Аууу се размрдала темата во ниедно време. Ајде @*Лаванда* лаванде на тебе чекаме од сабајле, стискаме палци на раце и на нозе Други има ли
Негативен е. Направив еден Фрух тест и еден од обичните од 25 денари што се тестовите. И двата се негативни. . . . Јас ќе си се рачунам како 8 дпо, па уште ми е рано. Дури не добијам - тестот го бришам од меморија. Добро сум, инаку. Знам дека нема да добијам наредниве неколку дена. Па, тоа ми дава надеж. Простете што ве разочарав. Живеам за денот кога тука ќе ви го покажам најпозитивниот тест. Ама, тоа не требало да биде денес. Камо да имав нешто поубаво да споделам..
П.с. : таа самата една линија на тестот- абре, ми се чини оти очите ќе ми ги прободеше, од толку што се негативни тестовите...
Какво разочарување?!? Уште е рано можеби и самата си знаеш дека е можеби доцна овулација и секако додека не се појави вештерката ништо не е готово! Ти праќам
Еден ден ќе биде кај сите, во тоа бидете сигурни!!Па, после ќе ни остане во сеќавање дружбата овде, ќе им ја раскажуваме на дечињата - ќе видите Само да има век - ќе има и лек
Не ме вадите од игра, нели?!! Јас мислам оти е рано. Може и смешно од моја страна, ама ете јас во тоа решив да верувам
Здраво девојки Се радувам на секој позитивен тест од срце, а ми се враќа малку горчина кога ќе видам пост, добив. Само храбро напред, откажување не е опција. Позитивна мисла и правете ги сите работи кои ги сакате, а ги одложувате за утре, следниот месец, година. Запишете на лист се што ви лежи на душа. Одете на дејт со партнерот, танцувајте по дома и кога ви се гребе по ѕид од немоќ и бес. Купете си ново собно цвеќе и посветете му се. Правете си го животот убав со малите детали, не вреди деновите да ги трошите на мисли зошто јас не сум овој месец, а сите околу мене како од прва да им успева. Се ќе дојде во вистинското време. Немањето контрола над ситуацијата го прави моментот на две црти уште помагичен и шокантен. Во новата година ви посакувам на сите да ви се оствари најголемата желба, да не знаете дали е ден или ноќ и пак најубаво да ви биде.
Какво вадење од игра, во игра си сеуште, а и сепак доцни Ај да видам јас и денес дали ќе го истуркам денот без да добијам
Какво разочарување бе, мила?! Менструација уште немаш, така да имаш уште многу надеж и сигурно си имала доцна овулација, своето тело сигурно си го знаеш најубаво, простор за радост има - и те како! Те гушкам, ти ќе бидеш најубавата и најдобрата мами на свет! Колку ми требаше да прочитам само еден ваков пост, фала ти мила за одвоеното време. Незнам дали си веќе мами, или тука ќе не дружиш нас, ама како и да е - ти ја посакувам цела среќа на свет, се што сакаш да ти се исполни. Оваа година верувам ќе ни биде на сите најубава, ќе бидеме бремени или уште поубаво - ќе се родат нашите чеда, нашите сонца!
Ќе ве дружам обавезно кога ќе дојде ред за второ. Сега сакам само нааајголема поддршка да ви дадам, бидејќи го одев истиот пат. Без ниту еден физички проблем не останував бремена година и 5 месеци. До толку се напнував психички што почна ненормално да ми доцни циклус, па од плачки на секое добиено, почнав да се грижам зошто не добивам, шансите ми се пропуштаат. И кога реков кревам раце од се кога сака нека биде во спротивно ќе побудалам, бидна баш тој месец и ми се оствари желбата да имам јулско дете. Затоа ви велам не ја занемарувајте психата, колку и да е невозможно да се опушти човек мора да се најде издувен вентил и да се остане најпозитивен. Чудото наречено нов живот ќе се случи кај сите.
Девојчиња најмили, иако никогаш не сум пишала до сега ве пратам од отварање на темата. Се радувам и сочувтвувам со секоја една од вас Неколку патати пишев бришев мислења, и никако не собрав храброст да ги пратам, не знам зошто. Ама голема подршка ми бевте, без да знаете дека сте Сега ви пишувам за да повлечам нога, да тргне на позитивно годинава во темата, по неколку денови штама. Во понеделникот после работа ја видов најрадосната цртка што уште на сам почеток ми ја направи годинава моја омилена Дај Боже празнициве и месецов да донесат вакви позитиви кај сите што се во очекување Лаванда, тебе прва те чекам друштво да си правиме, сеуште си во игра и тоа како Ве гушкам најсилно
Со среќа најмила, имај си лесна бременост, конечно позитивен тест после толку време, браво! Сончевиот ден не бил за џабе, ете зошто толку грее сонце, имаме нова мамииии!
Значии како да не ве сака човек Фала ти мила, како што кажав ве чекам сите по ред, тука ако не се читавме во труднички да се читаме за најкраток можен рок