Не не, не знам за со бременост. Реков дека ако си настината и ти е затнат носот може да ти се затнат и ушите
Денес 9 дпо немам никакви симтоми,малку сум разочарана ама ајде има време се надевам понеделник нема да добијам.
Толку се надевав, ама изгледа ништо. Делува како да ми пробива, ама веќе 4ти ден де розево де темно кафено, а претходно никогаш вака не ми било, особено розевиот исцедок никогаш не сум ни го имала. И како и секогаш, некако пак си си се разочарав, ми падна тешко на душава
Нема зашто да се разочаруваш пред време, јас немав никакви симптоми а бремена бев се додека не ти дојде има надеж
Денес 11дпо, болни и како потечени гради. При движење ме болат, кога се симнувам по скали и при благ притисок. Болката е странична... Другооо... Повремен кремаст исцедок... Тоа сега за сега. Не се некои симптоми ама да ги пријавам Се обидувам да не си давам лажна надеж ама малку потешко ми оди. Дечки, ви праќам малку позитива
Добро утро женички дамички, малце облачно утро,ама живи сме здрави сме.. и ме немаше некој ден, ама тука сум и ве читам. Денес 14ти ден од циклус. Фертилити виндоу отворен, активни сме, минатиот месец на 11 ден, имав 15 мм фоликул, и се водам на тоа деа овие денови ми е овулацијата. Убав дееен
Женски хелп! Нестрплива, луда, ненормална не знам каква сум ама ми текна сега тест да направам а сум 8-9дпо. Знам дека е ПРЕРАНО, пре пре прерано за тест ама немам нерви веќе... И сега маката е уште поголема, како да гледам цртка или пак халуцинирам, сопругот не ја гледа. Сега барам стручното жири да да даде мислење а тоа сте вие П.С Немам никакви симптоми, освен по некоја остра болка во лев јајник, а и во овулација левиот јајник ме болеше.
Имам тест ама сакам да се стрпам барем уште некој ден, само не знам дали ќе успеам Не сакам да си давам лажна надеж, а си ја давам ама ајде што да правам кога немам трпение
Линија нема, прерано е. Ја разбирам нестрпливоста и ич да не се секираш, ептен си нормална. Почекај уште 2-3 дена
Тебе те чекав да ми одговориш, знам дека се разбираш во овие работи Пак ќе прашам, тука нема линија? Или од што сакам да ја видам ја гледам?
Мене ми се гледа линиичка ептен ептен бледа како сенка. Се надевам не халуцинирам и јас . Повтори пак за 2-3 дена и израдувај нѐ!
Дај Боже да се израдуваме сите А секој месец си правам вака притисоци и кога ќе добијам после следат плачки 2 дена и пак умот не ми доаѓа
Ееех на кој збориш.. Посебно оние последните 2-3 дена ми се најтешки кога стискам заби да не правам тест
Ја видов таа, ама ми се чини дека е преблиску до контролната. Мислам оти утре па ќе правиш, па ќе видиме
Ќе чекам да дојде денот за добивање па ќе видам, ќе се стрпам дотогаш за да не си правам стресови залудно. Еве утринава ми почнаа болки во половината како за добивање, така што ништо чудно да добијам за некој ден.