Исто и мене во овулација (на ехо 12ти дрн 18мм фоликул) ме болеше левиот јајник. Сега ми е 19ти ден од циклус т.е 3ти ден после овулација и почнуваат градите да ме болат ако е уште рано ама и новата изгледа ќе ми започне со негативен тест
Мила исплачи се сега и во новата година ќе влезеш со нови сили и две жар црвени цртки! Нова година-нова надеж! Те гушкам
Ох леле сите сме со исти маки... Минатите месеци некако се воздржував за тест или пак еден ден порано добивав и немав ни шанса да направам тест. Овој месец бев некако убедена дека ќе биде и рано почнав да се тестирам, иако велев дека нема да го правам тоа пред да ми доцни ама посилно беше од мене. Сега кога почнав да добивам симптоми за добивање како да се освестив малце и решив да се стрпам (ќе видиме до кога). Како и да е, мислев дека патот до бебе е полесен ама не било така. Ви посакувам на сите жар црвени цртки и многу бебуши во новата
Мене обично таква страшна мигренозна главоболка ми е предзнак за пробивање. Кога ќе ме фати знам дека за брзо ќе ми пробие. Вчера имав таква... Умрев... А сеуште не пијам апче никакво со надеж дека нешто има. Гледам си пишала дека ти дошло вчера, ајде глава горе и без разочарувања колку и да ти се излишни зборовиве во моментов. Сѐ во свое време, едноставно сега не било вистинското. Сакав да те прашам, дали е типично и за твојот пмс да имаш такви мигренозни главоболки? И дали има некој друг што пати од слично ден-два пред да добие? Ама она ужас главоболка со гадење, нагони за повраќање, да не можеш да мрднеш од кревет, само темница да годи, мириси и ароми никакви... Од тоалетот во вцто оној мирисливиот ми се подигаше вчера. Не алудирам на бременост, не ми е првпат ова во пмс само сакав да знам единствена ли сум какво чаре да барам... Ако сум оф топик ќе се префрлам со прашањето на друго место. Фала
Добро утро жени, според апликација утре ми е овулација, според другата ми е на 31ви. Јас денес толку глупаво се осеќам, без сила, изгледа иам и температура. Важно активни сме па здравје боже, ако не за Нова година, за стара Нова да видиме убави двечки цртички...
Иста сум и јас, викаат главоболка била и симптом за бременост ма изгледа кај мене е обратно. 2 3 дена пред да добијам главата ми чука како клукајдрвец да имам внатре. Една тупа неподнослива болка , мачно ми е,ми се лоши така да кога така ќе ме заболи знам дека доага вештерката.
Да јас ! Или пред да ми дојде или откако ќе ми заврши. Ужас! Не сакам ни да помислам што ми се случуваше, неколку дена бев буквално како билка, дури сопствената плунка што ја голтав ја повраќав... Арно ама лани ова време останав бремена, за жал бременоста заврши во 9та недела и мислам дека Бог ми го испрати тоа мало бебче за да ми ја земе со себе таа грозна мигрена ...
Ау ау ау абе тоа е нехумана болка, мило ми е што си куртулила ти иако на немил начин. Абре неработоспособна сум... дома обврски не можам да потерам. Како знае да боли глава еееј... та ментоли под нос, та масла од лаванди, та со фен дувања... абре не тоа едино мора да се одлежи и прележи. Еве тоа е уште еден симптом дека ќе ми дојде брзо брзо. До сега не ми е пробило уште, ама.... Оние болки менструални како да намалија, чат пат лев јајник ме чепне така некое чувство... и градите веќе не ме болат толку. Што биде нека биде, јас сум среќна што ја преживеав вчера таа главоболка! Sending love на сите
Девоојки јас сеуште немам добиено,се надевам утре на позитивен тест ама ќе видиме што ќе биде,инаку 2 ден ми е откако престанав да пијам дабростон,немам никав симтом нити за добивање,повремено знае некој грч да ме здоболе стомакот,градите ми се меки како памук.
Ниишто не ми помагаше, мора да помине само од себе. Еден ден боли левата страна, друг ден десната, третиот ден имам очен притисок страшен, и така со години... Благодарев на Бога кога ќе ме прескокнеше некој месец. Веќе кога ќе поминев и сито и решето ќе застанев под туш и може цел саат си правев масажа на глава и лице за да се препородам.
Jas i ti na isti den imame dobieno, sega isto vreme kje se nadevame na dve crticki... jas utre treba da odam na ginekolog najverojatno kje me bockaat bidejki vcera imav eden vodecki folikul i kje mi pravat inseminacija (ne sum stimulirana so nisto) se nadevam deka i dvete kje se druzime zaednooo so pozitivni testovi
оооф леле па не можеш ни да се напиеш нешто, не дека ќе помине де, ама мош ако се фати навреме болката поголеми се шансите... еве горе пишав што правам, пробај и ти мислам дека се е океј да се применува во бременост. Хедгал од аптека (рол он со мирис на ментол, камфор) под нос го ставам и мирисам од него, плацебо ли е нели е, маааалку ме опушта. Сега ново ми е од ДМ зедов капки од лаванда, и тоа под нос или така малку ставам на перницата да ми мириса на пријатно оти секој друг мирис, посебно благ мирис, ми смета и ми ја ојачува главоболката. И се дувам со фен там кај што ме боли, некогаш лева страна, некогаш десна (претежно десно), чело, тил и тн. Ете тоа може малку да ублажи... Штом во бременост имаш мигрени, значи и за мене има шанси уште
Добар ден идни мами, жени, девојчиња, кралици. И јас како најмилата @АнаМаријаД сакам да ве поздравам со сликава, бидејќи цврсто верувам дека за скоро и ние ќе бидеме во истата ситуација. Ве гушкамммммм.
Тој што има мигрена знае дека ништо не помага. Мене ми рекоја прво со парацетамол па поминав лошо три денови со повраќање и неподнослива главоболка. Ти можеби имаш мигрена само кога имаш менструација. За мене немаше правила. Примав и терапија бев подобро ама ја прекинав поради бременоста. Јас секогаш сум пиела по неколку апчиња и ми траела два три дена но сега гледам дека поради дејството на апчињата колку толку се трпела болката. Но сега без апчиња станува се повеќе интензивна. Гинекологот ми одобри да пијам апчиња се напив едно првиот ден подобро другиот пак интензивна болка и ми беше страв пак да пијам апче и бев три денови со главоболка. Ова е неиздржливо се надевам понатаму во бременост ќе ми исчезне.
Секогаш ме фака мигрена или ден пред да добијам или пример ко вчера ме фати негде поручек и за неколку саати добив, и тие се тие најстрашни мигрени што ми се случуваат во месецот со повраќање со се, само у темница и мирување ,ми смета и звук и светло, мирис да ми дојде некаков дали од готвење или било што одма на повракање ме тера,неможам ни да јадам ни да пијам, вакво нешто не посакувам на никој, ако во бременост имам вакви мигрени незнам без апче како ке се издржи, вчера незнам ни ја колку апчиња испив и пак не ми помогна, имам во месецот 3-4 пати мигрена ама како оваа што доага кога ми кажува дека ке добијам е најстрашната