Мила, а ти прави вака на предходни менструации? Да имаш розевко-кафенко па после јака крв? Незнам дали ме читаше, и мене вака ми се случи со минатата мензис, 2 дена имав розево-кафенко, па на крај за жал добив. Имплантациско се случува 10-14 дена после оплодување, така да, имаш големи шанси и да е тоа. Те гушкам и стискам палци да има црвче во меше, а верувам дека има.
@*Лаванда* да се јави на главната каса и да ни да ни каже дали има позитивен тест. Огнометите ми се в џеб, цела сум опремена за славење, само чекам да ги видам најубавите црти. апдејт за мене: имам уште цели 4 дена до овулација, ама плодните денови се почнати и воедно е почната и акцијата. имам многу голема надеж овој пат, те молам Боже исполни ми ја!
Те читав, знам сѐ. Претходно кога добивав обично прв ден ми е болен, сега немам ништо, градите ми спласнаа само и ова кафеавото. Си викам да не е од што се надевам па си правам филмови. Ќе видиме, или ќе добијам или не, нема трето. Тебе ти посакувам мноооооогу среќа месецов!
Среќна, нааајсреќна да ни биде Новата година! Да сте ми здрави, живи, весели и догодина побројни!! Само убавини да ве пратат, да Ве има Господ во раката - сите!!! Апдејт за менеfingers) тест сѐ уште не сум направила. После оној исцедокот кој беше како белка од јајце, мислам дека сум имала подоцна овулација. Може да се каже и дека сум сигурна во тоа. Е сега, од циклус денес ми е 31 ден. Од овулацијата за која мислев дека тогаш ми била ама после се испостави дека сум имала доцна овулација - денес ми е 15 ден. Од овулацијата сега по ново, оваа доцната - денес ми е 5 ден. Менструацијата ја нема на повидок и во скоро време не мислам дека ќе ја има. Не бевме баш многу активни во деновите со тој исцедокот, ама по ова мислам дека треба да е “фатен последниот воз“, пресметкиве и не ми се толку важни, но сакав да ги сподеам со вас. Тест сѐ уште не ми се праве. И не оти немам храброст овојпат, туку оти сакам да видам две ЈАКИ жар црвени цртки, а и по новата пресметка - така му доаѓа.Ќе причекам да поминат уште неколку дена, за да бидам барем 13 дпо (сега по новата овулација, во која денес сум 5 дпо) и потоа е направам тест, ветувамммм!!! Инаку, мерам и температура. Од ден на ден е повисочка. Односно, се движи во интервал од 36,5 - 36,8. А, пред исцедокот и за време на исцедокот беше 36,1 - 36,4 . Охх, се надевам дека ме разбравте убаво, паметни мои. @QweenSM Какво чувство имам дека овој месец ќе има нешто позитивно таму кај тебе ауууу!! Те мислам цело време и знам дека ќе се израдуваш во најскоро време! На сите ви посакувам успех и знам дека 2022 ќе биде многу поплодна од претходната! Ќе има Бог и за нас - во тоа верувајте!!! Ве гушкам најмили!!!
Среќна Нова година идни мамички! Иако во овој момент не планирам за бременост, се надевам ќе ве дружам во понатамошна иднина, а сега наминав само да ве поздравам и да ви посакам оваа година да ви се исполни вашата најголема желба, да се остварите како мајки. Темава зрачи од убави постови и позитива, а особено ми се допаѓа таа меѓусебна поддршка и мотивација. Само одлучно, истрајно, со верба во Бога, со љубов, ќе си дојдат бебенца. Оваа година да биде ваша. Никогаш да не губите вера, секогаш и покрај се во вас да постои надеж и да го освоите она што го сакате. Дај Боже да се израдувате со позитивни тестови и радосни вести, стискам палци и навивам за сите вас.
Душа мила, ваквите постови ми влеваат надеж и сила да продолжам понатаму! Убавите зборови ми годат и во ваква виртуелна форма, додека чита да се ежи човек - оти гледа дека од душа е напишано и со добра мисла! Да си ми жива и здрава и Бог само убавини да те радува!!! Благодариме на поддршката и ти резервиравме место за, како што рече ти, во понатамошна иднина, да знаеш Те гушкам јас тебе најсилно!!!
Девојки среќна нова година и од мене, посакувам што повеќе нови мами и бениња годинава, здравје пред се, другото се само ке си дојде кога тогаш
Јас според апликацијата сум 2 дпо, не сум сигурна, треба на 14ти да ми дојде. Бев настината некни, а од новата година ноќта, немам апетит, не ми се јаде воопшто, еве 12ч. веќе јас ни абер ни глад не осеќам, а пред тоа коа ке станам одма јадев. У устата иам грд вкус безвеза. Можно е од шо сум била настината, се тестирав не е Ковид. Белким за Василица ке си го израдувам мм. Ајдее одбројувањето започнуваа..
Здраво на сите и Среќни да сте во новава година Имам едно прашање, знам дека е сеуште рано, но денес направив тест 10ти ден после однос 7 ден после овулација, тестот излезе негативен има уште надеж нели? во меѓувреме овие 2 дена осеќам некои слаби болки како за добивање, а дата за НЕдобивање ми е 10.01.2021, нестрплива сум, дали мислите е рано за бета хцк преку крв?
Многу ти е рано и за бета и за тест. Најдобро е барем еден ден да ти доцни за да ти покаже ако има нешто. Или од од односот да има поминато 15дена па тогаш прави тест.
Грчеви во стомакот имам пред добивање и сега имам,но кога качувам скали,се движам малко побрзоо,кога ја дигам керка ми имам болка во јајниците,сега седам на работа и имам ненормална болка во левиот јајник како некој со нож да ме сече. Бета после колку дена доцнење проверувате?Дата на (не)добивање ми е 07.01.2022
Еден месец пред да останам бремена вака имав лоши болки во јајник. Тоа беше денот пред да добијам, и јас се надевав на бременост тогаш, ама ПЦОС ми ги задавал тие болки. Следниот месец останав бремена, но немав јаки болки, само како боцкање во јајници. Тест правев 2-3 дена пред доцнење, бледо позитивен беше. Бета хцг правев потоа два пати на растојание од 3 дена за да видам дали расте вредноста. @Flooora96 јас имам слушнато дека метален вкус во устата е ран симптом на бременост.
@DarkStormm ама мене тек за 10 дена треба да ми дојде, нема шанси толку ран симптом. Инаку ни кафето не ми е слатко. Ни турско ниту макиато. Гнасно одвратно.