Од кај знаеш можеби е рана овулацијата кај тебе.. Кај мене беше задоцнета.. Не се водев по апликациите бидејќи не се точни, пресметуваат само математички. Одев често на гинеколог за да следам фоликули и така знаев кога ми се плодните денови. Е сеа кај мене беа и нередовни циклусите..
Женски како сте? Нешто затаена е темава или сте во акција или по гости на честитање нова година. Ајдеее се чекаат убави вести. Еве јас прикрај сум со вештерката, утре планирам да закажам на гинеколог, чисто онака стручно мислење бидејќи овој мензис така краток и оскуден ми беше па да се консултирам околу овулација.. Да ме просветли малку... Да не ја утнам и овојпат Како е ситуацијата кај вас?
Јас сум 5.дпо, немам никакви посебни симптоми, што знам Или можеби не се ни замарам веќе со нив, оваа година ипол секакви сум имала па ништо не бидна
Јас сѐ уште не сум правела тест. По ново, сум 7 дпо. Симптоми немам никакви. А, да ве прашам.. она имплантациско "крварење" , како розевкас исцедок, кога треба да го очекувам ако се фатило? Ве гушкам друшки мои! Периодов сум во гужви, ама да знаете дека сите будно ве следам и затоа примете сите по една специјална вторничка гушка
Мила, нареден месец со повеќе сили! Те гушкам многу силно и не престанувај да веруваш во чудата Божји!! Со тебе сме и ќе ти ја дадеме силата која ти е потребна!!
Чекаме да ни кажеш како помина на преглед. Да биде сѐ во ред посакувам, а двете цртки да ги видиш по нареднава овулација веднааааш!!!
Немора да значи дека ќе го имаш исцедокот , лично јас го немав само имав менструални болки и болни гради пред позитивен тест.. ти посакувам да те израдуваат две цртички
Јас пак упорно него го чекам . Ми се чини дека ако го видам и - готовооо! Нема потреба ни од тест . Ајде да те чуе Господ!
Кај мене никогаш не се појавил таков исцедок, а и јас го чекав како ,,гаранција,, Така да не се потпирај многу на тоа Е сега видов дека подоле си пишала за ТТ...е тоа веќе може да биде ...мммм
Ти кога ќе напраиш тест по "ново каснење" бебе веќе пред раѓање ќе ти биде Шала на страна стискам палци да бебче веќе се вгнездило и си расте...каква касна овулација какви бакрачи
Имам уште повеќе надеж сега, благодарение на вас. Викаш добра е температурата? Вчера не измерив оти заборавив и веќе кога се рассшетав по дома и ми текна- ама веќе беше доцна. Седми ден по ред температурава ми е висока
Хахахах ме изнасмеа, мила! Тоа си мислев и јас. Додека да се решам за тест- може бетата ќе порасне толку многу што тестот нема да ја фати
Начитана си ти, знаеш дека тоа всушност може да се случи...иди на бета директно не си прај стресови Нешто симптоми имаш?
Го имам и тоа во предвид, ќе гледам да не претерам со чекањево Никакви, ништо. Температурата на споделив, немам апетит и со сила јадам, ама тоа го препишувам на периодов во кој што сум моментално, друго н-и-ш-т-о
Одлична е температурата. Инаку јас од радозналост знаев и во 7 вечер да измерам и тогаш си беше околу 37. Нека си остане така само