Треба да недобијам за два дена ама сега нешто почна да ми се гади и имав тест дома го направив сега знам дека е рано ама со некоја надеж дека можеби ке бидат две цртички. Е сега дали стварно има две цртички или јас си умислувам.
И мене како да ми ѕирка втора цртка ама сепак повтори го тестот но не земај шур чек. Земи селф клиар или фрух. Со среќа
Имааа, ја гледам и јас. Направи утре одсабајле еден Фрух тест и постирај го тука. Има сите да нѐ израдуваш, а и со убаво ќе ни тргне денот
Мене ми заврши вештерката, идеме јако месецов, да направиме едно бебче редно е веќе... кажете ми тестовите за овулација од зегин ги земате? Која им е цената одприлика и во кое време од денот е најубаво да се прават?
И јас велам редно е веќе. Па ајде нека се сретнат едно брзо пливаче, нека ја зашмека јајце-клетката, и да се спојат во минијатурно ембрионче. Да зачука срценце, во ритам со мамичка, љубов да го расте, бебенце да порасте. Препуштете ѝ на природата.
Од Зегин, Овула се викаат, два теста има внатре и 124 денари се. Од 11 ден почнав и додека беше бледа линијата правев само еднаш во денот, накај 12 на пладне. После @Saba08 ме спаси и ми кажа да правам и навечер уште еден, за да не ја пропуштам овулацијата. И така бидна, позитивен тест во 21ч, 16ти ден од циклус. Среќно
Другарки мои, среда среќен ден! Таа бледата линија од недела не била евапорациска. Ви посакувам на сите среќа, да ми се придружите во Труднички.
Прекрасни сте, фала ви на честитките и на подршката! ве гушкам сите Ајде сега темава сите една по една да ја исчистиме, до Нова Година уште многу две цртки да се споделат тука.
Со среќа душо. Имав некое претчувство дека ќе имаш две цртки. Сега кога ја видов сликава ми се потврди претчувството. Со среќа и со лесно да си износиш. Па да продолжиме да се дружиме и во другите теми.
Лелеее честитки и влечи си ја ногата накај труднички за сите нас. Апдејт кај мене завчера 8 дпо: Цел ден благи менструални болки, дури од сон ме разбудија сабајлето, инаку тој ден претходните циклуси само пецкања во јајници имав, затоа ми стана чудно. Ноќта не знам што ме натера праев тест иако прерано знам, и имаше бледа линија која само јас ја гледав, сопругот не. 9 дпо вчера: Боцкање во долен дел од стомак, но не во јајници туку малце накај средина, температура 37.2 и осетливот во брадавици која никогаш ја немам како пмс симптом, глад огромен. Го повторив одручек тестот (зедов фрух оти страв ми е тие поевтините ецапорациска да не јавуваат), повторно најбледата можна линија ама јас си ја гледам. Сопругот пак не ја гледа . Денес 10 дпо: Пак се будам со огромна глад и осетливост во гради, ама страв ми е да правам тест, си велам да почекам уште ден два. Датум за недобивање ми е на 19ти отприлика. Инаку пред седум месеци имав миссед во 9та недела. Тогаш пред датум за добивање имав исто вака поинтензивни симптоми, а најголем симптом ми беше тоа што два дена пред датумот не можев да си го пијам утринското кафе. Толку од мене засега, навивам за позитивни резултати кај сите!