Ние секој ден шкртаме во боенката овој пат. Така одлучивме. Малку напорно ни е, хахаха, не сме како порано.
Сестрооооо 7-8 дена дпо! Ма кој ти знае дали нешто осеќам. Баталив се. Бевме со маж на шетња мозок на пасење сум пуштила. Пиевме аперол(и). Нека биде некое римјанче. Уствари пушти бригу на весеље. Заслуживме малце опуштање. Ти како? Гледам си боите. Дај боже ќере твоја да си добие најубав подарок за роденден. Другите како сте ми? Нешто слабо пишуватееее..
Розевкаа ии ти лии беше Италијааа??? Мислам дека овие две недели само јас не бев... Иначеее јас сум 6-7дпо ии имам болки во матката, арно ама не знам дали сум преладена или ми се дешава некоја имплантацијааа! Ама постои голема веројатност дека сум преладена и сакам да ве прашам дали да си ставам топла перничка на стомакот? Пошто викаат топлоо да не се става во случај да има бременост можи да дојди до исфрчање на плод дрн дрн не знам што..
Според апликацијата, а и според мене и моите пресметки денес сум 1dpo. Hope for the best . Good luck на сите колешки
Претходно, кога не планирав бременост, циклусот ми поминуваше со брзина на светлината. Сега човече, ден година.
Јас имам 8 дена до Недобивање. Од симптоми Сакам сите да ги задавам, имам нервни испади - невообичаени за мојот ПМС. Кичмата ме штрека ко у првата бременост исто. Лицево ми се разеба цело со акни ко тинејџерка такоџе И некои струички ми проаѓаат по јајници Се од горенаведеното не ми се дешава за време на ПМС. И не се надевам да не се разочарам ама да ве држам вас у неизвесност
@LiquidLuna сесре ова ми звучи добро. Јас дочекав 14 дпо. Нафрлано лице, подуеност (омилените панталони не можев да ги закопчам сабајлево, не сум здебелена), градиве ќе ми прснат, настинав. You name it. Сакав да искуцам некој реферат ама ајде, останувам воздржaна затоа што не сакам да си правам филмови, се имам изгорено. Не се фаќам за тест таму дур не задоцни. Навивам за сите нас.
Здраво,денес ми е 11 или 12 ден од овулација и 14ти ден од примена инекција овитреле,неправив тест излезе многу бледа линија.Дали се работи за рана бременост?ве молам за мислење.
Пијам. Јас по три четири пиев, па сега намалив на едно две. Ама понекогаш за второто имам грижа на совест .