https://aptekibruno.mk/wp-content/uploads/2020/08/image282.jpg Ваква пијам јас.. не истражив нешто посебно дали е добра. Ја зедов мислам околу 300 денари и ја пијам таму некаде од септември месец, ама скокам денови. Ако некој знае дали е добра оваа нека подели акл.
Јас сум бремена и пијам од алкалоид. Во аптека побарав фолна таква ми дадоаа. Мислам дека сите ја вршат истата функција, само различна фирма.
Најверојатно ти ја дале Алкавит , фолната на Now е поскапа затоа што е метилирана ја даваат на трудници со генетски мутации затоа што обичната како Алкавитот не ја обработува организмот и испаѓа "џабе " се пие.
Не, не мора да значи дека џабе било. Не сите жени имаат мутации. Само тие со мутации треба метилирана фолна да пијат.
Јас Алкавит ја пијам, таа ми ја препорача гинекологот и ако е за "џабе" нема таа да ми ја препорача. Доктор е знае која треба да се пие која не.
Можеби затоа што немаш индикации да примаш метилирана.Многу од нас носиме генетски мутации а појма немаме затоа што никој не ни кажал дека треба да испитаме еве пример пред бременост за да не имаме лоши искуства кои можат да се одбегнат со едно апче или една инекција.
Не ми кажал буквално никој да испитам генетски мутации. Зошто бе вака докториве? Ги мрзи? Ова ми е сосема ново, таман си реков дека сѐ правам како шо треба...
Не се стресувај кога ќе одиш на контрола побарај му на матичниот упат да си испиташ генетски мутации и ќе знаеш каква фолна треба да примаш. Очигледно ги мрзи и многу од нив не си ја работат работата како што треба, добро е што постои форумов да не беше да споделуваме вака искуства немаше да ги направам ни јас пола од испитувањата што ги направив периодов после изгубено бебе во 21 недела од непозната причина сеуште.
Јас знам дека мутации даваат да се испитаат после спонтан... Инаку, колку што знам не спаѓаат во редовни испитувања пред забременување, ако не е така нека ме поправи некоја членка.
Да ги даваат да се испитаат ако дојде до еден или повеќе спонтани , а пред тоа не што според мене е погрешно веќе секоја втора трудница е на терапија со клексани заради генетски мутации.
Имав спонтан пред 2 години во ептен рана бременост. Во Ремедика бев тогаш и баш ја прашував докторката дали можам нешто да сторам да превенирам, дали причината е антибиотската терапија што ја пиев тогаш (не знаев дека има зачнато нешто), дали можеби се тироидните хормони причина за спонтаниот. Ми одговори само дека на тие што им се случува спонтан по вторпат (или повеќе пати) тогаш ги праќале на дополнителни испитувања. И на тоа остана... Ама ете учиш додека си жив... не сум знаела за таков тип на испитување, генетски мутации.
А да го посетиш вашиот во Валандово? Или Систина , од специјалистите било кој. Колку да чуеш друго мислење.
Кај тој во Валандово не одам, минатиот пат ми рече Кој ти даде дозвола да останеш трудна со оваа килажа, види се колкава си Јес да ослабев 25 кила, ама имам уште 10 до идеалната за него за да воопшто останам трудна.
Јас тогаш му реков, А ти си се видел во огледало? Знам дека со сите е таков, ама со мене особено бидејќи е колега на мајка ми и си зима слобода. Тој Маџунков сум го слушала добар бил.