Нели, мила? Turn of events и тоа како, се надевам вака и ќе остане, не викам ура сеуште оти е рано, а колку би сакала не знаете! Имаш време и ти богами, ама тука заедно ќе ти помини времето дур да трепниш, верувам дека 2021 ќе ја памтиш по најубавиот поклон на свет! Фала ти миличка! Нема врска тоа што не планираш бременост во блиска иднина, доаѓај ни тука почесто, една поддршка - доволно е, премногу ми значи, а верувам и на останатите девојчиња! Те гушкам, се што сакаш да ти донесе дедо мраз.
Абе да не сте вие, ќе можам само да поминам покрај кралиците. Верувај или не, подобра личност сум само поради вас тука, вашата поддршка ми значи толку многу што неможат зборови да ја опишат! Се надевам дека нема да се разочарам мила, многу се плашам, ама верувам во Бог и во предновогодишната магија дека сите ќе не просветли. Пишувај ни почесто, ни фалиш премногу тука, те гушкам најсилно!
@QweenSM Да не те демотивирам, ама генерално реално размислувам и мислам дека ќе ти дојде пошо мене понекогаш знае така ден-два да ми биде како со исцедок, а третиот да мењам влошка на секои 3 саати... Дај Боже да не сум во право... други симптоми имаш ли ?
@meggle Ти благодарам многу на одговорот, и јас пишав погоре дека не се радувам многу, вака ми се има случено и пред тоа, ама имајќи таква поддршка како што сте вие, неможи човек да не се израдува. Симптоми моментално имам болки во половината, друго не. Ни гради ме болат, ни ништо. И јас мислам дека ќе ми дојде, ама ќе почекам убаво да ми пробие(ако ми пробие) па тогаш ќе го сметам како прв ден на менструација. @Angella7 Исто вака ми пробива, кафено па после доаѓа онаа јака црвена крв, во истата ден. Сега ме збуни оти од вчера ми е така, па еве денес уште ја нема црвената боја, има кафенко со розовко измешано.
Ве послушав за тест, незнам ни што не ми текна порано, а имав дома неколку. Ви благодарам уште еднаш за секоја поддршка, по се изгледа дека ќе дојде вештерката, ако не пробие онаа јака црвенa крв, ќе направам уште еден.
И кај мене е вообичаено мензисот да ми старутва со кафеаво, иако поретко. Hope dies last, следи ситуација во текот на денот и што и да се случи, без обесхрабрувања! Јануари ќе е твој На повидок ќе имаме поубава година, I can feel it!
@QweenSM Сѐ додека убаво не пробие како и секогаш што ти е (а, се надевам дека нема), дотогаш имам надеж! Тестов ќе го занемарам и ќе чекам нов апдејт најдоцна до утре сабајле да видиме што ќе се случи. Ете така, тоа е мојот став. Да не дојде наредни 9 месеци!
Jas samo da prasam sto znacese toa kafeaviot-ligaviot iscedok? Pred ovulacija ili ovulacija?? Sega na brisenje go imav a mi e 8 den od ciklus mnogu mi e rano za ovulacija.Obicno imam od 12 den a utre imam ispituvanje hsg i ako e se ok planirav da kupam testovi za ovulacija ovoj mesec so toa da probame.Ama sega sum zbunka sto ako mi pomine ovulacijata i ovoj mesec taka ke mi pomine
Да не се чистиш од самиот циклус? Можеби да е од самата менструација штом е кафеав исцедокот, не верувам дека е овулација. Мислам дека немаш потреба од грижи, биди си спокојна и со среќа утре на хсг
Добив девојчиња, официјално - после цела збунка. Искрено, се испорадував дека е импантациско, затоа што 2 дена по ред само кафено не ми се случило, без да пробие убаво мензисот, ама ете и за тоа имало првпат. Ви благодарам уште еднаш на прекрасната поддршка вчера, не ни очекував нешто помалку од вас! Со среќа на останатите девојки, верувам во тоа дека на крајот на месецот ќе ја исполните темата со најубавите жар црвени црти!
Следен месец со полна пареа . Како што велат овие јутуберките "babydancing" Девојки сакав да ве прашам, на кој начин си ја трефнувате овулацијата? Се ориентирате според исцедокот? Користите тестови за овулација? Апликација на мобилен? Како? Ако со прашањево сум оф топик слободно бришете. Фала
Јас немав исцедок (освен некогаш водест) и немав никаков друг симптом на овулација. Кога почнав со обиди, се појавија пецкања и бодежи во јајници за време на овулацијата ама не секој месец. Кога си ја детектирав овулацијата со тестови и мерење базална, испадна дека апликацијата Мој календар точно ми ја давала овулацијата. Ама не мора да значи дека е така кај сите, а на крај испадна дека и кај мене не е така Овулацијата во Октомври месец ми беше на 16ти ден, Ноември не ја пратев затоа што маж ми фати корона и мислев дека ќе бидеме месецот без обиди. Ииии останав трудна тој месец. Ама според докторката и според тоа што гледа на ехо имам останато покасно, не настапила овулацијата на 16ти ден тој месец. Што се случило... господ знае.
Јас имам најчесто само водест исцедок и не можам баш да се ориентирам. Мој календар ми даваше овулација на 14ти ден затоа што циклусот ми е 28 дена, со тестови утврдив дека овулацијата ми е на 18ти ден. Порачај си тестови од ихерб, комплет се 40 тестови за овулација и 10 за бременост ептен се добри.
Секогаш имам 3, 4 дена исцедок како белка од јајце и на пр. петиот ден осеќам болка обично во едниот јајник. Тој ден ми е овулацијата. Со тестови не сум пратела а според тоа што пратам според овие симптоми овулацијата ми варира од 14ти до 18ти ден најкасно до сега.