Jас дури живеев во МК ми беше матичен. Еднаш ми се напна за ПАП тест (од кои зема добри пари), јас сакав обичен брис и ме избрка ми рече повеќе да не си се вратила кога си таква паметна. Ама дека е стручњак е! Сега бремена бев кај него со цел страв, и дечко ми го предупредив да биде фин, а слушнавме и како и се дере на една пред нас. Се што ми кажа точно излезе! Овие доктори во Германија само набрзина да ме поминат 5 минути преглед и ништо не кажуваат, не можеа да ми најдат од кај се болките. На него пред да му се пожалам забележа што е.
Ама не спорам дека е стручен, на тоа старо ехо се гледа. И уште пред да се гледа убаво рече дека е машко сто посто, иако скроз небитно, ама ме напна со тоа дебела дебела.
Сега има и 4Д ехо, мислам дека го користи по желба на пациентот за тие што му се матични бидејќи го наплаќа како приватен преглед.
Zdravo devojki kako najaktivna grupa i so najmnogu podrska sakav da ve prasam so mislite za hormonive .. sekako ke zboram so doktorkata popladne ali ne mozam da izdrzam tamu mi e pametot. Fala vi
За твое добро те напнал, нему гајле му е. И мене докторката кога ме виде, таа што ме пораѓаше, веднаш кажа да не помислам повеќе од 10 кг да качам затоа што во старт имам голем вишок на кг. Прекумерна килажа и бременост се голем ризик, не е лага.
Точно, за нејзино добро и рекол. Но бидејќи е доктор треба да ги бира зборовите за да ја долови поентата. Срамота е да си доктор и да имаш уличен речник.
Јас не реков дека не е за мое добро, мене јасно ми е, јас неговата стручност не ја спорам, ама не ме ни праша колку имам качено до тогаш, 20 недела, ниту како се хранам, ништо. Јас се борев со неплодност 2ипол години, не е дека од прва на несакајќи останав бремена. Јас за 8м бременост качив само 8 кила, што воопшто не е многу и внимавав цело време баш заради тоа.
Срамота е точно, не кажав не. Ама некои доктори си имаат таков стил. Баш затоа си имала време да ослабнеш па да забремениш. Јас непланирано останав и немав каде, морав да терам така. Сега читам ослабнуваш и така треба. Јас знам добро како е да тераш брменост со вишок килограми и не е лесно воопшто.
Колку дена најрано може да се направи тест после "критичен" однос ?Трета вечер по ред неможам да спијам од што станувам по 100 пати за тоалет. До вчера осеќав и болка само едната града . Датум за добивање ми е дури околу 5 февруари.
После десетина дена. Сврши во тебе или само без кондом имавте? Ама сепак така рано такви симптоми не би требало да имаш.
Рано е за тест. Почекај уште малку, бар еден или два дена пред датумот за добивање или пак чекај да ти задоцни.
Сврши, планирано беше тоа ме плаши што вчера почнав со антибиотик па ако има нешто да не направам беља. Во петокот бев на преглед докторката кажа имало овулација али не гледа излевање во матката плус што ме тера да мислам дека можеби сме биле среќлии да се фати .
@medena147 , ситно броиме до недобивање, јас имам уште 7 дена се надевам дека нема да добиеме, симптоми, освен тие како за добивање, друго нешто невобичаено немам, ама ајде рано е за симптоми веројатно.
Рано ни е за симтоми се надевам,да уште малку и ќе знаеме,се надевам ќе се израдуваме со двете црти овој месец.