Розевке најмногу за тебе деновиве ја отварам темава, да видам убави вести негде поназад имаше некоја девојка пишано дека позитивен тест имала дури на 15 16 ДПО така што нема откажување додека не дојде тетката Што се однесува за мене, си ја чувам душичката, не бројам, не следам. Решив периодов да одморам малку психички
Здраво девојки, ве следам и овој месец ви се приклучувам во броење. Јас сум 8 дпо и мислам дека времето застана.. Никогаш немам проверувано бета. Кога е најдобро да се провери? Инаку од симптоми имам само како струење во долниот дел од стомакот и слаба болка како тежина почна од денот на овулација и уште трае. Ви посакувам две црткии
Таман сте, не мора секој ден Важно да се фатат тие 2-3 дена пред овулација, и еден однос доволно е некогаш. Ајде да кажеш убави вести за 2 недели
Почекај да ти задоцни. Зошто одма да правиш бета? Прво тест направи си на ден на (не)добивање најрано.
Си се надевав до последно ама ме зезна црвенава сабајлево.. и добро е што дојде мислев има некој проблем. Збунета сум малце ама ајде, така требало да биде. Телото и можеби уште си се стабилизира. Секогаш има нареден месец.. Навивам за останатите!
@Rozevata Ајдеее овојј месец со новии сили малцеее појакоо!! Аа јас реков денес ќе правам прв тест на 12дпо, арно ама моето срце јуначкоо секогаш “издржуваа” до 14денаа да не направи тест ии затоаа сношти на 11 дпо направив прв тест нормално ништоо и сабајлее пак ништо и го зедов као тој од вчераа да споредам не знам и јас што ии оп евапорацискаа како никогаш до сегаа… Прв пат толку видлива искрено, ама си се надевам до вторник имам време!
Не сакам да ти давам лажна надеж, ама си правела на 12 дпо sure check кој што не е баш сензитивен, башка розевка ми личи линијава така даааа Ама пробај со лабоквик денес или најдобро бета Розевке, нема откажување многу ми се допаѓа твојата позитива, секој нареден месец е поблиску до целта
И мене ми личи, ама некако како да не е баш права линијата и напрајв сабајле уште еден исто суре чек и нема втора линија.. Утре ќе си купам лабоквик омилени ми се тие, бета не правам дури не видам две жар црти оти таа од лабораторијата кога ќе ме види фацата и е пак тии..
Место не ме држи веќе. Денес ми е терминот за добивање, имам болки во гради, стомакот знаеше да ме здоболи до пред некој ден, сега ништо и плус немам подуеност како што си имам секогаш пред добивање. До среда ако не добијам планирам да направам тест
Женски мене денес лабоквик ми е негативен така да не планирам да се надевам за овој месец. Најверојатно ќе почниме со инсеминации од овој месец како што кажа докторот. Ви посакувам на ситее среќичкаа!
Еурофарм, 30 и нешто денари. Ама треба да прашаш дали имате Лабоквик?, затоа што не ги нудат, најверојатно затоа што брзо им се трошат.