Нека останеее Леле бе, стварно?? Офф, ајде со лесно нека врви што побргу! Ти пуштам здравје, среќа и мнооогу сила
Ми се допаѓаат симптомивеее . А, ова со соништава, не знам што да речам. Јас откако помина овулација, само соништа гледам. Некои ги памтам, а некои не. Еве, синоќа сонував земјотрес. Све се затресило, ама немаше рушевини. И сум имала машко бебе (тоа ни е желба, но не и услов. Нека ни биде здраво и живо пред се'. Па, како Бог решил - така. Ама, ако треба да бираме = машко. Да не бидам лажно скромна, си кажав. ). И нејсе, тоа машко бебе ми било како одговорност, нели дека мое. Сум знаела дека морам да го пазам. Носеше само памперс и имаше руса коса. Од каде руса не знам. Ние и двајцата сме црни. Абе во сонот родител бев, ете такво некое чувство. Ми требаше десетина минути потоа, да се вратам во реалноста. п.с. - Не знаев дали овие соништава да ги земам како симптом, ама ептен ми паднаа в очи. Синоќа, пред да си легнам подчадив со темјан. Но, соновите решиле да се присутни. Не ми сметаат, само некако чудно ми падна. Те молам Боже, да не спобудалиме. Нека излезе на арно!
@Saba08 А, кај си ти на темава досега, млада дамо?! Па, знаеш ли од кога те чекам да пишеш! Шо имаш да кажеш за температурава моја во дпо? Утре влегувам во 8дпо . Те гушкамм
На почеток од бременост или пред да дознам дека сум бремена имав такви сонови пререални .. и како тебе ми требаше некое време после будење да се вратам во реалност Држам среќа овој месец да биде ваш со две цртки
Аааа, се наежив сега. Што знам, јас мислев дека сум можда преопседната, па сега и во спиењето немам мир. Да те слушне Господ!! Ами, другиве симптоми што ги нема никаде?! Освен половината одвреме навреме што ме здоболува и температурата што е висока, друго слабооо.
Не се оптеретувај со симптомите јас немав никакви освен тоа со соновите. И ден пред добивање почнаа менструални болки и болки во гради. Прв пат пробувате или?
Ахам, ова ни е втор пат како пробуваме. TTC2 .Сакав да бидам од тие што на првпат се фаќа, ама тогаш ја љуфнав овулацијата, а и циклусот беше цел испореметен. Е, сега што ќе биде - не знам.
Еве мее. Пишувајте си вие само, си читам јас, ве следам, да не се грижите. И шо убав комплимент ова, млада дамо Температурата ти е супер, инаку. Поарна, здравје. Ја чекам и @Angella7 да почне да го постира графикот
Маж ми после една недела "настинка" е позитивен на корона. Месециве наназад бев со многу позитивни во близок контакт ама се уште не сум фатила. Еве после една недела немам симптоми ама сепак мислам дека не ми требаат дополнителни стресови и овој месец да паузираме со обиди. Можеби нема никаква врска ама ете, нешто од внатре така ми вика.
Како си осеќаш, така си прави. Може и така да си го поминала, без симптоми, на маж ти му пожелувам поскоро да оздрави и без стрес само, сé ќе биде.
Јас најискрено не ни знам кога ми беше овулација за точно да кажам, но иам уште 9 дена до не добивање, вчера ме жежес градите, денес ги чепкам не ме болат. Повремено нелагодности доле у јајници и матка. Расположението ми варира од малце се растажувам. Не сум мерела температура за овулација дс прстам. Ама пред1 час си викам дај да измерам онака и беше 36.6 значи ако се има закачено бебек може ке беше повисока. Еве сеа моментално ме бодна у десен јајник безвезална болка..плус вчера денеска заматенс ми е главата и ме боле..
Ја симнав фертилити френд, не ја разбирам баш, шо е тоa кај 23 ден, W и X и шо е тоа OPK, извинете нс едно под друго шо пишам.
W = watery, водеста цервикална слуз/мукус (СМ) Х = сексуален однос ОРК = Ovulation Prediktor Kit, т.е. тест за овулација
@*Лаванда* фала ви и на двете за помошта. Од утрово почнав официјално да мерам. Не купив нов топломер, имам дигитален со една децимала од тие што титкаат кога ќе измерат. Може не е најсоодветен ама ај месецов вака ќе терам чисто да видам ме бива ли за мерење. Орално мерам, сабајлево беше 36.1. Се мислам само дека касно почнав со мерење, требаше може да ми текне од прв ден од циклус, денес ми е 10ти.
Ми се допаѓа темава пред некое време креирав иста ваква (се изнагледав јутуб со истава тема) ама за жал ми ја префлија во симптоми на бременост... ве читам сите, ве следам и стискам палци