Хеу милички, Ми стигна и другата бета направена денеска во иста лаборатотија,во исто време: Бета денеска=3723 Вторник=1455 Сега утре останува само со ехо да се потврди..... Инаку јам сум супер.... Фала ви на сите ❣️
Фала ти мноогууу милааааа, Само уште утре да се види нешто во матката и ќе спијам мирно❣️ Вие ми бевте најголемата подршка во овие денови.. Господ да ве благослови ❣️
Фала ти мноогууу милааааа, Само уште утре да се види нешто во матката и ќе спијам мирно❣️ Вие ми бевте најголемата подршка во овие денови.. Господ да ве благослови
Фала ти мила Да даде Господ така да е... И тебе те имам читано во сите теми,баш совети како доктор на сите теми... Утре да направам и ехо и да спијам спокојно Фала ви на сите што ме мислете...
Еве мили мои, Ви пишувам од ГАК! Супер е се,видоа внатре сакус во матката што одговара на бетата и на последната менструација Докторите ми рекоа се е супер,дојди по една недела за срцева реакција ❤️ Фала ви на сите,Господ да ви даде што ќе посакате ❤️
Здраво девојки, вчера требаше да добијам ама некако секогаш кога направам тест и добијам после некој саат секогаш пред добивање имам болки неколку дена, сега имам болки слабо на моменти и после 5 минути прекинуваат, и мноооогу болни гради. Дали сепак ви се случило да чувствувате мала болка за добивање, а сепак да сте бремени? Се обидуваме неколку месеци за бебе, и до сега никогаш не ми каснело ни 1 ден.. ама некако ме буни слабата болка во стомак што се појавува на моменти. И дали веќе утре наутро доколку направам тест ќе покаже ? Ви благодарам
Истите симптоми се за бременост како и за добивање. Менструални тегоби се нормални цела бременост, најизразени се во прв триместар.
Драги феминки денес имам домашен позитивен тест и позитивна бета 79. Инаку втора бременост ми е правата ми беше пред 5год со иуи. А сега оваа бременост се спремав за 4та иуи но цикусот изостана и направив тест позитивен. Пресреќна и збунета сум искрено не се надевав посебно на природна бременост. Инаку немаме некој проблем освен што спермограмот малку ни беше слаб, затоа почнав со иуи од ноември. А природно 3ипол години веќе активно правевме бебе но не успеваше. Не се разочарувајте од секој неуспех, ја знам таа болка но кога дедо боже ќе каже да тоа е тоа, нема секогаш кога ние сакаме но верувајте чуда се случуваат. Инаку имам пишано пред 2м правев и хсг може и тоа нешто потпомогна иако резултатите беа одлични. Најмногу од се сакам сите на форумот да сте летово со надуени мешиња Последен цикус ми беше на 13.03 инаку ми доаѓа на 32дена, само се плашам да не бета ми е ниска 79. проверена денес на 17.04
Денес е денот Д, уште немам добиено. Немам ни грчеви во стомакот. Само како болка во градите (не е болка, туку како осетливост кога ќе се допрам несвесно со рацете). Не знам дали да направам тест, не сакам да се разочарам. Ќе почекам ако не до понеделник. Во последно време знае вака да ми залепи шамар по ден два, да ме извози, да ми направи филм дека може сепак нешто се дешава. Синоќа се напив и два аперола . Цело време не пијам, и сега едноставно сакав да се почастам.