Денес ми е ден за недобивање 10 дпо,до сега немам добиено сеуште правев тест сабајле бе сејв негативен испадна,останува да чекам до 30.12 да видам дали ќе добијам,а инаку пијам дабростон можеби и од тоа да ми доцни па се мислам што да правам дали да го прекинам или да почекам до 30 да го пијам.
Не сум правела, секој месец се залетував порано од што треба правев, сега ке оставам ако ми касни два дена барем ке направам, уште не ми дошла вештерката, има надеж (31ден од циклус денес, тогаш и добивам секој месец)
Според што рачунаш дека денес ти е ден за не/добивање? Дали си сигурна, затоа што обично лутеинската фаза трае 14 дена, барем мене толку ми трае. Ја мислам дека ти е рано.
Добивам на 24-25 дена 02.12 ми беше циклусот,овулација имав 15-17 ден од менструација бев стимулиран со кломифен,на 14 ден примив прегнил,пијам и дабростон и мислам дека ми доцни од него.
апдејт: - На 31.12 треба да недобијам. Исцедокот (како белка од јајце или повеќе како желе (sorry for TMI, морав така да се изјаснам)) си продолжи и тоа во поголеми количини. Секогаш пред добивање било суво, овојпат не е. Не сакам да си давам лажна надеж, туку само сакав да ги споделам со вас моите промени. Друг симптом - ништо. Вие како сте?
Мене пак обратно, кога останав бремена за време на овулација бев водена и после тоа суво - пустина, дури веќе кон 6та недела имав малку белузлав секрет. Така ко желе ми е секој месец непосредно пред да ми дојде
,,Најлудата ноќ,, ќе ми биде уште полуда кога ќе отворам во темава и оп - позитивен тест што зрачи најсилно на свет. Јас сум супер, си чекам позитивни тестови да си стоплам душа, а нешто ми кажува дека за брзо време ќе има. Предходно кажав тука дека осеќам и се исполни 2 пати по ред, па ајде Боже и сега нека биде така и да ми се исполни интуицијата.
Ајде дечки за вас стискам палци - израдувајте се најубаво на крајот на годината оти јас паднав во вода, еве осеќам болки за добивање од вчера, некна, очекувам во секој момент да пробие. Ден за недобивање ми беше 30ти според Мој Календар, ама ваљда ќе подрани малку... Ви пуштам среќа , ќе се вратам овде во Новата.
Немој така, вие мене како ме советувавте пред некое време? Се додека не ти дојде, сеуште си во игра. Болките за бременост и за менструација биле исти, така да радувај се додека ја нема, оти може ти уште повеќе ќе се израдуваш со 2 црти, а можеби ќе има и повеќе тестови на самата нова година?! Ме фаќа возбуда, Боже само за добро нека е! Се ќе биди златна, ќе видеш, сите заедно ќе си галиме мешиња.
Види, јас имав болки како за добивање 3 дена пред датата за доаѓање. Толку ме болеше стомакот, станав сред ноќ од спиење. Ама не дојде.... после неколку часа се смирија болките и така периодично ме здоболуваше, ту во половина, ту доле јајниците и така си продолжи низ цела рана бременост, нормално се намалија болките, ај да не речам болки, после тоа беше како нелагодност некоја
Два дена пред добивање какви болки сум имала, мислев ќе умрам од болки. Денот кога требаше да добијам магично исчезнаа. Тогаш добив позитивен тест. Се дури не добиеш има надеж.
@QweenSM @meggle @bella12 Души сте вие, фала што ми дадовте малку надеж. Знаев дека се поклопуваат симптоми 99%, ама буквално бук-вал-но истите болки во стомак ги чувствувам. Ајде нема да дигам сеуште раце. Како беше онаа, hoping for the best, expecting the worst . Фала ви дечки, како сонце да ме огреа кога ве прочитав
Нема зборови за утеха. Многу ми е жал што така се случи. Нешто довело до тоа, никој не може да знае зошто. На крајот она клише - така требало да биде. Дозволи си да правиш тоа што сакаш, без притисок, ќе помине овој лош период, повторно ќе имаш шанса. Голема гушка за тебе
И јас некако изгубив надеж, денес ме фатија болки во стомак и половина исто ама ИСТО како за добивање и ептен сум за никаде... Ама читајќи што ти пишаа девојките, си викам има трошка надеж
Jaс да ти кажам, пред да добијам позитивен тест, односно пред да ми доцни, се осеќав мноогу чудно. Ми доаѓа одприлика 25-27 дена. На 19,20,21ден осеќав пецкања во јајниците наизменично (обично кога ќе легнев навечер да гледам филм и ќе почнеше боцкање малку во левиот, после ќе престане па ќе почне во десниот јајник ) и некој мал притисок кај матката доле и околу папокот некое чувство на празнина, не знам како да објаснам поинаку. Почна да ми се спие ненормално многу поручек (јас сум тип на човек кој никогаш нема спиено поручек), мочкав често, и мноооогу ждригав. Негде на 23ден се разбудив како со температура, со растечен нос, ама тоа траеше само 1ипол ден, после магично исчезна настинката и веќе наредната вечер во сон се разбудив со болки како за доаѓање силни и си викам - џабе следиш симптоми ете доаѓа вештерката, ама не пиев лек со помисла дека може има нешто и чекав само црвено да видам за да се напијам.... цеела ноќ до сабајле си трпев болки, рано утрото престанаа, ставив влошка и заспав. Кога се разбудив, гледам нема ништо и си отидов на работа, па почнаа болки во половини и јајници наизменично, кои како минуваа деновите стивнуваа ама затоа ме жежеа брадавиците и ме чешааа многу... И веќе кога добив позитивен тест како одминуваа 5та, 6та, 7ма недела имав повремено нелагодност во пределот на јајниците и матката и градите ги осеќав од ден на ден се поболни, дури како гнило под пазувите и мислам дека оган ми гореа брадавиците... Етеее може ќе си ги пронајдете симптомите
Леле колку убаво објаснето, мила! Секоја чест! Обожавам да читам вакви стории и со нетрпение чекам да ви ја напишам и мојата (секако, кога еден ден ќе добијам позитивен тест). Многу убаво ти е напишано, ти благодариме од срце
Никакви симптоми други немам освен повремено болки во половината и стомакот и пред малку силно пецкање во лев јајник (тоа со пецкање во левиот јајник ми се јавува уште од овулација ама сега беше посилно) и едната града малку ме боли. Збунета сум и не сакам да се надевам затоа што се плашам дека ќе се разочарам ама сепак потајно си се надевам малку. Како и да е, да се надеваме дека еден ден ќе бидне работава кај сите