Девојки имала ли некоја чудно чувство во брадавиците како симптом? Не ме болат, туку чудно ги осеќам, не знам како да опишам...
Ако си почнала покасно. Апликацијата ќе се "снајде", особено ако го внесуваш и исцедокот каков е. Во апликацијата е сé објаснето што и како се внесува, секакви податоци, графици од други жени, интересно е, ако имаш време читај си, ако не, прашувај сé што те интересира.
За денес пријавувам следно: (8дпо и 5 дена до НЕдобивање) Температура 37,1 Чудни сонови Утринска вртоглавица (вртоглавица за првпат доживувам во животот. Страшно било ова, еј! Паника ме фати) И тоа е, толку. Друго немам ништо да пријавам
Jas 3 dena posle inseminacija, dobivam E.Coli ima li care bez antibiotici ,strav mi e da pijam, da ne poremetam nesto
Мила, да пријавам и јас симптоми (петок ми е ден за НЕдобивање): -многу болни и отечени гради, како и осетливи брадавици -чудни соништа -главоболка -болки во половината Толку за денес, ако има нешто ново ќе пријавам
Дс се пријавам,сабајле мерев темперстура 36.5 ми беше, ама многу се возбудив ка мерев срцето ке ми излезеше се размрдав некако. 23 ден ми е од циклус. Имам запек, а и баланс вчера намерно пиев, и сонував еден сон, дали од мисла, бебе сум родила ама бебенцето едно буцко големко ее си викам машала колкаво бебе сум родила, а ни трудна не се осетив. У текот на ноќта ме болеа мн јајниците..
И јас во двете успешни бременост ја имав два-три дена по овулација и пиев антибиотици, значи не се пореметува ништо, не се плаши.
Здраво на сите! Јас сум во 17 ден од циклус ( секогаш нормална и точна менструација и овулација). Овулацијата секогаш ја чувствувам и истата ми е пропратена со кафеав исцедок. Минатите 7 дена бевме активни (секој втори ден, во недела на овулација, исто имав малку кафеав исцедок). Имам некои грчеви од време во долниот дел на стомакот. Е сега не знам сеуште што ќе биде до следен датум на циклус, но вчера и денес имам постојани нагони и мачнини,а денес и целодневна главоболка (мерев притисок, океј е), постојано мокрење како и зголемен секрет во жолтеникава боја со кафеаво. Како ја ублажувате главоболката, некако не ми се земаат апчиња за болка. Доколку некој е во ваква ситуација ве молам споделете како си помагате. Фала ви!
И боље што не си земала апче никакво! Јас пред да дознам дека сум бремена добив огромни болки во бешиката дури плачев од болките отидов на матичен и ме праша докторката да не сум бремена на што и одговорив дека не знам затоа што прв пат пробувавме и не сум сигурна на што она ми даде сигурно апче кое неможе да му наштети на плодот на крај дознав дека сум бремена и многу сум и благодарна затоа што на мене такво нешто у тој момент немаше да ми текне и супер на тебе што ти текнало .. за главоболките нема некој лек кај нас трудници само покачување на притисок доколку е пренизок иначе ништо друго мора да се издржи ! Ти посакувам две цртки
Луѓе дали хемороиди се знак на рана бременост? Еве веке неколку часа одам по мала нужда но на тоалет имам како крв, не е од вагината и јас првен помислив имплантациско.. Читав на нет, поради зголемувањр нс прогестетон или естроген може да дојде до тоа, шо знам..
Хемороидите ти се јавиле поради запекот. Миј се со млака вода после одење по голема нужда. И не се плаши, сами ќе си се повлечат. Но, им треба време. п.с. - има и масти за хемороиди, прашај по аптеките дали се дозволени за бремени.
Не, не се. А крварењето не мора да значи дека е од хемороиди, освен ако не се надворешни па си сигурна дека е тоа. Ако е таков случај јас кога имав после пораѓај од се што пробав, најмногу ми помогна масло од кантарион и редовно миење само со чиста млака вода, без купки, интимни гелови и сл.
Ептен е возбудливо ова чекањето. Сабајле мерев температура 37.1, после пак продолжив да спијам, станав ептен ми е лошо, глава ме боле, а и долните заби ме болат сите у жлабињето. Треба на 8ми да Не ми дојде
@*Лаванда* како си мила? Како си со симптоми денеска? Јас можам да пријавам појаки болки во половината и во стомакот како пред добивање и денес се разбудив со главоболка. Знам дека главоболката може да е знак за бременост ама јас често имам главоболки и пред добивање така да немам многу надеж месецов. Како сте сите други што сте во исчекување?
Јас денес (9дпо, 4 дена до НЕдобивање): температура 37,0 чудни соништа Друго --> ништо. Нека не паѓа температурава, те молам Божеее Инаку, Ирис, кај тебе ми се допаѓаат симптомиве, иако ти велиш дека немаш надеж за месецов. Чекај, има време. Збунувачко е што симптомите за бременост и добивање се преклопуваат горе-долу. Па, ти оди најди им разлика ако можеш. Хммм....