација 10-12 ден. Испитував хормони добри се, бев вчера на преглед 2 дена пред овулација ми рече. Денес жар црвени линии на тестот за овулација, да бидеме вредни па ќе бројам нови 14 дена. Докторката ми рече да тераме вака до Јануари па ако нема уште ништо ќе правиме прегледи, ама вика знам дека до тогаш ќе ме изненадиш. Се надевам дека така и ќе биде Посакувам кај сите по еден позитивен предпразничен подарок
И јас имам пократки циклуси и овулации на 10-12 ден. Бидете активни од 7-8 ден од циклус, прати и кога ќе се појави растеглив цервикален слуз како белка од јајце, трае 2-3 дена, во тие денови исто обавезно односи. Кај мене 3 пати со така пратење, од прва се фати. Ти посакувам да видиш две цртки за многу брзо
На 22ри и 23ти (сабајлето) беа двете црвени линии на тестовите за овулација. Од 18ти сме вредни секој втор ден последно беше на 22ри, вчера имав болки скокнавме, има ли и денес уште шанси, сабајле исцедокот беше бел и леплив
Ја нема црвенава (37 дена без менструација) иииии 14 ДПО дочекав. Тест после работа. Не знам како се воздржав. Ќе ве известам за било каков изход.
@Rozevata ајдее колкуу е часот?! Петок ее денес, достаа е работење ние тука чекаме да го скршиш мразот за овој месец!
Ех, зошто да е едноставно..Негативен selfclair.. ептен сум збунета. На крај дури и како сенка имаше. Можно е уште по доцна да дум имала овулација него ли што рачунам.. или да не се залажувам само.. Дали воопшто да идам утре на бета?