Здраво женски, јас на 7 дена до овулација и почнувам од овој месец да се тестирам за овулација, зошто мислам дека ја промашуваме.. и ова ако не помогне одам на инсеминација.. Другите до кај сте? Некако тивка е темава последно време, ајде да се размрдаме, ни доаѓа март, пролет
Здраво и од менее, јас се спремам за инсиминација на Гак овој месец, сега следиме фоликули со матичната па здравје да се надеваме на успех
Хелоооууу. I'm back! Јас си земав ментален одмор малце така. Инаку мене ми почнуваат плодни денови. Дали сме во полна пареа? Како сте ми? Дали после 2 сончеви денови животот ви има смисла? Мене да! Ајде да се активираме пак.
Мене денес/утре треба да ми е овулација, 10ти ден од циклус, добивам на 24/25 дена секогаш. Фоликула од 22mm денес. Сонцево дефинитивно влијае позитиво.
Јас изгледа сепак добив денес, пак на 24 ден .. Уште еден месец да помине треба и маж да оди на контрола.. Џабе да не се акаме по ивф, да видиме прво спермата дали ќе се подобри.. Јас па ич не сум надежна...
Удривме вчера Докторкава вели утре, денес не, но подобро дупла шанса Ретко да сретнам некој што добива на 24/25, знае во медец и два пати да ми се погоди. Обично сите им оди околку 30 дена. Јас си викам вака ние со пократок циклус имаме повеќе овулации од другите, good sign
Планирав пред 2 недели да ви се придружам во темава (може и сум пишала не знам) затоа што планиравме второ дете. Меструација имав последна на 06.02. Однос на 14.02 и по мојот календар плодни денови беа 19 и 20.02. За жал не можевме со маж ми баш кога се плодните денови бидејќи беше тој на пат, а и јас имам проблем со крвта па закажав прво на лекар. Отидов на лекар да испитам крв да се подготвам за наредните месеци, лекарот рече со оваа крвна слика чекај барем 2 3 месеци пред да почнете со правење дете. Океј нема проблем. Ама наредниот ден почна да ми се качува пулс, почнав да се гушам, две недели сум по болници со секакви дијагнози, секакви лекови и испитувања, правеа тестови за бременост негативни (логично рано беше). Јас си забележав константно благо покачена температура и ми текна тест да направам, оти на првата бременост така ми беше покачена. Тогаш уште од денот на зачнувањето имав болки во јајник или матката што траеа 2 недели. За два дена треба да ми дојде. Сабајлево направив три теста, трите позитивни. Сте слушнале ли покачен пулс да биде симптом за бременост?
Телото веќе почнува да пумпа повеќе крв за да го храни плодот па затоа може да имаш повисок пулс. Јави се на доктор дека имаш позитивни тестови да ти кажат што и како. Не можат да бидат лажно позитивни. И честитки, со лесно
Мене срцебиење ми беше симптом за бременост уште пред да ми доцни(и по тоа знаев дека има бременост, па сум правела тестови) а верувам и пулсот бил покачен иако немам мерено колку бил. Малку непријатно дека се чувствуваш како вознемирена, срце лупа ама па мене ми е нај убав симптом ме смирувало и знам дека бебе е добро, срценцето му чука и си расте со лесно
Дали после биохемиската, следниот циклус сте добиле порано или подоцна? Не мора да е од ваше лично искуство, ако имате слушнато од некоја пријателка, блиска личност Овулацијата месецов ми беше порано, фатена ми е и на ехо и со тестови и сега не знам дали да чекам до 28ми ден од циклус за да се тестирам или да направам порано тест? Немам голема надеж месецов ама ме копка
Можеш да направиш порано тест чим имаш потврдена овулација. Често после биохемиска следниот обид е успешен. Ти посакувам среќа
Кога би било најдобар ден за тестирање според вас? Хаос ми е малку циклусов после киретажата, јануари добив на 25 ден, а февруари на 34. Не знам кој ден да го сметам месецов за прв ден доцнење, надежно дека ќе ми доцни.
Ти благодарам, ова баш ме смири. Сега читам по странски форуми дека многу жени со пулсот од смарт часовници си одредувале плодни денови, и после плодните денови ако не падне до крај на 4 недела туку благо се качи, значи е бременост. Научни истражувања исто читав, демек со хормоните имало врска и пулсот, ама баш така ко што опишуваат жените од искуство, како и ти што си доживеала, ретко се наоѓа во литературата. Ако некој има интерес може да изгугла, јас читав на урбиа форум. Мене ми беше знак покачена температура.
2 weeks wait ми завршува викендов (најверојатно). Јас искрено не пратам веќе ништо само сме активни. Не знам до што е циклусот ми се врати на 27-28 денови од 30. Нешто дали се изрегулира или измеша еве не знам. Ама не се бунам, убаво се осеќам. Останатите до каде сте?
Здраво девојки, навистина многу тивка станала темава. Пријавете се, внесете некоја позитива. Јас бев скроз падната после втората неуспешна инсеминација, ама ете мора да се продолжи понатаму. За третата мислев дури и да не ја правиме туку да одиме директно на ин витро, сепак ја направивме. Спермограмот на мм на третата иуи беше мноооогу подобар што ми даде повторно надеж, а не сакам само напразно да се надевам. Се трудам да не мислам многу, има уште многу до тест, денес едвај 6ти ден после ИУИ. И тоа е тоа кај мене. Стискам палци за сите.
Тука сум и јас утре правам тест после втора инсиминација ама слаб беше материјало по обработка 0,1 х 10 на шеста, затоа немам надеж.... планирам да се спремам полека за инвитро...