Датум за недобивање на 31.12/01.01. Месецов гледаме вредни да сме, деновиве како што имам погоре пишано грчеви, пецкање во долниот дел од стомакот, често мокрење, гасови премногу, осетлиби гради, грозница на моменти, пред некој ден имав и покачена температура. А, откако пишав тука вчера, имам и розев/кафен исцедок на хартија, повеќе розев беше. Држите среќа, ама некако интуицијава ми вика поради розевиов исцедок дека се фатило Само ете не би сакала да се залажувам предвреме, ама би сакала почетоков на новава година да ми започне убаво
Од ова попозитивно не може да биде, најверојатно овулација ќе имаш до вечер или утре. Со оглед на препораките од докторката почекај до утре, инаку на ваков тест чекање нема. Ти посакувам успех.
Денес (тотален пресврт, збунета сум) -Ме боли јајник и ме боцка одвреме-навреме во матка/јајници и сѐ околу. - Имам исцедок како белка од јајце - во буквална смисла на зборот. Јас мислам дека тек дури сега сум во овулација. Т.е денес или утре, не знам. Тестови не користев (почнав, ама ми правеа стрес и застанав. Си реков што биде - нека биде. Иако сега сум збунка, воопшто не жалам што не продолжив со тестовите. Едноставно ми сметаа, не ми носеа добро и ги прекинав.) И сега додека седам како ме боле половината, ме врти. И напред јајници ме бодат и ме боцкаат. Жени, јас мислам дека допрва овулација ќе имам, според денешниве случувања. И покрај тоа што вчера напишав 6дпо, ама не било така. * Кажете ми што да мислам?! И кажете ми кога се случува овулацијата - дали пред исцедокот, дали после исцедокот или ? * Совет?! . . . @Saba08 Мила, ќе те означам со надеж дека може имаш некакво објаснување за мене. Ако ти требаат дополнителни информации ( ма да, мислам дека и немам што друго да додадам) - кажи ми. И секако, ако не ти е тешко и ако знаеш. Во ред е и да немаш одговор, не се лутам пс. -Списокот го спремам, нека се пријават уште неколку и ќе го објавам. Потоа ќе се апдејтира, секако. Милина е сега за сега, ама ќе биде уште поубав ако се прошири со нови членки
Mislam deka treba da se frlite na rabota spored simptomite najverojatno imas pokasna ovulacija, mene skoro sekoj mesec takva mi e ovulacijata.Obicno posle takov den kade sto imam iscedok kako belka od jajce tocno za 14 dena dobivam, pa zatoa znam deka bas toj den mi e ovulacija.Samo opusteno vi posakuvam site od temava da vidite dve crticki kako novogodisen/boziken podarok.
Девојки ќе ве прашам и тука, може некоја од вас се разбира повеќе Се вратив денес од ехо преглед кај докторот мој, правев мерење на фоликули на 9ти ден од циклус. Може е порано, ама намерно, бидејќи последниве 3 -4 месеци мензисот ми доаѓа на 25/6/7 дена. Па сакав да знам кога отприлика ми се случува овулација. Прашањето ми е: фоликулот ми е измерен 12.8 мм на 9ти ден од циклус. Дали е тоа во ред? Знам дека ќе продолжи да расте фоликулот, прочитав по 2мм на ден растел непосредно пред да настапи овулацијата. Дали вие имате некакво познавање во врска со тоа? Јас повторно не знам кога ќе ми биде овулацијата, докторот смета да не одам повторно да следам, во смисла да се опуштам, дека немам потреба од следење. Упорно се држи до тоа дека опуштено се толерира обидување за бременост во рок од 1 година. Ама дека намалени ми се симптомите на овулација односно ми варираат, затоа сакав консултација. Ми кажа исто така дека должината на циклусот не укажува на намалена резерва доколку е во рамки на предвиденото - од 21 до 35 дена. Ниту должината на крварење или пак обилноста не значат намалена резерва и аларм за нешто. Бидејќи бев малку загрижена зашто ми почнува на 25ти ден а и умерено крварам до кај 4 дена максимум. Еве овојпат имав 4 дена, претходните месеци ми траеше 5 до 6 дена. Ми разјасни некои дилеми, доктор со искуство, така што му верувам. Само што не успеав уште некои потпрашања да го прашам. Затоа тука ќе ве прашам, можеби некоја од искуство знае повеќе.
Исцедок, зголемено либидо, отечени срамни усни . Измери сабајле температура, знаеш отприлика колку ти е по овулација, види, ако е повисока значи ти поминала. Оти таков исцедок може да се јави и по овулација, болките исто, може да ги осеќаш од овулација до добивање, не знам што да ти кажам. Инаку, исцедокот го има пред и негде читав дека овулацијата била денот по последниот ден со таков исцедок, ама јас кај мене имам приметено дека често го имам и на ден на овулација, некогаш ден-два потоа. Совет, да не престанувате со односи до позитивен тест , па кога сака нека е овулацијата .
Фрлајте се на работа Јас на вакви симптоми останав трудна, ич не му ја мисли. Само без притисок, олабави малце, земи винце една чаша да те опушти, гледајте некое филмче и .... Ти посакувам за Божиќ да си видиш II
Јас губам надеж и овој месец.. Некако irritated и нервозно се чувствувам баш како за пред доаѓање oh well...
Хахах иста сум и јас, сите ми се криви за се, што и да кажат погрешно е ...ги жалам луѓево околу мене искрено
И мојот циклус е таков. Последните два месеци добивам на 25 дена, крварење првиот ден и после тоа 2-3 многу оскудно. Летово во Ремедика ми кажаа дека сум имала доста јајце клетки и дека имам овулација ич да не се грижам за тоа. И мене ми рекоа дека година дена обидување е нормално, но кај мене се веќе 2 години. Чекам терапијата да ми заврши, да провериме микробиолошки брисеви во јануари и да одам на испитување на проодност на каналите, зошто уште тоа ми остана. Последните денови псотојано сум опкружена со бебиња и навистина имам голема желба и мое бебе да држам во раце. Се надевам следната година ќе ми биде посреќна.
Се шалам на своја сметка сериозно има поврзаност затнат нос и затнати уши со бременост? Ееј за ова првпат слушам. Сега ќе простудирам на интернет. Фала тиии