Готово, решив. Утре од сабајле ќе направам - ветувам!!! Ама, ако е непосакуван резултат, ќе може ли да го рачунаме како доцна овулација, нешто како "рано ти е за тест" и такви ствари ? Може, нели?! Спремете се да ме решите, ќе ви поцимолам утре, можеби. Утре правам договорено! Пуштајте среќа вечервааа
@ Можеш и сега да направиш на толку денови доцнење ќе покаже и сега. Ајде оди мочкај не не држи вака во неизвесност до сабајле
И јас со нетрпение чекам тестот да ги видиме двете лини,мислам дека доволно ти доцни за да правиш тест.
А, неее. Предлагам да почекаме до сабајле. Утрото е попаметно од вечерта, нели? За убаво да ни тргне денот! П.с. Леле кога ќе објавам еден теееест уффф. Во трансови ќе сме
Лелее што читам јас, и издржа толку за тест бравооо царице Знам дека сабајле ќе ме будиш со убава вест, едвај чекам да ги видам 2те цртки од тебе Патем дојдов само да ви ја честитам Новата, нека 2022та биде токму годината на раѓањето на нашите чеда Далеку сум јас од овулација, ја испративме вештерката и се фрламе на работа
Ти ја праќам цела моја среќа и верувам во таква убава енергија и на оваа позитивност од овде затоа и дојдов да ве дружам Колку дена ти доцни?
Со Господ напред, мила!! Пааааа, мислам оти 5 дена. Ама ако е негативен тестот - јас ќе си рачунам како рано да сум го правела. Дури не дојде менс - не ми е верно
Само позитивно и да се надеваме,можеби и веќе си Јас требаше денес да добијам ама уште ништо страв ми е да кажам гласно
Ајде утре и ти еден тест, млада дамо. Штом ти е таква работата! Стискам палциии и да не дојде наредни 9 месеци
Ооо јас сум заспала синоќа, а вие тука журка сте правеле Ајде ве чекам денес да бомбардирате со тестови, мислам дека повозбудена сум сега за вас, него што бев за мене