Toj ednas go napraviv samo uste koga me udrija bubackite u glava i bese negativen pred da mi kasni...koja data bese pogore go staviv eve sega vidov na 14ti mesecov..
На self clear се такви. И јас така пред неколку години направив и истото беше, негативен, а си стварав лажна надеж. После тоа толку бев разочарана. Затоа се решив нема тестови додека не ми касни. Ниту симптоми барам, зошто симптомите се многу слични. Единствена разлика кога останав трудна беше што се појавија менструалните и ги снема после. Мој совет ти е да не се преоптереруваш толку многу.
Ни јас уште не добив, правев тест, негативен. Ама пак нешто не е во ред со тестовиве. Чисто онака да споделам, за да знаете што се се случува. Никогаш ваква бела тест линија не ми се појавувала, Sure check, livsane, besure.. Ovoj besafe mislam...
На државно кои хормони може да се испитаат и колку пари коштаат? Минатиот пат приватно ги испитував па ме кошташе околу 3000 денари.
Јас имам правено на Клиничка биохемија, некогаш и на Гак, мислам 50ден од хормон, бар тогаш така беше. Сите ги има, и Амх ако начекаш и тој можеш таму да испиташ.
Да да и на Гак...да, земи си упат од матичен гинеколог и ќе завршиш работа..обично секогаш ги имаа сите, ретко некој да немаше, би требало и сега да е така.
700 ден платив за сите хормони, антитела на тироидна, вит д, б12, фолна и целосна крвна слика, ддмери на кл. биохемија упат од интернист 1000 ден платив за интолеранција глутен и лактоза на имунологија упат од интернист незнам само колку платив за сите ана, анка итн. и плус хомоцистеин на имунологија може 500 беше упат од гиниколог 1000 ден се мутации сите на имунологија.
Е оваа тема стално ја посетувам и се радувам на секоја од срце! Мојата прикаска е дека јас нејкев деца, градев ксриера, бркав фирма, бизнис, журки, шетања све тоа повеќе од 8години со маж ми заедно кога некако си рековме ај малце да се потсмириме да пробаме за бебе сигурно одма ќе бидне по три месеци бидна, еден убав септември после уште поубаво лето … но, мн тешка бременост со константно крварење, хематоми итн…бебето го губам во 5тиот месец од бременоста, класичен пораѓај со пукнат водењак. Мн тежок период, не можев да си поверувам дека тоа нас не снајде… испитав скоро се, тежок тип на вродена тромбофилија…ние требаше да имаме бебе одма штом ќе решиме и посакаме не вакви патишта да минуваме но, не е баш така, животот ти дава лекции на теми што не ти се баш јасни. Откако ми станаа јасни доста работи, си ја смурив главата, поминав уште цело лето по журки, плажи и искачанки и најубави моненти со маж ми по 8месеци добивме повторно позитивен тест. Еве го тестот до мене 7ипол месеци спие и не радува секој ден. Бидете храбри и насмеани, сите ќе станете мајки и ќе излезете од темава па ќе ни се придружите во теми бебе / зошто не спие, црвено и е газето, нејке да цица итн Ве поздравувам силно и ви пуштам мн baby sparkling dust
И мојата приказна е многу слична како на @Baby warrior . Не сакав одма деца, посветена бев на кариерата и шетање. Некако се решавам за бебе и од одма фати првиот пат, крај на август 2023 останувам бремена. Многу лесна и уредна бременост но наеднаш во 11та недела добивам јаки болки, прокрварувам и го губам бебето. После три месеци од спонтаниот добиваме зелено светло од докторот за обиди, убедена бев дека исто од прва ќе се фати но никако не останував бремена. Пишував и во групава отприлика една година се обидувавме за бебе за да конечно добијам позитивен тест во февруари 2025. Посакувам што побрзо да се исчисти темава и сите да се префрлите прво во труднички муабети па поната во совети за бебиња и дечиња
Јас пак за хормоните ќе ве прашам, сори ама имате искуство сигурно некои од вас. Дали анти милеров хормон испитуваат на ГАК? И дали и тоа оди преку фонд?
На гак пред една година ми бараа потврда-упат од доле од кај што прават инсемнации, демек од специјалист. Не можеа да ми издадат така да идам да ме боцнат. И не проверив тогаш амх не ми дадоа потврда од доле ми рекоа млада дека сум.. .. не знам дали уште е така. Ако те врткаат кажи им дека мораш да провериш.