Со форумов тука не си свесна како летаат деновите Нема ни да забележиш, јас како и многу други тука мислам дека доручек,ручек,вечера и 2 ужини ми е тука муабетот, нон стоп ,,висам,,да видам што има ново. Јас поради лошо претходно искуство па на никој не кажувам дека сум бремена, само јас и мм знаеме, ни мои ни негови, абе ќе си пукнам додека пројде време да се осигурам колку толку, или додека не почне да ми се познава мешко Тука единствено можам да си се искажам се што сакам, па уште и поддршка неверојатна да добијам
Се согласувам! Со верба во Бога и ќе видиш оти чуда се случуваат. Овој месец така требало да биде! Наред е твој!!
На ехо ја открија трисомијата? Ти посакувам сѐ да биде во ред и да си уживаш во празнициве со бебенцето во меше! Само за убаво кај сите!
Со фоликулометрија најдобро можеш да знаеш што точно се случува. А, околу тестовите за овулација = Имаш во Зегин аптеките и никаде на друго место (за жал). Има 2 вида: Oview кои се 5 тестови во 1 пакување и чинат 348 денари, и имаш Ovula кои се 2 теста во едно пакување и чинат 124 денари. Од тебе зависи кои ти се исплаќаат повеќе, ама јас би ти ги предложила Ovula. Сум ги користела и двата типа, но Ovula се покажаа како попрактични и поубава цртка добив, појасна. И не се оптеретувај многу со тестови и чуда, биди си активна секој втор ден. Не ја испуштај никоја прилика со маж ти, кога и да е тука - бидете си активни. Можеби така и не би имала потреба од тестови. Но, сепка со нив би се утврдило дека овулираш. Среќно и со успех нека биде. Препушти се на новогодишната магија, не мисли многу дека 'правите бебче' и терај си редовно, бидете си активни и уживајте. Ќе видиш дека чудата се остваруваат!! Just relax и сѐ ќе биде во ред
Ајде да ве известам и јас,овој месец сум со стимулации на кломифен.вчера бев на гинеколог имав еден фолекул на левиот и три на дестниот јајник 12-15 мм,овулација треба да ми биде околу вто-сред,среда повторно треба да одам на контрола да видиме дали пукнале сами или ќе треба инекција да примам.
Испадна двапати да те цитирам едно по друго. Те разбирам скроз како ти е сега, зашто и јас кога бев бремена на никого не кажував до 4ти месец. Ниту на мајка ми. Само маж ми и јас знаевме и многу полесно ми беше така, за да поминам низ тие првични стравови, а да не ми ја прават главата тапан. После кога помина тој преглед, почнав да им кажувам. Блиските се изненадија, како демек осетиле нешто. А пак една другарка ми искоментира "е браво, да кажеше откако ќе се роди"... Мислам немаше потреба од неразбирање, знаејќи дека доживеав сопка. Дали луѓево не знаат како да изреагираат, не знам ама знам дека сите треба да поработиме на емпатијата. Да си ќутиш, помирна ќе си, и знам дека овојпат ќе биде сѐ во ред. П.с додека чекав на преглед за време на бременоста, се замуабетив со една исто бремена. Ми кажа дека првиот пат плодот бил со аномалија и морала да абортира, а овојпат било сѐ во ред. Пиши кога ќе помине прегледот.
Дали знаете кога има повеќе фоликули, само еден фоликул содржи јајце-клетка? Само тој прска или сите? Како одат тие работи, малце биологија
Почнувам да станувам свесна како лета времето од прееска едвај 2 реченици напишав на работа. Ни една моја другарка не знае дека правев инсеминација, само вие, така да на исто сме сите честитки за бременоста
Се ослободуваат и повеќе јајце клетки, а има и празен фоликул. Ако се ослободат повеќе и се оплодат ќе настане близначка бременост.
Обично сите фоликули содржат јајце клетка. Исто како кај мажите што еден сперматозоид е најбрз и водечки, така и кај жените еден фоликул е водечки (тој што созрева побрзо). Тој прв пука и се оплодува јајце клетката. Другите може да останат во јајниците доколку се мали или да се испуштат со менструацијата. На пријателка и се случи да биде хипер стимулирана пред ин витро. Не ми текнува баш што точно се случи, но на девојката стомакот и се наполни со вода и мораше да мирува неколку недели и да биде на терапија зашто имаше опасност од превртување на јајниците. Беше на терапија и среќа се средија работите како што треба, но од тогаш ми е страв од тие стимулации. Не ми беше пријатно многу да распрашувам од што и како.
