Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    12 дпо, дата за недобивање 30.12
    Градите сеуште болат, не ги чувстувам како потечени, болката ми се шири накај пазувите.
    Почнаа минимални пмс болки во половина и јајници ама ајде fingers crossed.
    Буквално се осеќам како во пмс.

    Ајде понеделнички да тргне на сите, убаво да ја завршиме годината :sun:
     
    На Iris-1234 и V.N. им се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Saba08 имам уште едно прашање за тебе: Добивам на 28-29 дена, овој месец на 16ти ден циклус добив позитивен тест за овулација (двете цртки беа иста боја), а на 17ти ден тест цртката беше потемна од контролната. Дали тоа значи дека овулацијата била на 17тиот или 18тиот ден од циклус? И бидејќи овулацијата ми беше задоцнета дали тоа значи дека и менструацијата ќе ми доцни доколку нема бременост? Малце тие работи не ми се јасни и ми треба помош за да ми се разјасни.
    Првпат немам симптоми за добивање освен краткотрајни болки во половината и во лев јајник. Збунета сум:?:
     
  3. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Список за тест/ НЕ добивање:

    @medena147 30.12
    @DaisyDoo 30.12
    @meggle 03.01
    @IronLady 31.12/01.01
    @Peanut Butter 04.01
    @*Лаванда* 31.12 (можеби)


    *Како сте, девојки? Има ли нешто ново да пријавите? Како ви врват деновите?:sun:
    Јас сѐ уште сум активна и немам појма што се случува со циклусов. Посакувам да биде сѐ во ред и имам голема надеж дека ова е патот кој ќе ме однесе кон позитивниот тест.:angel: Ама, не сакам премногу да се надевам - за да не се разочарам после тоа. Ма да, човек и да не се надева - пак ќе постои доза на разочарување. Но, важно е и да се остане весел и позитивен, со чисти мисли.:l:

    Бидејќи, темава е за полесно минување на тие 2 недели на иссчекување, јас би направила сѐ за да тоа лесно ни биде овозможено. Сакам да разврземе и некоја друга актуелна тема, со цел да си ги оттргнеме мислите. Не сакам да мислам 24/7 само на обидувањето и чекањето. Во последно време - потешко ми оди тоа.:tmi:
    Па, затоа ја користам приликава да си помогнам себе си, но и на другите и да ве прашам::$:l:
    Како сте? Како ви врват предновогодишните подготовки? :party:Дали се подготвувате за Новата ни година? Дали веќе одлучивте каде ќе ја поминете најлудата ноќ - дома, во ресторан, во викендица, на плоштад ..?Дали ве “дрма“ новогодишна еуфорија?:inlove:
     
    На Freckles., V.N., Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  4. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    @АнаМаријаД Дали правеше денес тест, мила? Стискам палци и чекам резултати:inlove:(fingers):l:
     
  5. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.359
    Пол:
    Женски
    Први дознавте за мојата бремeност. Сега да ви кажам дека заврши. Плодот нема срцева акција и најверојатно до сега не сум прокрварела од утрогестанот. Ќе ви се придружам за 3 месеци кога ќе можам да почнам пак со обиди. Малку сум во шок ама ќе помине. Ве гушкам сите, најмногу @Saba08 :l:
     
  6. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.653
    Не, линијата треба да биде за некој милиметар подалеку од забележаното...
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.653
    Не се разочарувај мила, и јас поминав низ истото лани...
    После 5 години ги видов двете цртки на Божиќ, тоооолку бев среќна, но ете, немаше срцева акција...
    Е сега еден добронамерен совет - оди на киретажа, немој со апчињата. Киретажата ја прават со целосна анестезија и за 2 часа си дома, после тоа ќе крвариш 2-3 дена и толку, јас не осетив ни болки, ништо...
    А со апчињата ќе се изнамачиш, кај што ќе те боли мноогу, па и ќе крвариш со недели и постои веројатност да не се исчистиш целосно за да мораш после пак на киретажа ...
    Сега е празничен период, можеби малку ќе ти се тргнат мислите со прославиве иако знам нема да ти е до ништо, сепак пробај да не мислиш... Едноставно нашето тело детектира аномалија и така треба да биде. Мислам дека секоја трета, ако не и втора жена има поминато низ ова. Ти испраќам љубов :l::f::sun:
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Машки
    Дечки, предлог за добар гинеколот од Битола?
     
  9. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.653
    E вака, јас сум добра и не пратам симптоми. Лани кога бев бремена (бременоста заврши во 9та недела немаше срце) осетив ниииза симптоми и после тоа кога почнавме пак со обиди скоро секој месец ги осеќав истите симптоми а не бев бремена...
    Така да, се може да значи и ништо не мора да значи, ни температури ни пецкања ни исцедоци ни болки во гради.... Поготово не кога е рано кога ве читам тука 7дпо, 8дпо - само стрес си правите.
    Сфатив дека секој циклус си е приказна за себе и чекам да ми дојде.... Ако ми доцни минимум 5 дена ќе правам тест, а дотогаш мозокот на пасење и ако треба да биде ќе биде.
     
