До вчера имав менструални болки, денес ме буца во десен јајник, не ме боли туку ме буца. Минатиот месец на 13ти ми дојде, секогаш ден покасно ми иде. Главата ме боле често овие денови. Се надеевам по малку ама и не. Знам оти си барам симптоми како и секој месец. И периодов сум се по гости со гости сите со бебенца по два три месеци, уфф.. Многу тешко ми паѓа.
Демек благословени се само тие што од секс останале трудни? А "другите" што? Рогови ли имаат? Знаеш дека на некои парови ЕДИНСТВЕН начин да добијат дете е само ако го "изнудат" со инвитро? Грижа на совест ли треба да имаат заради тоа? Не ве разбирам навистина со размислувањава.
Здраво девојки да ви се придружам и јас ,овој пат пратев овулација со тестови на 01.01.22 ми беште тестот позитивен ,на 17 ми е термин за недобивање но искрено немам надеж пошто пред неколку дена ми почнаа менструални болки ,утрово правев тест негативен можеби е рано но и болката во градите ми се намали ....останува да чекам до термин како и да е позитивна мисла само овој пат си велам нема плачки
Точно 14ти ден откако ја направив мојата инсеминсција, како и што мислев добив Следен месец со нови сили тоа е
Јас не кажав дека некој има рогови, не кажав ни дека ивф е нешто неприфатливо, на крајот од денот може и за мене тоа ќе биде единствен начин да добијам дете, а може и со тоа нема да добијам како што кажа некоја од членките. Само споделив искрено размислување кое ми се врти во глава во денови на очај додека траат овие две недели чекање.
Жал ми е, од две инсеменации, се вратив со неуспех, ти ја праќам цела среќа на светот следната да ти биде успешна, да ни испратиш една слика од позитивен тест.
Да веруваш дека ќе добиеш детенце. Поддршката и зборовите многу значат, дури и виртуелно, на форум. Знам што значи убав топол збор особено од блиски, од било кој. Мене една "другарка" ме тешеше дека ако не можам природно да родам, постои инвитро. Тогаш баш не го сфатив коментарот позитивно, бидејќи таков ми беше периодот. После добив уште еден коментар џомти на поддршка. Една друга ми рече па ако не може никако, постои посвојување. Е тогаш сфатив дека претходниот коментар и не бил така негативен. Зборот ми е, сѐ сфаќаме како ние се чувствуваме. Најважната поддршка е од себеси, иако и туѓата многу важи. Сепак од туѓи усти, во наши уши секогаш нешто штрчи. Самата ти ќе си даваш кураж и ќе си веруваш. Си верував и јас, ама сакав и некој друг да даде поддршка. Ќе биде и кај вас, има начини. Темава е за поддршка, и знам дека така се осеќаш дека такви мисли на очај ти се вртат, ама тука сме за поддршка и за убав збор. Природно или инвитро, има начин битно.
Jas ovaa inseminacija znaev deka kje bide neuspesna, neznam zosto doktorot voopsto veruvase deka kje ima sansi, bidejki folikulot mi bese na stranata kade sto kanalot ne mi e prooden, denes mi kaza da dojdam na 12ti den moze kje imam folikul na leva strana( kade sto mi e prooden kanalot) pa za pak da se obidime, dajboze, vazno nadez mora da se ima Nov mesec, novi sansi
Знам, како е мене првата инсеминација така ми се случи, докторот кога заврши, ми рече дека инсеменацијата нема да ја биде, поради машкиот фактор... Во тој момент, мислам дека таванот од собата почна врз мене да паѓа. После незнаев ни како се вратив до дома. Ама се додека правиш се што е во твоја моќ, има надеж, следен месец ќе биде подобро.
Сабајлево ко се растече вештерката како река, не знам ни јас зошто се понадевав, ама тоа е Не сум толку разочарана колку што ме фаќа паника дека не бива прородно и ќе мора да пробаме со инсеминации, па може и инвитро..Такви работи стрес ми прават па и повторно треба одново сите испитувања да ги правам...а покрај тоа и дополнителен стрес ми ствара тоа што веќе имам 35 години, си врви времето пребрзо. Ме фаќа страв веќе И како врв на се овие два три месеци очекуваме новороденчиња од блиски, и тоа ќе треба да го издржам... За убаво нека е ама искрено мене ми е тешко и едвај можам да се израдувам за нив. И така...
Овде ми било местото. Уште 4 дена, јас апетит до плафон, гради преосетливи, ми се чини да се потпрам на ѕид ќе заспијам одма, секое попладне си дремнувам по малку и вчера имав таков пад на шеќерот, опасно! Дете прашува по 101 пат на ден, а кога ќе ти биде дебел стомакот да има бебе внатре?
Ај и овде да прашам, како успевате да не мислите на тоа неколку дена пред добивање? Значи ќе поцркам, само на тоа мислам, само на Ќе добијам, нема да добијам. Кога ќе ми рече некој Не мисли, ќе биде, е како да не мислам. А занимација имам еден куп, дома дете, куќа, гледам тв, читам книги, ама легнам ли навечер филмови во глава, се дешава да станам од спиење сред ноќ да одам до вц и мислам на тоа и иди заспи.
Јас не успевам да не мислам, не знам ни да се опуштам ете може затоа и не бидува уште... Ете не знам како да не мислиш на нешто што толку многу го посакуваш
Последна мен на 16 дек обично ми иде на 25 26 дена. Ако не дојде за 2 дена правам тест инаку симптоми болни гради и многу брзо се заморувам. Толку
@AngelOfArh , не успевам ни јас, две недели, секое одење во wc проверувам, исцедок следам ситуација, секоја минута, размислувам на тоа, на работа често ми се случува да неможам да се сконцентрирам по цел ден, разгледувам колички за бебиња, разни tools, облека, што би ми требало, да не случајно сум бремена а незнам . И така своевремено човек го губи здравиот разум, покрај работата запшав мастер, само за да не мислам на тоа, и ми успеа едно два три месеци, и сега повторно сум на level0, ќе биде нема да биде, еве три дена ми се лоши од сугестија се кладам . Бидејќи е многу рано било што да чуствувам.
Офф ви посакувам што поскоро да си ги видите двете цртички. И јас имам едно дома што не ми збори секогаш, ама само ми го гали стомакот и од време на време ќе каже нешто со пола уста, ама знам дека срце и се кине за бебе. Кај мене е малце поинаку, има бебе ама не и кажувам зашто минатиот пат и кажав ама не испадна ништо од тоа на крај и разочарувањето беше страшно за неа. Знам каква среќа е да им се каже дека ќе бидат голем батко или дада, мислам дека и тоа ни прави поголем притисок за се, ама ќе биде! Било еднаш, ќе биде уште еднаш