Во првата недела од циклусот има “создавање“ на фоликули кои подоцна растат. Ова се случува под дејство на фоликулостимулирачкиот хормон (FSH). Потоа во деновите пред сама овулација има (најчесто) 1 или евентуално два водечки фоликула. Се викаат водечки оти тие се најголеми и од нив се очекува да прснат и да ослободат јајце клетка. Другите фоликулчиња малку подзаостануваат со растот и тоа е нормално, така треба да биде. Понатаму си продолжува нели, овулацијата со самото прскање на водечкиот фоликул и ослободувањето на јајце клетката. Ова е под дејство на LH(лутеинизирачки хормон) i Estrogeni. Овој скок на LH го тетектираме со тстовите за овулација. Се лачи и во урината и тоа во концентрации - доволни за да ги покаже на тестот. Со самото пукање на фоликулот, настанува и corpus luteum (жолто тело), кое всушност е остатокот од пукањето на фоликулот (непто како обвивката негова). И тој е многу важен, оти лачи прогестерон кој прави одржување на рана бременост (додека да се зачни, т.е го спрема ендометриумот на матката за да се закачи бластоцистата и “му вели“ на организмот да се спрема за можно прифаќање на 'туѓо' нешто.) . Овој скок на прогестеронот, всушност прави промени во центарот за терморегулација(температура), по што доаѓа до скок на базаланат температура и тоа е она по кое трагаме и сакаме да го заприметиме, мерејќи ја секое утро таа температура. Понатаму, не останува ништо друго, освен да си чекаме и да видиме дали се “фатило“. Е, тука е “лежи зајакот“! Во наредните две недели (нели, и како што ни гласи темава - денови по овулација), само си чекаш и си уживкаш. Нормално дека не седиш со скрстени раце и само гледаш во часовникот, но едноставно времето мора да измине. А, животот твој да продолже понатаму - овозможувајќи му на тој начин и погодни услови на новиот живот кој можеби 'проникнува во тебе'! Со цело срце и душа посакувам на сите да ни се случи тоа “проникнување“ во најскоро можен период I am so sorry за овој долг пост, ама пократко и не знам да се искажам! Се надевам дека не смета ако е подолго$
Не на ехо, правев нифти, а во меѓувреме додека чекав резултати прокрварив, па после киретажата стигнаа резултатите од нифти тестот и се испостави дека е тоа тоа
Најубаво објаснето. Фалаа ти! А дали знаеш, јас барав на интернет, зошто мене ми студи во грбот по овулацијата? Некаде 10тина дена пред да добијам, го имам овој студ, па одма знам дека ќе добијам. Читав дека прогестеронот што прави промена на температурата, затоа ми е студено, ама па одма ме потсетува на менструација. Дали друга го има овој симптом или пак го имала на почеток на бременост?
Bravos nastavnicke odlicen cas po biologija bas e ubavo objasneto ne ima mnogu sto ne se razbiraat od ovie raboti Inaku jas vo 18h imam zakazano kaj ginekologot ova utro mi se sluci se sto izedov da povratam pa se nadevam ke vi donesam ubavi vesti inaku sum 12 den DPO moze ke e rano ama premnogu ne sum trpeliva ve guskam site
Сѐ што се случува во деновите после овулација, најверојатно се препишува на покаченото ниво на прогестеронот. После имплантација, откако плацентата ќе почне да лачи HCG (хормон хуман хорионски гонадотропин). кој го детектираме на тестовите за бременост, веќе симптомите се должат на неговото зголемено присуство во организмот. Чуден симптом имаш, ама верувам дека е баш поради тој прогестерон. Мене лично половината, т.е. долниот дел од грбот ме 'кине' од болка во тој период околу овулација. Посилна е таа болка, отколку пецкањето во јајници и благите грчеви во стомак. Но, знам дека е ради овулацијата, па и не се стресирам толку.
Мислам оти е рано било што да види, но ако - појди! Секако дека консултација со доктор не е на одмет и треба да ја има често
А дали некогаш си помислувате да имате близнаци? Имате таква желба? Знам дека тема има таква, ама овде ќе ве прашам, дека овде си пишуваме за сите желби. Имање близначка бременост било поврзано со генетика, некој претходен да имал, па по линија на мајката се пренесувало. Којзнае дали е така... Јас би сакала да имам близнаци, понекогаш мерак ме фаќа, ама од моја страна немаме такви случаи.
Ако навистина си 12 дпо (нели, ако успешно си го детектирала денот на овулација), рано е за било што да се види. Но, после тестот кој ти испадна позитивен - мислам оти ќе имаш убави вести да ни кажеш. Може и ќе ти даде упат за бетаHCG преку крв да провериш, па така ќе знаеш и точно која недела си според вредностите на бетата. Сепак, останува да видиме што ќе одлуче гинекологот. Те чекаме со најубави вести вечер