Не си сама верувај Ние жените сме ти едно нестрпливо, едно чудно битие, абе се пред време да се знаело. Што чудо ќе бевме! Па правиме порано тестови, па бледи црти, па рано за на доктор, па волку бета па толку бета. Сами си правиме зврчки, ама ај па седи мирен. Мене читањево по форумов разни теми многу ми помогна да ги протуркам тие спорните денови до тест. Ти посакувам среќа и позитивен тест, па после да си имаш други ,,маки,,
@AngelOfArh мила, верувај дека и јас цело време си го поставувам истото прашање. Како на другите девојки му успева да не мислат цело време на тоа. Сите велат опушти се, не мисли цело време на тоа, не си прави стресови на телото и сето е океј. Јас му ја разбирам на сите поентата, ама едноставно кога нешто толку многу сакаш и тоа не е мала работа, таму ти е цело време умот. Еден телефон кога сакав да си го купам цело време ми беше во мисли, не па вакво нешто големо како што е зачнување и бебенце. Гледам да не правам толку муабет со либе за тоа, ама на крај врти-сучи пак за тоа ќе почниме да правиме муабет. Ајде со Господ напред само, што поскоро да си ги видиме тие 2 црти, па сето ова да можеме да му го раскажиме еден ден на нашите чеда. @BayernKa @blablaabla дами мои, многу ми е жал што сте добиле. Верувајте со вас сум секогаш, што и да ви треба тука сум. Силно верувам дека вашиот месец е следниот, тек сме на почетокот на годината, сигурно ќе вроди многу плод. Бидете силни, нашето време тек доаѓа, ве гушкамммм! Мислам дека сум 6-7дпо, а може и сум грешка незнам, веќе се побркав и со апликации и со сè.Најважно ми е што имам уште 7дена до недобивање, а ако не ми дојде тогаш, тест планирам да направам после 2-3 дена. Многу надеж имам овој месец мили, се надевам дека и така ќе остане, ах те молам Боже не ме напуштај ни мене, ни сите кои се во исчекување, нека овој студен месец биде наш. Девојчиња, која фолна ќе ми ја препорачате? На solgar добра е? Вие која ја користете пред бременост? Од кога планирам да купам и никако.
Благодарам мила моја, ќе ја купам утре, конечно! Само уште ако не ти е тешко да ми кажеш, колку е цената и дали мора секој ден во исто време да се пие или нема врска тоа? Извинете, не сум баш добро упатена со ова.
Околу 670 ден во зегин, има 50 таблетки по 1 на ден. Јас ги пиев насабајле на гладно. Еве сега пијам од 1000 фолна исто ја пијам сабајле на гладно.
Секогаш пред добивање гадно ми се спие и на работа дремки ме фаќаат, да трепнам сон ми доаѓа и често ми е зголемен апетитот. И ако уште почнува нервозата и паранојата моја, јасно е како ден дека ќе добијам, нема утка.
Денес го земав од градинка и на влез еден татко со бебенце го зимаат сестричето, го гали по ноџето и вика и ние може ќе имаме братче или сестриче, нели мама. Па ми кажуваше како име да сме одбереле, ќе сме напишеле, имиња на ливчиња и ќе влечел он кое ќе се паднало. Па нови имиња му текнува... Ај не мисли...
Хахах срце Мојата кога беше во градинка на сите им кажала мама има бебе во мешето А јас и онака сум си машала кој како ме видеше цела недела честитки добивав од учителки и родители. Дур се објаснивме....
Девојкии, ми доцни, вчера требаше да дојде, или некна. Половината ме боле многу, но градите ич и повремено јајници. И пред тоа ми има доцнето за тоа рано ми е за тест.. Хммм
Добро вечер до моите омилени девојчиња! Се надевам дека сте ми добро, но во случај ако не сте, сакам да ви ја разубавам ноќта со едно сликце. Вреде секој ваш плач, секоја ваша нервоза, секоја ваша надеж, ама едно не заборавајте, дека никогаш не сте сами и дека секогаш ќе сум тука за вас. Заедно сме посилни, нашиот ред допрва доаѓа. Еден ден, ќе му кажиме на нашите чеда колку сме ги чекале, колку сме плачеле на негативен тест, и најбитното, колку ќе бидат сакани од страна на нивните родители и колку ќе направиме сè за нив само да бидат најсреќни дечиња и да имат безгрижно детство. *почнав со фолна официјално денес мили.
Стискам палци мила, нема да дојде и ќе се израдуваш. Ми мириса на бебенце, дај Боже да се израдуваш со 2 жар црвени црти и од што ќе бидат толку црвени, да паднеме во несвес, буквално!
Фала мила, од твоја уста во Божији уши Ке почекам уште малку, оти имам како преслаби болки доле, половината кај крстот премногу ме боле, ама градите ич не ме болат и тоа малце ме замислува.. Ке почекам, дај боже да се израдуваме, конечно..
Не е така баш. Баш читав дека ако болката во градите по овулацијата стивне во тој случај не се работи за бременост, но ако перзистира тогаш има веројатност. Исто, друга индикација се и промените во гастроинтестиналниот такт кои настануваат во овулацијата, изразени како констипација, но констипацијата обично продолжува да опстојува и неретко е ран симптом за бременост. https://www.miracare.com/blog/breasts-hurt-ovulation/ Болни гради се знак на бременост, според Американската асоција за бременост.
Е сеа изгубив секаква надеж, бар утре поручек да ми кажеше ја почнав колички да гледам.. Инаку викаш ако стивне, па за време на овулација јас не ни имам болка..
Немора да значи сите сме различни , не обрнувај внимание на некоја статистика или било што .. Ти си индивидуа за себе и како ќе биде кај тебе кај друг нема да е исто и обратно. Ти посакувам две цртки! Baby dust to you
Оф леле, да знаев да не пишев, ама ете го имам прочитано повеќе пати ова, а за себе ич не се сеќавам кога бев бремена пред шест години дали ме болеа градите или не. Работата е во тоа што некогаш ме болат пред добивање, некогаш не, ама имам 40 години и кај е да е, перименопауза ќе ме фати, па не сум можеби некој репер, како и да е. Инаку, се сеќавам дека немав болка во стомак, но ни половината не ме болеше, а некого го боли. Од друга страна ме болела пред добивање. Мислам дека немав никакви знаци, мислам дека ја немав ни вообичаенаа вртоглавица пред добивање, имав можеби сосем благи грчеви, неосетни скоро, но откако почна да ми доцни, често мокрев, ама често мокрам и пред добивање. Ова го ставив, во случај на постоење на болка во градите во текот на овулацијата и промени на истата понатаму до крајот на циклусот. Ако си немала болка воопшто месецот, може подоцна ќе ти се развие. За себе лично знам и не грешам дека штом ми се јави нервозата по овулација, задршка на вода, вртоглавица, вообичаената мигрена и за крај кога ќе почувствувам дека ми е преполна матката со крв, тоа е тоа, нема бременост. Но, ете на пример, кај некои баш вртоглавица е симптом на бременост. Како и да е, ако не си добила сеуште, има надеж, good luck!