Истото беше и кај мене само огромна болка во градите на допир, два дена ми каснеше и еве денес добив, веќе 4-5 месеци активно работиме на случајот ама без успех, додека сите околу мене на прва, или ʼпо грешкаʼ остануваат трудни Се надевам кај тебе ќе биде позитивен
Јас исто претходната недела имав болни гради, посебно брадавиците за прв пат ненормално ме болеа, ама ништо лажна тревога и кај мене
Денес треба да (не)добијам и исто како 4 месеци назад јас се разбудив со болка за добивање. Мислам дека сите бродови ми се потонати. Тсх 3, терпаија не даваат бидејќи било во граници. Друго се е во ред за сега.
Офф еве и јас со болки денес.. не некои јаки ама осеќам. Уште два дена имам до недобивање. Ама ништо не мислам зошто и за првото јас си ги имав истите болки како за добивање. Иначе за тсх-то не знам шо да кажам. Мене и 5,80 кога ми беше не ми даваа терапија зошто сум немала анти тела, ехото беше во ред, хормоните други во нормала. Искрено само со врски за терапија
Баш со врски... Јас овој месец (Април) прв пат земав тестови за овилација и искрено ништо не можев да сфатам и ги фрлив. Као секој ден имаше црвени црти и не можев да ги промозгам. Можеби и тоа ми е проблемот што не пратам плодни денови.
Ние 4 месеци практикувавме односи секој втор ден но беше безуспешно. Потоа 5тиот месец решив да следам овулација со тестови, го правев секој ден во исто време. Кога беа двете црти со ист интензитет тогаш имавме однос и еве сега сум бремена. Значи немало некој проблем, само не сме го погодиле моментот. Затоа мислам да не се откажуваш од тестовите, можеш да ги постираш тука и да ти дадеме мислење дали е позитивен или не. Со среќа
Оди на ехо нека те следат.. и јас правев месецов тестови плус на ехо. Откако беше тест линијата потемна од комтролната, после 2 дена беше пукнат фоликулот. Пример недела беше тестот, понеделник уште се гледаа фоликули, среда веќе на ехо беше пукнат. Ама ај да видиме дали ќе има ефект. Искрено не очекувам од прво следење да се фати..
Мене ме интетесира кога следат на ехо колку е поголема можноста да останеме бремени сепак не е овулациски тест докторка е
И јас добив. Во последно време како ме дрибла и ме вози. Се имам некои нови и чудни симптоми, и до последно се надевам човече дека мое е имплантациско крварење, а не менструација. Ништо, ќе правам и ХСГ изгледа.
Исто скоро година за второ... се е во ред освен ТСХ 4,71. Веројатно ова блокира. Никој не дава терапија, на ехо тироидната е супер. Чаре? Приватниве болници можат да одредат терапија?
Гледа раст на фоликули, ќе идеш преку еден ден.. И ќе видите кога ќе пукне.. Си има знаци за се...колку време е пукнат според изливот. @Mia Fuentes можеби, мене Димитров првично ми кажа дека морам терапија. Или пробај во институтот за инсулин да земеш термин или на патофиза.
Дават и приватните. А што мислите многу е убаво да се пие терапија? Додека ја погодат и таа терапија, и од неа има негативни последици. Само за ТСХ не би пиела. Ако има и други проблеми да ама за ТСХ кое не е многу високо нема шанси. Исфрли глутен, многу цедени сокови и овошје, зголеми Д витамин, две бразилски на ден, омега 3-6-9, и цинк. Ќе се намали. Д витамин прво провери колку ти е па потоа доктор нека ти одреди терапија, морам да признаам дека за себе јас сама си ја одредив и сама истражував што и како затоа што не се замара ни приватен ни државен доктор. Плус земај магнезиум бисглицинат. Од скоро 5 за еден месец ми падна на 2.5 сега ми е 1.8 константно не повисоко од 2. Ама строго се држам до се освен вежбање. Антителата ми беа од до 5, мене ми беа 30 сега ми се нормални. Мене на приватен ми дадоа терапија, кога излегов од Ремедика ја скинав рецептата.
Браво, многу охрабрувачко Искрено и јас истиот впечаток го имам, незаинтересираност, или неукост од страна на стручните лица. Некои од овие и јас ги применувам, ама исхраната и вежбањето не ми се скроз средени.
@Alm. И јас добив денес се надевам нареден месец ќе се израдуваме, па Јануари ќе дојдат нашите ѕвездички @Цвет88 те чекам да не израдуваш
Кај мене последно беше 3.18, претходно беше 4 . Пијам селен, се хранам здраво и вежбам 4-5 пати неделно. Антителата ми се до небо, затоа и сум хашимото а не хипо според мојот ендокринолог.
За жал Кај мене се вроди со неуспех најверојатно, бета ми опаѓа да ми каже некој со вакво искуство дали имам уште надеж?