Денес денов ми е крш.. Се напнав нешто со семејни проблеми чуда.. не е за тука ама да си олеснам морам.. Знаете како е со родниниве посебно алчни. Назад на темава... Ден за недобивање задутре, симптоми ништо, освен почесто мокрење ама сум си мочла по природа. Искрено никаква надеж немам. У животов само падови и проблеми. Едина светла точка ми е детево што го имам. Некад си викам што сум згрешила толку што животот вакви шамари ми удира. Знам дека треба да сум попозитивна, ама не можам луѓе, никако нешто да тргне на добро, се некој нов проблем се јавува.
После дождот сонце изгрева! Кај сите нас има падови, проблеми, хаос во животот...како викаат секоја планина своја тежина, ама ако не ни е оваа светла точка да не влече напред и да ни дава надеж, што друго има повредно во животот Ајде само добра мисла и се ќе биде, порано или подоцна. Едноставно некои работи се случуваат не кога ние сакаме, туку кога треба да се случат
Јас да си се пожалам и овој месец изгубен Имав инфекција и ја лечам цели 15 дена, матичната ми кажа никако односи во меѓувреме. Денес ми е конечно последен ден, во среда сум на контрола па ако е се ок може да продолжиме со обиди. А мене овулацијата ми е помината најверојатно Овој месец не чекајте ме
Се мислев дали да го пишам ова ... За тие што планирате прва бременост превентивно за да не доживеете на прв преглед докторката да ви каже ова ќе биде убава бременост и на 2 скрининг да ви кажат жал ми е бебето не е живо покрај нели микробиолошки брисеви и пап направете си 4Д ехо неколку дена пред да добиете за да се исклучи можноста за постоење на септум (преграда) на матката и генетски мутации. 4Д ехо јас правев пред еден месец во Ремедика кај Петановски платив 5700 ден, генетски мутации се испитуваат на Трансфузија со упат од матичен е 1250 ден , во МАНУ е 450 ден се прават и на институт за имунологија таму не ја знам цената. Подобро дајте ги овие пари однапред и елиминирајте ги шансите за абортус однапред отколку ја доживеете болката за изгубено дете.
Претпоставувам си била на антибиотска терапија за три недели направи си контролни брисеви па после на чисто ќе можете да работите на случајот
добив дами, 1 ден порано. едноставно си знаев дека овој месец не е наш, и ете. повеќе среќа нареден месец. . . со среќа на останатите, да си ги видите најубавите 2 црти на свет!
Прво имав апчиња антибиотик, а после 15 дена вагиналети. Веројатно не го рачунат периодот со вагиналетите, а од антибиотикот се поминати 15 дена
Ти си кралицата со која ќе почне 2022 година со најубави вести!!! Опушти се и уживај за празниците и верувај дека се ќе биде кога најмалку се надеваме
Испраќам една специјална најсилна гушка на светов! Нареден месец со нови сили - во нови победи! Нема откажувања, одиме уште појако!!!! Советот ти е на место и уште од километри се гледа дека е најдобронамерен! и јас пред да почнам со обиди, направив некоои основни прегледи и испитувања баш поради овие причини. Сакав да знам дека ако нешто се зачне - ќе му биде безбедно таму внатре. Ти благодариме, чиста и искрена душо
Ti blagodaram sto pomisli na mene sepak ova bese edna biohemiska bremenost,za zal no zavrsi od vecerva se frlame vo akcija. Srekno na site idni mami imajte si lesna bremenost
Здраво девојки денес ми 5 дпо имам малку болки во долниот дел од стомакот,малку ми се осетливи брадавците,ама мислам рано е за симтоми да имам инаку сум со прегнил инекција,(не)треба да добијам 27.12 а тест најрано 30.12 поради инекцијата.
Девојки, чекајте малце сеа цела сум збунка и ве молам за помош. Ви пишав вчера дека добив, така и помислив затоа што имаше кафено на бришење, ми се десило многу пати пред да дојде онаа јака црвена боја. Е сега, еве денеска едвај има и кафено на хартија, а осеќам благи симптоми за добивање. Денес ми е ден за недобивање, се мислам ако не да почекам уште некој ден ако нема ништо, па да направам тест, оти знае некогаш 2-3 дена да задоцни, да не се радувам без веза. . . Еве сега моментално, има повеќе кафено, wtf?
Почекај да видиш дали ќе ти пробие баш она црвено, и ќе знаеш на што си. Ако нема ништо деновиве направи пак тест
Фала ви на одговорите мили мои @Erika.greeneyes @*Лаванда* Ќе ви кажам што биднало, дај Боже само да е на добро !
Каков turn of events QweenSM (не знам да тагирам нова сум овде ) се возбудив и јас хахах. Ајде стискаме палци и чекаме добри вести. И јас сум за овде инаку, имам уште 8 дена до недобивање. Мислев овој месец малку по cool ќе бидам околу исчекувањето, но не бре... како се ближат деновите само там ми е аклот. Ајде пуштам среќичка на сите до една!
Иако не сум ни планирам да сум трудна во блиска иднина ве читам активно. Навивам за сите вас! @QweenSM стискам палци за тебе