Едно информативно прашање Дали додека се обидувате за бебе си вежбате/тренирате редовно (прашањето е за тие што спортуваат)? Знам дека вежбањето е здраво ама вака кога треба да НЕдобијам малце ми е мисла во смисла на тоа што ако има нешто и јас му наштетам
Добро утро, добар ден жени Денес ми е ден за недобивање, имам ПМС симптоми веќе неколку дена, привремени болки во јајник, матка, болни гради. Она што ми е questionable ми е екстремното гадење насабајле. Веќе два-три дена ми е така, денеска посебно. Истовремено сум и анкс sufferer, па и претходно сум имала моменти на morning anxiety кога насабајле ми се многу гадело ама изминувало во текот на денот. Но, овојпат како да е малку друго бидејќи осеќам гадење и во текот на денот. Еве пример вчера на работа се договаравме што да јадеме, од се' што ми предложија да порачаме буквално ми се гадеше... Можеби си умислувам, можеби е психосоматски. Сакав да прашам, и дури да има можност за трудноќа, зарем не е рано за утринско гадење?
Немам добиено правев тест утринава негативен беше не верувам дека ќе биде овој месец,и веќе почна да ми кркори а тоа ми е прв знак дека ќе добијам кај и да е.
@*Лаванда* како си најмила? Како се држиш? Утре е денот Д? Да знаеш дека те мислиме и те чекаме Стискам палци и праќам среќа за II
Фала ти душа што мислиш на мене. Ми дојде ноќеска ме разбуди болка. По на време не можеше да дојде. Многу се разочарав, не знам каде грешам . Гадењето веројатно од проблемите со желудникот ми било, оти и сега го чувствувам. Ајде за кратко пак ќе влетам овде со апдејтс од другото исчекување. Ајде дечки држам среќа на сите вас да си ги видете што поскоро двете цртички! Се надевам некоја денес ќе ме израдува оти јас сум out and down.
Мила, точно знам како ти е, сите овие месеци од кога почнавме со обиди ги почувствував сите симптоми и на крај ништо. Веројатно психата си игра со нас Ајде да си кажеме Нова година, нови можности. Да се надеваме дека оваа година ќе биде најубава за сите тука што сме во исчекување Опушти се за празнците и со нови сили следниот месец Те гушкам