Ќе ти одговорам зошто и јас пијам аспирин. Мене ми е препишан од доктор зошто имам мутации и во обиди пијам аспирин на секој втор ден а кажано ми е дека ќе треба клексани од прв ден кога ќе останам бремена. Јас не би ништо на своја рака, најпрво испитај мутации па ќе видиш. Честитки Ана, да си имаш лесна бременост Јас тивко бројам, се надевам набрзо ќе се израдуваме сите па одиме во други теми заедно
И јас го пијам поради мутации исто, а уште пред да испитам мутации мене матичната ми го препорача, преку еден ден да го пијам. И така правев после само продолжив да го користам од кога открив за мутациите.
Аспирин под дифолт даваат и при ивф. Ми го препорача матичната и е за подобра циркулација во матката. Иначе и јас имам гледано, посебено еден доктор што вика дека сите жени треба да пијат. Ама секако без препорака од доктор не зимам ништо на своја рака.
И јас сум со мутации, ама ми препорачаа само метилирана фолна и Б12 Исто се мислам да земам аспирин 75мг преку еден ден на своја рака (медицинар сум по струка па си додавам сама храброст) Да си се пожалам плус, дека ништо од месецов. Почнувам веќе да се разочарувам и луѓето околу мене го приметуваат тоа. 24/7 сум преокупирана со темава, сите околу мене или се трудни или породени или во процес и некако ми е природно и јас да сум оптоварена со ова. Сакам да пробам да го тргнам фокусот од тоа, ама не можам и не знам како. Send help
Јас до сега не се преокупирав, се имав предадено на ивф целосно. И сега кога се деси ова со спермограмот. Леле не знаете колку надеж ми се влеа. Мене па не ми даваат ништо плус да испитувам. Не знам на што се должи, дали дека имам едно дете веќе. Сега следни 3 месеци не ми препорачува доктор ивф. Ама ајде баш да видиме. Ептен ептен има подобрување. До сега нит бевме активни нит следев овулација. А терапијата е таа секако за сите. И коензим плус.
Не испитав мутации никогаш ама имав една неуспешна бременост, така да за следни обиди од старт матичната ми кажа уште при обиди метилирана фолна. Од позитивен тест аспирин. Пред неколку години ова, не сега. Мислам само со индикации го даваат. Не би земала јас на своја рака.
И јас сум со мутации и секој ден аспирин меѓутоа сепак би ти препорачала првично да испиташ мутации па после.Не го пијам само кога имам добиено исто несмее да се пие и пред било каква операција или интервенција па макар било и заб вадење.
Фала ви на сите. Немам испитано мутации, не би земала на своја рака, секако ќе се консултирам со матичната. Од неа ми е препорачано само било какви пренатални витамини, премама пијам 3 месеци, пред тоа само метилирана фолна и регуларни витамини. Некако многу оскудно ми дава инфо, бев на преглед за мерење фоликули, ми рече супер е, ти раснат фоликулите нормално, 1 водечка имаш, нема што да доаѓаш на прегледи за мерење, или да испитуваш нешто, само пробувајте. Вчера добив циклус, така што чекаме овулација
Ќе ти кажам да не се оптоваруваш но тоа е толку клише... Дај си уште малце време и уживајте го периодов, може матичната не се внесува премногу баш ради тоа. Чуден е овој период и патување, но, сите ќе станеме мајки, тоа е повеќе од јасно!
Има бледа, ама ако нема поминато 14 дена од стоп инекција, може и од неа да е. Дај боже да е од другото.
Поздрав драги мои ❣️ Јас веќе 11 месеци ве следам тивкоо... Еве ја мојата приказна,за денес да имам ваков позитивен тест... Имам една ќерка сега ќе наполни 6 години родена со царки рез,и веќе 11 месеци пробуваме за втора бременост. Почнавме со испитувањата после 6 месеци,и после сите испитувања на ХСГ ми излегоа и двете туби непроодни! Пред 2 месеци направив лапараскопија и хистерослопија кај професорот Глигор Тофоски во ГАК,едната туба извадена од хидросалпинкс,а десната непроодна,контрастот не пробии и во операција... 35 години,со АМХ 0.35,пред две недели во контрола професорот Тофоски,ми рече нема шанси за природна бременост! Директно на Ин Витро,таман ги собирав сите документи за во вторник да ги доставам во фондот,и оп еве вечера со еден ден доцнење на менс позитивен тест. . Тоа што на сите храбри жени овде сакам да ви кажам никогаш да не се предадете или да изгубите надеж! Кога и науката и сите доктори ми кажаа нема шанси НЕ,ГОСПОД кажа ДА.. Така да чуда се случуваат,само имајтр надеж во Господ,и никогаш не се предајте...бидете секогаш упрорни... ❣️
Фала ти мила ❣️ Пуштам baby dust кај сите вас,нека пролетта биде полна со позитивни тестови за бременост