Честитки мила, лесна бременост! @*Лаванда* драга и мене првиот тест ми беше негативен, самата си видела дека е доцна овулација. Причекај па пак повтори. Те гушкаам!
Честитки злато колку само се радувам кога гледам позитивни тестови , ајде повлечија ногата и за нас . Кажини кога почнаја симптоми и какви симптоми имаше
Фала ви наајмногу на сите, ми ја разубавивте неделата и дополнително Нога влечам најсилно што можам, поради тоа и се охрабрив да ви пишам Симптоми пред ден на добивање имав повеќе минатиот месец кога добив во споредба со сега Овулација осетив на 19ти декември вечерта, па според тоа очекував да (не)добијам во недела најкасно до понеделник. Плус, деновите пред овулација се погоди да идам на рутинска контрола, па и докторот ми прецизираше кои денови да бидеме активни Први симптоми почнав да осеќам во понеделник од како стигнав на работа и тоа беа симптоми како за пробивање. Имав слаби менструални грчеви и главоболка. Единствено нешто што ми створи сомнежи беше заостренот осет за мирис и гадливост кон сите мириси, што ми се случува често и за време на циклус, само дури од кога ќе ми пробие. За да не се разочарувам, тест немав намера да правам до денеска, ама како поминуваше денот во понеделникот црвот се повеќе ме јадеше После работа бев до аптека да земам тест и го направив одма. Првично се појави контролната линија и си реков ништо, ама за некоја секунда почна и нешто бледо да се појавува Веднаш отидов и бета да направам, каде што се потврди резултатот и од домашниот тест Искрено посакувам сите да се израдувате наскоро и 2022 да ја паметиме како година на раѓање на нашите малечки
@purple..m Аиииии, колку убав теееест!! Блеска од позитивност! Не знам дали во скоро време сме виделе волку јаки цртички!! Мила, те гушкам најсилно на Свет! Да си здрава и жива, Господ да те има во рака цела бременост, со лесно да ми ти е! Уживај во периодов кој следува, мислам дека подобар старт на годината и не можеше да се случи!! Гушкии . . . Ви благодарам на сите за прекрасната поддршка, буквално не заменливи сте! Се надевам дека до Василица ќе имам позитивен да ви покажаммм Да не ме мислете, не сум разочарана, вештерката ја нема на повидок и идено далјеее
Девојки мене дата за НЕдобивање ми беше 3ти/4ти Јануари, ама бев на преглед после овулација и докторката ми кажа дека има течност се случила овулација пред ден од прегледот, и фактички имав доцна овулација, по нови пресметки дата за НЕдобивање ми е 7ми/8ми Јануари. Правев тест пред 10 мин негативен е. Ама дури не дошла тетка црвена си се надевам @purple..m честитки мамичка да си растите големи, гушкај меше и влечи не сите за нос. Девојки што мислите можно е рано да правев тест, има надеж или да си ја чекам црвенава Ах камо Бог да се израдуваме што побрзо сите до една
Hello girls Mene data za nedobivanje mi e 14ti januari, no se mislam deka ovoj mesec nisto nema da bide Pocnaa da me bolat gradite i na brisenje mi e toa ligavoto, isti simptomi kako pred dobivanje..... koga li kje bidam i jas srekjna aman vise
Уште не Денес сум 8+5, планирам да правам неинванзивен тест следната недела точно ко ќе бидам 10 недели. После тој тест се мислам дали воопшто е потребен приска.
А каде правите прв скрининг, сега може оф топик во темава, ама...кај матичните или по приватниве? Јас тој во 20-21 недела здравје боже го планирам за кај Димчев во Систина, за овој сега поима немам
Првиот го правев кај матичната и плус на ГАК ехо пред приска, и јас планирав у Систина ама матичнава ми кажа дека нема потреба а за вториот обавезно така и направив.
@purple..m честиткиии мами со лесно нека ти е бременоста Ајде женски ви пуштам среќа на сите годинава сите да си видите две црвени цртички Ја баш искрено месецов баш се понадевав дека ќе има нешто и кај мене, ама ништо. Сеа за сеа ќе паузирам, либе иде странција па здравје летово би сакала и ја да видим две цртички. Ама од една страна, некако психава ме мава, и си викам што ако ете не би можела да имам деца е ова е тоа таа психа негативна што понекогаш ми доаѓа. (морав да си се олесним) Како и да е, иако периодов така ќе биде, сепак тука ќе ве пратам нон стоп и сите до една ве очекувам со убави вести
Види ја.. Доста ма, од 2,3 месеци обиди на тоа ти иде паметот. И да е така, медицината е напредна, колку жени мајки станале, ќе станеш и ти. Немој така да размислуваш Ние бебето го правевме 6 месеци, а двајцата без проблеми, втората бременост која заврши биохемиска 5 месеци, еве сега 1 месец неуспешно како пробуваме.. Не е тоа плукни залепи да, имаат некои среќа, од прв обид. Ама ете ние ќе се мачиме малку. Мојот гинеколог рече после 1 година пробување, тек тогаш можеш да почнеш со испитувања, а 1 година е нормално, вели треба да се погоди моментот, не било тоа тек така Уживај си, немој такви мисли да имаш
Се согласувам со Kate Rina 93. Во потполност . . . Симптоми јас немам никакви, температурата е 36,9. Мислам дека сум 9 дпо Вие како сте?Ајдее Боже таму накај септември / октомври да си родиме поклонче А, цело лето пак, да си се прчиме со мешето во фустанчиња. Лелеее, убавини!
@*Лаванда* Ве читам редовно, ама решив да не бројам денови, плодни,овулации и слично Строго уживање со маж Ќе видиме што ќе биде. Стискам палци за сите