    На *Лаванда*, elenaklasik, V.N. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мила, биди јака, исплачи се а после тоа главата горе. Штом еднаш биднало, ќе биде пак:l: Те гушкам:hug::hug::hug:
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Глава горе, така требало да биде.
    Низ истото поминав пред две години, токму во истиот период, Божиќ, Нова година, Бадник. Тогаш не се ни обидувавме, ама плодот не се разви како што треба. Бременоста ми беше потврдена само преку бета од крв, на ехо ништо немаше. Премногу рана бременост беше и во консултација со докторката од Ремедика се одлучив за апчиња.
    Убав период претстои, помини си време со блиските и опушти се. Не му се секирај, ќе помине и без разочарување :l: убаво кажа @meggle, природна селекција на телото
     
    На Angella7 и meggle им се допаѓа ова.
  12. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    34.607
    Пол:
    Женски
    Ми дојде вештерката многу порано него ли што треба.
    Претходно никогаш вака не ми било, ама баш никогаш и затоа малу се разочарав, ама здравје наредна година пак ќе пробуваме кога ќе дојде либето.

    За сите вас што сте на темава, стискам палци да ви се оствари најголемата и најубавата желба- две позитивни цртички
    :l::l::l:


    П. С наредно си реков ќе терам со тестовиве за овулација што се, па баш ме интересираше кои ги користите вие, и отприлика која цена де движат и колку има во едно паковање?
     
    На *Лаванда* и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас ги користам овие и супер се покажале.
    https://www.iherb.com/pr/fairhaven-...-strips-40-ovulation-10-pregnancy-tests/74036

    40 тестови за овулација и 10 за бременост, стигнуваат за околу 3 недели.
     
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Оооо, симптоми појма немам веќе хахах. All in all се осеќам како во ПМС, па натаму ќе видиме. Не планирам да се тестирам порано, нека доцни ако доцни барем два дена.

    Деновиве врват брзооо, посебно викендот... вклучив две три машини за перење и ОП понеделник!

    Нова година дома, со маж ми и маратони филмови до сабајле. Поубаво ми нема хаха. Не се чувствувам еуфорично, ама I look forward to it. :)
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.182
    Пол:
    Женски
    Мила, знам дека ја праша другата членка, ама ако може да ти кажам мое мислење.(се упикав(facepalm)).

    Кога си добила 2 јаки црти со иста боја, изгледа тогаш ти било high reading, а кога цртата ти била потемна од контролната, тогаш ти било пикот.(peek). Изгледа дека овулацијата ти била 12-24 часа после пикот.
    За менструацијата не мора да значи дека ќе ти задоцни, мада и можно е, кај секој индивидуално.
    Се надевам дека ти разјаснив некои работи и знам дека членката знае повеќе, сигурно подобро ќе објасни.

    Те гушкам мила и ти ја праќам најголемата среќа за 2 црти:inlove:!
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила најмногу:l: Многу ми значи секое мислење. Значи сепак прерано правев тестови, пикот ми беше минатата сабота, значи овулацијата се случила саботата ноќта или неделата (во неделата имав исцедок како белка од јајце). Значи уште ми е прерано за тестови, уффф ќе пукнам од радозналост:D Немам никакви знаци за добивање освен краткотрајни болки во половина и имав исто краткотрајни болки во лев јајник, а секогаш пред циклус ме болат половината, стомакот и градите многу. Заради тоа што немам вообичаени симптоми овој пат затоа прерано почнав да се тестирам. Не ми преостанува ништо друго освен да си чекам(waiting)(hollest)

    Фала ти уште еднаш:hug::hug::hug:
     
  17. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Најголем број жени овулираат еден ден по првиот позитивен тест. Битно е да се почне со односи порано оти тестот станува позитивен пред крајот на плодните денови.
    Прочитај го ова е убаво напишано
    https://www.avawomen.com/avaworld/long-lh-surge-last/

    Да, колку покасно имаш овулација, толку покасно ќе добиеш и обратно. Лутеалната фаза почнува по овулација, должината се разликува од една до друга жена, ама кај секоја една жена е речиси постојана. Значи, ако оваа фаза кај тебе е 14 дена, циклус ќе добиеш 14 дена по овулацијата. Ако си имала овулација на 10-ти ден, циклусот ќе трае 24 дена и ќе добиеш на 25-ти ден. Ако имаш овулација на 17 ден, ќе добиеш на 32 ден.
    Не барај симптоми за бременост пред позитивен тест.

    Гледам си споделила линк за тестови за овулација, да кажам само оти јас имам нарачувано од овде:
    https://www.ebay.com/itm/100-X-ULTR...b-79f5-4339-bd32-dbf566075ce0&redirect=mobile
    Точни се, поефтини и стигаат меѓу 1-3 недели.
     
    Последна измена: 27 декември 2021
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фалааааа ти од срце мила:inlove:
    Ми разјасни многу работи. Сега сум на чисто, да не се загрижувам за симптоми и да не си правам стресови беспотребно:)
     
  20. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Мило ми е. Ја дополнив пораката, не знам дали ќе те извести, ама прочитај што допишав.