Епа изгледа да, според тоа веројатно има шанси. Тест еден да направиш чисто онака утре? Ако не добиеш, за 5 дена пак.
Ох не не Денес бев за брисеви, ПАП и ехо . Кога беше ехото докторката искоментира здебелена ти е матката и ендометриумот, ја и реков кај да е треба да добијам она на тоа ми вика да да сигурно е за тоа е Го прашав мојов дали ,, пуштил" ми се врти мртов ладен ааа па да некни
Ќе направам да , памтам кога следев овулација секогаш бил од 6 до 8 мм ова некако многу ми дојде за овој временски период од месецов.
Богами и јас цел ден збунета сум Се надевам , а вчера баш си мислев ми фалат тестовите но не рано е прерано е .
Дечки денес проверив бета и 23 е резултатот. Ви благодарам за честитките, сите да се радувате за мноогу брзо.
Тука сум и јас, тивко ве следам. Нема ништо ново и кај мене, месецов порано ми беше овулацијата така што денес сум околу 10 дпо, тест не правам до последно а и немам некои симптоми. Само дојдов да ви кажам дека сите овде што сме сега, следниот 27 декември ќе се читаме во групите за бебиња, ќе видите
Јас цело време мислев дека вчера требаше да ми дојде, ама уствари денеска бил денот. Сеуште немам добиено. Пред два дена направив тест негативен беше. Чудно ми е што немам никакви симптоми за добивање, а обично имам болки во стомакот. Ако не добијам до понеделник, во понеделник пак ќе направам тест.
Ден пред добивање тестовите ми биле негатквни, а трудна сум била...така да на 1 ден од доцнење односно утре веќе треба да ти покаже
И јас бев на преглед памтам Четврток-Петок таков некој ден беше и ендометриум ми измерија 4.8. За после 4-5 дена, ден Вторник тестот да си биде со две цртки . Инече да, по дефиниција бременоста го задебелува ендометриумот, али јас сум 'чудо што хода' Време ти е за еден тест, пред празнично
Јас памтам дека 4 дена пред овулација ми имаа измерено 3мм. Коментарот беше многу е тенок но ајде ќе видиме и тој циклус останав трудна. Сега ова ми падна чудно здебелена ти е матката и ендометриумот 12мм. Во тој момент не ми текна да прашам , не помислив на бременост се додека не дојдовме до муабет со мојов дека некни пуштил малку
Здраво женски! Денес треба да не добијам најточно, ама тестовите си ги почнав порано како и секој месец, нормално. Од симптоми немам ништо освен благи болки во стомакот и на моменти некој боцки, стандардни грчеви како за пред добивање. Ништо што асоцира на бременост, а бетата си расти! Благодарение на форумот, денес го имам овој резултат! Ви посакувам среќни празници и да ви се остварат сите желби во Новата година!