Мила, добра сум. Температура не мерам, не сакам да се опседнувам со такви работи затоа што си предизвикувам многу стрес и тоа ништо добро не ми носи. Инаку имам болки во половината и повремено менструални болки. Имам болни и мнооогу отечени гради, како балони ми се Исто така имам и зголемен апетит ама тоа не е ништо ново, секогаш го имам пред циклус. Ќе видиме што ќе биде, не сакам да си давам големи надежи затоа што после тоа разочарувањето е мнооооогу поголемо.
Девојкии само што се пријавив јас ќе се одјавам.. сепак денес направив и е негативен најверојатно утре ќе добијам па имам договорено со докторката ќе почнеме со кломифен, ќе се дружиме наредниот месец. Стискам палци за останатите
Мене по апликација и по исцедок и мали нелагодности во абдоменот, сега ми се плодни денови, односно вчера - денес - утре. Се надевам да не дојде
Девојки симнав и јас fertility friend, да не чујам нешто. До сега никогаш немам мерено базална, па ај си викам месецов и на тоа оро да се фатам. Кажете ми како мерите? Од тоа што читав најдобро е орално или вагинално и со живин топломер. Грешка ли е ако мерам со дигитален?
Јас мерам со живин, орално. Го ставам под јазик и го придржувам со заби. (Добро, неколку пати и заспав со него во уста ) После се трудам колку што можам попрецизно да видам колку е температурата. На пример 36.58 ако не е точно 36.6. Маж ми ме буди пред да оди на работа секој ден во исто време и ми го подава топломерот, јас не правам никакви движења. Ако некој ден не стигнеш да ја измериш во исто време, поубаво ич не ја мери зошто нема да биде точна.
Па ќе пробам и јас да станувам во исто време со аларм, а и да не заспијам со топломер во уста, зошто сум си спанка со тапија. Знам дека не треба да се мрдам и слично, а ако е топломер со жива да е истресен од вечерта или евентуално маж ми да го ангажирам. Како и да е ќе пробам, па баш да видиме успешно ли ќе биде. Ние до душа сме активни на секои два дена ама чисто да видам како функционира мерењево, баш ме интересира.
@Bella_Stella Да си ја симнеш, ами како. Предобра е, ќе видиш. Инаку, јас мерам со дигитален топломер кој мери со една децимала (на пример 36,6) и сум задоволна. Но, сега ако би купувала, би зела дигитален со две децимали (на пример 36,64). Е, таков би си купила. Инаку, овој мојов го зедов околу 280 денари од локална аптека. И ако купуваш дигитален, прашај дали е водоотпорен, т.е. дали може да се навлажнува. Јас се залетав во еден друг, но кога ја прашав фармацевтката дали е водоотпорен, ми го понуди овој што го имам. И барај да свирнува кога ќе домери, така е мнооогу попрактично и од голема помош. Базална температура може да мериш: ректално, вагинално, орално. Јас мерам вагинално, секое утро во ИСТО време и единствено движење кое го правам е посегнување со раката кон топломерот. И тоа е тоа. Ако заборавиш да измериш, не ја мери температурата отпосле, оти тоа не е веќе базална температура. Наредно утро ќе си измериш нова. Среќно и со лесно
За денес ова го пријавувам: (7дпо и 6 дена до НЕдобивање) -температура 37,1 -симптоми: болка во половината и чудни соништа. Сега за сега, толку. Ако во текот на денот имам и други, секако ќе ве апдејтирам Вие како сте ?
Ми се свиѓа температурава, нека остане така Инаку, едвај чекав да дојдам на темава на одбројување амаааа ништо од овој месец. Маж ми фати корона
Ај и јас да пријавам за денес(8дпо и 5 до НЕдобивање: -болни, жешки и отечени гради -болки во половината и повремено менструални болки во долниот дел на стомакот -зголемен апетит -две вечери со ред чудни непријатни соништа т.е мн лошо спијам Се прашувам зошто нема некоја метода да се дознае веднаш дали биднало нешто или не затоа што полудувам веќе од оваа неизвесност
Јас порано мерев со живин под мишка, сега со дигитален под јазик, ги забележува суптилните промени оти мери до две децимали, а и не чекам 5 минути. Таков и се препорачува да се користи. Меѓутоа, мене како и да мерам температурата ми е речиси иста и не прави многу разлика на графикот, единствено пред да добијам, под мишка ми паѓа порано за ден-два од оралната. Сега видов дека јас додека да се натокмам да пишам @*Лаванда* сé убаво објаснила