Вие што следите овулација, секогаш ли после 14 дена добивате? Односно на 14 от ден, јас секогаш освен овој пат и ме фаќа паника во климакс да не влегувам, немој да не добијам Понеделникот вечерта имав малку кафеаво и мислев добивам, вчера и денес ништо од кафеавото. Не сум бремена за бремена, него ме мачи немој да ми прекинува циклусот. А стомак, гради обично ден, два пред добивање намалува болката мене од недела ми се зголемува, стомак како за пред добивање, мачнини, хаос. Се надевам ќе ми дојде, само трчам во вц
Јас да, секогаш после 14 дена од овулација. Со години пратам, поточно ја осеќам овулацијата и точно 14 дена ми трае лутеалната фаза.
Не знам што ми се случи овој пат наместо на 14, на 16 денес добив, паника ме фати немој нешто да не е во ред. И кај мене така е секогаш после 14 дена од овулација добивам. Денес добив, требаше во вторник а обично ден пред циклус имам кафеав исцедок. Сега во понеделник малку имав кафеав исцедок, викам дојсе и 2 дена ништо. Дури денес добив циклус.
Си броиме и месецов? Мене чекањето ме отепува, еве втор месец си бројам - знам дека е премалку не е ништо 2 месеци па до година, ама па како сите околу мене се на ставот “на прва бидна”, “по грешка се случи”, зошто мене на планирано не ми се случува Јас бев на ставот дека не сакам да бидам многу млада мама ама сега се преиспитувам дали погрешив, може и годинките си го прават своето На колку години сте вие? Ви праќам среќна на ситее, ова да биде наш месец!
Тоа не грешка според мене не постои.Се знае ризикот на незаштитен однос.Можеби на прва биднало кај некој,некој така и кажуваат.И на крај не е битно.За секој има право време.Ќе дојде и твоето.И два месеци се премногу малку да се оптеретуваш со други.Има и години што се обидуваат,секој има своја приказна.Ти фокусирај се само на твојата.Со среќа
Уште 5 дена, ама некако почнав да имам симтоми за добивање, иако знам дека се исти... место не ме држи
Ден пред добивање (вчера) правев тест за бременост и беше негативен. Денес треба да добијам, ама само тегоби кај јајниците осеќам. До утре ако не добијам ќе правам уште еден тест иако за месецов веќе изгубив надеж.
И јас мислам дека промашив пак месецов Имам уште некој ден до добивање а денес имам симптоми како да ми е овулација. Со истите болки, секрет. А истото го имав и на 14ти ден кога и требаше да е и мислев дека ја погодив точно. Сега ова ме збуна Ајде ќе видиме за некој ден
Како сте девојки? Мене ме немаше подолго време, ама ве читав па еве да си се пожалам пак Си правев јас пак некои basic испитувања и освен метилирана фолна, б12, витамин Д и железо други препораки за терапија немам. Железото и феритинот ми се ниски, па сега фокусот ми е на тоа Бев на консултација кај неколку доктори, сите викаат дека е се океј освен ете железото и вит Д да се корегира. Проблемот повеќе го гледаат како психички и да најдам начин како да бидам поопуштена. Како успевате вие да бидете опуштени? Значи јас живеам од 2 недели, за 2 недели и 24/7 мислите ми се таму.. плус што 85% од другарките или веќе имаат деца или се трудни и колку и да сакам да избегам со мислите и да не мислам на тоа е невозможно П.с имав биохемиска пред неколку месеци и од тогаш до сега ништо..
Женски вака значи .. според календар и според симптоми јас денеска овулирав дефинитивно од кога ги осетив симптомите се видовме со дечкоми се у ред имавме односи и пред да сврши се тргна надвор .. заврши се избриша добро со влажна марамица сето тоа траеше некаде околу минутка и пол две макс.. ии продолживме пак после неколку минутки он пак се тргна ама рече дека се сецнал па ајде реков да си продолжиме и повторно продолживме после две минути се тргна и повторно заврши надвор меѓутоа после првото свршување после две минути повторно продолживме не уринираше после првото свршување .. што мислите кои се шансите за бременост ?
Не верувам дека се големи, но сепак постојат. Се согласувам со претходното мислење, секој незаштитен однос е шанса за бременост. А ако ти е овулација имало случаи и од предсемена што останале бремени со незаштитен однос. Нема 100% сигурност во ниеден одговор. Ти посакувам позитивен исход за тебе
Фала што ме мислиш цуцке!! Не сум отворила фемина одамна! Нема сеуште ништо кај мене. Можно е да одиме на следни чекори, сеуште не сме се решиле. Живи здрави! Ти, како си?
Уште 9 дена до (не) добивање. Секој месец си викам дека наредниот нема да се оптеретувам и да бројам ама посилно е од мене. Јули е точно година од кога пробуваме да зачнам, со еден спонтан, се надевам дека јули и годината ќе ги затворам со добри вести.