@Thinkerbell. @Angela* @Campanula @Flooora96 Девојкиии идеме овој месец со нови сили, нема разочарување. Секако дека ќе бидеме мамички и конечно ќе ги видиме двете најпосакувани цртки. И јас кога добив се разочарав, малку и плачев но реков дека нема откажување. Сега од утре повторно во акција . Ве гушкам сите @Freckles. мила ти што направи?
Јас во априлот така се разочарав, а ми каснеше прв пат два три дена и готово сигурна бев дека сум трудна. Отидов бета да испитам и по еден саат од ко си дојдов дома добив Тогаш ми се чини најмногу се разочарав, ама мора да се продолжи со нови сили. Само тој што се откажал не успеал.
Не да сум разочарана, без сила седам на работа. Немав мерак ни да се средам сабајле. До кога ке се мачиме.. А толку бев сигурна и после 2 негативни, ми закасна 2 дена, градиве неможев да ги допрам, глава ме болеше, цела бубулици, ме затегаше доле. Измислив како да му кажам на мм, на елката ке го ставев тестот... И шо сеа, се пропадна у вода. Душава ми плаче. Мм ме теше,до толку шо ми се јави дали стигнав на работа, мислеше ке се измавам негде, ама џабе ми е. Нови сили ама без очекувања. Ве гушкам женички, другаркиве не знаат низ што минам,Вие знаете.
Едно под друго пишам извинете. У среда ке идам хормони да испитам пак. Флажил сеа ке ги испијам. Белким ке се среде се.
Те разбирам, јас скоро година ипол еве се мачам а околу мене сите ко од шала остануваат бремени, па дури и со близнаци... Последниве месеци на секоја таква вест мене срцето ми се кршеше и си плачев, не можам ни да се израдувам на другите како што треба. Ама тоа е, некои ќе мора да се потрудиме повеќе
Јас само по еднаш, во периодот од денот како што ти пишав. Знам дека многу прават и по два пати дневно, но досега секогаш сум добивала позитивни на тој начин.
31 ден од циклус уште немам добиено. Ми беше страв сабајле да правам тест да не се разочарам, па одложив за среда. Фала ти што ме мислиш
И јас сум толку разочарана. Одам на работа како да не сум присутна. Се прашувам зарем е толку тежок крстот кој што треба да го носам. Уште поголем притисок ми се прави од свекрвица што со нетрпение очекува внуче. Имам толеранција па ништо не кажувам , па и да трпам болка со тоа што цело време го зборат со мм. Срцево ми е распарано. Знам дека многу се борат со истово искушение. Знам дека секој што се бори ќе ја добие борбата. Ама до кога ? Пред 15тина години имам абортус и сега потсвесно си размислувам да не има некаква компликација од тоа . Мм е со преголема желба и секој месец кога ќе му кажам дека сум добила е толку разочаран. Имам една неуспешна инсеминација. Поради возраста на мислам ми е да поднесувам барање за инвитро. Секој месец се залажувам и ќе си речам ајде сега ќе биде. Претходниот месец ја погодивме овулацијата со тест и си реков ќе биде и ништо. Земав сега од ebay тестови за овулација и на мисла сум од кога да почнам да правам тестови? Си го искажав моето моментално разочарување
Те молам немој да ме разбереш погрешно, уште пред неколку дена сакав ова да го пишам ама си чекаше да не добиеш и се воздржав. На некој начин подобро што излезе вака за да се излечите од трихомонијаза и да си почнеш бременост целосно здрава. Цврсто верувам дека работите се случуваат со причина. Со среќа
Не се разочарувај туку преземи ги работите во свои раце Со секој поминат ден шансите се помали затоа би ти рекла не чекај многу Штом имаш направено една инсеминација направи уште една и собери си документите за ивф Штом си повозрасна и со две инсеминации ќе ти одобрат ваучер само не се откажувај и бори се за тоа што го сакаш нема да ти падне само од небо Поззз
Супер, мислам дека утре би требало да имаш позитивен. Сепак не чекај само на тестот, во меѓувреме фрлајте се во акција.
Секако дека не чекаме на тестот, работиме во меѓувреме Што е сигурно, сигурно е, а и нема да ни се слоши од повеќе работа
Многу ми е жал што го поминуваш ова, тешко е навистина многу и разочарувањето е големо но не смееш да паѓаш психички. Ако сте ги направиле сите испитувања и се е ок, полека почни со спремање за ин витро а во меѓувреме пробувајте си природно. Тестовите за овулација се почнуваат зависно колку ти трае циклусот. Ако ти е редовен на 28 дена можеш да почнеш од 10ти ден и кога ќе приметиш дека линијата се затемнува можеш да почнеш по 2 дневно затоа што пикот на лх може да биде краток па да бидеш сигурна дека ќе го уловиш. Ако ти е пократок почни со тестовите порано. Ти посакувам две цртки веќе во следен обид
Остави ги другите. Не се оптеретувај што мислат и што очекуваат. И мене ми викаат цело време, точно знам како ти е. Опушти се, месецов следи овулација и собирај документи за ин витро. Ако не едното, ќе биде другото. Нам изгледа ни е пишано потешкиот пат да го изодиме, но на крај ќе успееме. Најверојатно постои и причина за тоа. Еве јас месецов мислев да проверам проодност на јајцеводите, но излезе дека имам уреоплазма. Немав симптоми на инфекција и ми дојде шок кога видов Кај мене ќе биде во новата година со нови сили. Се надевам ќе бидат добри резултати нареден месец и да продолжам со испитувања.
