Епа тоа е, се поклопуваат симптомите и не можеш крајот да им го најдеш Плус кога ќе ја додаде нетрпеливоста на сето тоа... Ајде да се надеваме на нешто убавооо
Девојки како сте ми? Јас си чекам ли си чекам да поминат овие денови да пишам тука конечно ама никако имам уште цели 6 дена до овулација па после идемо уште чекање и се си чекаме Во меѓу време активни сме на случајот да не ме мислите и ајде чекам да видам некој позитивен тест да ми исполни душа И да не заборавам, у хороскоп за месец ноември ми пише дека може ќе се израдувам со бременост ај барем еднаш овој хороскопот нека погоди
Аааа, ете гледаш? Си ја знае хороскопот работата. Јас, пак, пред некоја вечер сонував земјотрес и на интернет пребарував (нормално, а што друго би направила јас??) и ми вика ви претствои голема животна промена и оти ќе сум чуела добри вести. И секако дека паднав во транс откако прочитав. Амин Боже, Амин! Инаку, добра сум јас. Но, некако слабо симптоми имам. Т.е. ги немам воопшто. Дали така треба или пак, не треба - ич не знам. Освен температура која вчера беше 37,1 , а денес 37,0 и секако, некои чудесни сонови, друго немам што да пријавам. Гледам да си го пополнам времето максимално, слушам музика, пратам емисии, читам по нешто и така...Секој ден различна приказна за себе. Ама, во глобала кај мене е мирно (добро де, некни вечер си поплачив и не ме прашувај зошто, оти не знам ни јас самата зошто плачење, па лелекање..срамота).Сега сум фала Боже, подобра. Еве, денес 9дпо тераме некако. Уште сме во дилеми дали да се прави тест пред да ми доцни, или пак да почекаме да ми доцни. Не сме се одлучиле. А, ако правам тест - би го правела во среда (на 12 дпо). Не знам. И така, тоа е. Ајде, и ти за кратко ќе ни бидеш секојдневно активна, па ќе споредуваш еве со нашиве симптоми и твоите симптоми. Се надевам, полесно дека ќе ти минуваат деновите. Впрочем, тоа е и целта на темава! Чекаме нови членки да се охрабрат и да ни пишат. Па, друштвото да ни стане уште поголемо. Па, после да бликаат позитивни две цртички. Па, да има частење, пијачки, торти, колачи. Ехеее, радости
мила јас морам да те пофалам и да ти кажам дека ти симнувам капа толку позитивна, добра, мила и културна личност одамна не сум приметила на форумов, секој пост ти е до детал убаво објаснат на убав начин како што доликува браво и бог што побрзо да те израдува во тоа што најмногу го сакаш за тест почекај уште малце, 9дпо е рано ама некогаш гледам се добива позитивен, ама сепак почекај барем да си 12дпо и направи со фрух или селф клеар очекувам добри вести, ве читам цело време иако некогаш немам време да пишам
@QweenSM Ти благодарам од срце на убавите зборови! Искрено, ми требаше ова. И ти - оддеднаш (што се вели од нигде никаде) го напиша! Малку ветер во грбот не му е на одмет никому, па ни мене. Баш напротив - во овој период на исчекување и тоа како ми е потребен! Затоа, бескрајно сум ти благодарна. Да си здрава и жива и што побргу да се израдуваш! Инаку, за денес, дами мои - го пријавувам следново: (10 дпо и 3 дена до НЕдобивање) Температура 37,2 сонував нешто, ама скроз заборавив што ( веќе не знам дали овие соновиве се симптом или што се, ама кај мене се присутни и тоа секоја вечер, буквално. Затоа и ги пријавувам.) друго - ништо @Angella7 , @Saba08 Бессрамно чекам ваш коментар Другите како сте ми , и што имате да пријавите за денес?
Ниска е пред овулација, може и да падне уште повеќе на самиот ден, а се качува веднаш по овулацијата заради тоа што почнува да се лачи прогестерон. Треба најмалку три дена да е повисока од претходните шест за да се потврди денот на овулација. Ако немаш видено во апликацијата кликни на "Community", па "Chart gallery", има милион графици за разгледување, споредба, мене ептен ми се занимација.
На денот на овулација температурата е ниска. Во однос на претходните денови, таа е пониска. Наредното утро, има скок на температурата (обично за 0,3 - 0,6 степени). Овој скок не можеш да го пропуштиш, оти ќе видиш, паѓа во очи ептен. Значи, кога ќе го видиш овој скок, значи дека температурата се случила. И најдобри денови за обиди се деновите пред овој пад на температурата, денот на пад, и денот со скок на температурата. Се надевам убаво ме разбра. Ако нешто не сфати, слободно пиши. А, дотогаш - среќно
Дааа, ќути пресреќна сум. Едвај се воздржувам да не запеам! Не оти ќе разбудам некој, туку оти не сакам предвремееее. Ама, паднав во транс сабајле кога видов
Ако не беше Chart gallery, не знам како ќе ми врвеше времето. “Висам“ таму. Екперт станав, ексик да биди Ама, забавно ми е, морам да признаам
Јас ич не сум стрплива по карактер и искрено, со ваква температура би почнала уште од денес да се тестирам
^ Хахахх, Ангела ѕверка си А, ако ви кажам дека имам дома два Шурчек тестови ?! Не знам, страв ми е. Нека ми потрае еуфоријава. Нека излезе на добро
@Saba08 @*Лаванда* Фала ви. Уште учам затоа имам некои нејаснотии. Разгледував други графикони и веројатно со тек на време ќе ми стане појасно. Денес ми е 13 ден од циклус, ќе видам како ќе биде деновиве. Исцедокот ми е воденикав, ја чекам белката од јајце. Многу е интересно ова мерењево, не знам како не ми текнало до сега да се заиграм.
Кажи, кажи колку е интересно? Не знам зошто го сметаат како стрес. Јас едвај чекам да дојди ново утро и да мерам. Многу е интересира што се случува до каде е работава. Ќе видиш, и со тестовите за овулација е интересно. Треба да го сфатиме ова како најубавиот период од животот. Како подарок од Бога што решил ете баш ние да можиме да ги искусуваме сите овие случувања, знаци, симптоми, промени. Да имаме во обѕир дека цело ова е пружање на можности. Јас имам можност да забележам промена на температура. И не , воопшто не ми претставува предизвик, а уште помалку стрес
Ајде јас пак да "промрчам" Интересно ти е затоа што си нова во цела оваа приказна и затоа и не ти е стресно, туку напротив, забавно. Но, на некоја која се бори подолго време да добие дете, верувај дека не и' е забавно секој циклус да мери температура, константно да анализира симптоми, да ја забележува секоја промена што и' се случува секој ден, и не го сфаќа ова како пружена можност да ги искусува овие "знаци" или подарок од Бога. Јас сум баш од овие другиве инаку Еве моментално 13дпо и ги имам сите можни симптоми што за некого би значеле дека настанала бременост, но јас си знам дека вечер ќе добијам менструација.
Не чекај белка, "употреби" го и водениот е плоден . А мерењето е интересно, а и ептен ќе си запознаеш циклусот. И ден за ден, ќе ти стане хоби како мене последниве 10 години
Нее, не ја чекам во буквална смисла. Активни сме уште одма по завршување на циклус, на секои два дена. Па ќе видиме што ќе биде месецов.. Да да, стварно е интересно, планирам за во иднина да го купам топломерот со две децимали за да биде уште попрецизно.