Ве гушкам сите - од една до последна!! Прво, честитки до новите мами! Честитки од срце, да си имате лесна и школска бременост и повлечете нѐ сите со вас!! Гушка до вас и вашето мешенце. Не пишував некој период, ама тука сум и сите будно ве следам. Со нетрепение ги исчекувам вашите тестови, верувам дека и на сите ви е така. Праќам најјисрена прегратка до најсилните жени на темава. Ќе ви напишам по некој збор, за секоја по нешто, групно. Истата бев и јас претходниот месец кога добив. Се скршив, се преплакавв, море се изнаплакав. Потоа, станав и сфатив дека не смеам да загрижувам никој околу мене и никој не е должен да ме гледа во таква ситуација, поготово не партнерот кој го сакам повеќе од сѐ на светов. Во тој момент, се исправив и продолжив понатаму со животот. Ама, не попушташе гневот во мене. Бев удрена. Скршена. Тука, тргнав и со прашањата (неизбежни се, да му се сневиди!) : - А, зошто јас? - А, зошто толкава надеж, па дури и чувство дека се случува нешто таму внатре? - Каде згрешивме? - А, да не го љуфнавме денот? - Да не не беше доволно ... ? - Да не требаше подолго да лежам? Ооо, да! Секакви глупоштини ми паднаа на ум, иако длабоко во себе знаев дека нигде не сме згрешиле. Но, понекогаш немора баш на сѐ да го знаеме одговорот. Едноставно, знам дека секоја работа се случува со причина и дека секое “Зошто?“ си има свое “Затоа.“. Оставив Бог да си ги реди работите, и сметам оти така е најправилно. Собрав сили, ги истуркав тие 2-3 дена. “Спакував“ сѐ што е нечисто и старо и го “фрлив“ во минато свршено време. Оти само таму и припаѓа. Не би сакала да валкам нешто ново, нешто што допрва доаѓа со неубави случувања од минатото. И, тогаш, во тој момен, иднината ми беше поважна од сѐ! Сега, гледам да се радувам на сѐ околу мене. Се препуштив на новогодишната магија и оставам спонтано да се случуваат работите. Чекам да видам утрото каде ќе ми го однесе денот. И да, купив и тестови за овулација (заради склоп на околности - приморана сум да ги користам), а да не бев немаше да ги правам. Не мерам веќе базална. И цело ова не значи дека се откажав. Ау, напротив!! Се враќам појака него икад! Само што, сега малку повеќе ќе им дадам простор на случајностите. Да видиме каде ќе не однесе ова предновогодишно лудило, ама и потсвесно знам оти најубавите две цртки ме чекаат на самиот крај на месецот. Верувам оти со крај на месецот, крај на годината - ќе се стави крај и на оваа етапа од животот која ќе биде крунисана со позитивен тест , и лудилото може да започне!! . . . Во животот секогаш ќе има луѓенца кои отстарана само ќе гледаат и ќе навиваат. ОК, до некаде ги разбирам. Сите чекаат нов член и принова во семејството. Ама, мислам оти секој треба да си знае до каде треба да оди. Истото се случува и со моментот: -Еее, ајде кога ќе фатеш дечко? -Еее, ајде кога свадба? - Кога дете? - Кога второ дете?!?! Значи, стоп - стоп - стоп! Кога Бог рекол - тогаш ќе биде! Нема потреба од додатни притисоци. Па, нели е доволен овој притисок и стрес кој потајно си го доживуваме и покрај широката насмевка на лицето?! Не ми треба додатна сол на рана. И ако мене ми се случеше - ќе седнев и на најфин начин ќе објаснев оти треба да се стопираат. И оти сѐ што треба да ни се случи - ќе се случи, само не му дошло времето. А, јас - живеам за тоа мое време! Животе, јас сум спремна да бидам мајка - а, дали си спремен ти да ми поклониш таков подарок?! п.с 1: - Знам дека малку сум off topic и дека постов е предолг, поради што и ви се извинувам и се надевам дека ме прочитавте. 2: - Јас сум во деновите пред овулација, па уште некое време и ќе следуваат и моите апдејти. Едвај чекам