Девојки што значеше кога почнува да се појавува тој белиот лигав слуз како белка од јајце? Дали сум пред овулација или?? Инаку денес ми е 10 ден од циклус и обично ми иде на 27-28 дена.Имам купено тестови за овулација и планирав од утре да почнам да ги правам
Cefaleksin аман веќе кога мислев се е готово испадна и ова сега , плус и матичната ми е на одмор во четврток дури можам да се консултирам со нејзе .
А немаш гајле , тој го даваат и у бременост ја го пиев на 6 DPO и ме праша матичната да не сум бремена пошто се работеше за уринарна инфекција и кажав дека пробувавме и она ми го препиша тој пошто неможе да наштети на плодчето. Уживај ! Ти посакувам две цртки да испадне како кај мене
Денес ми е многу лошо, 27 ден од циклус(последни два добивам на 30 дена). Како малаксала се осеќам, ми се дреме, знае чат пат да ми се згади, огромна болка у јајник, и ме тресе, ми студи а тт е ниска(но не е мерена сабајле). Периодов ме убија гасови, често мокрам... Ама денес се осеќам толку неспособно тоа е чудо едно. Осеќам ко секој момент да ќе ми протече и само одам и се проверувам. Едит: ете ја... Дојде вештерката
Здраво девојчиња. Фала ви што ме помисливте и мене и Лаванда, а посебно фала на @Erika.greeneyes , само што се уклучувам, ама за жал, неможам денес да бидам онаа која ме знаете, позитивната квин, напротив, ми треба сега поддршка од вас. Вчера на бришење видов кафенко, денес ми проби црвенава, и на сето тоа, многу настинав. Немам сила да зборувам, едвај испаднав надвор на сонце колку да го искористам денов, ама уште потешко ми беше кога се вратив. Фала Богу што денес не бевме на работа, па можев да одморам колку-толку. Има денови кои ми се така без веза, ама има и денови како денес кога и 2во1 работи ќе ми се случат. Многу надеж имав за овој месец, бевме многу вредни, па се надевав на нешто позитивно, а црвенава не ми ни дозволи да се возбудам барем за тест, ама тоа е. Сите можни симптоми ги имав кои се за бременост, од поспаност, од болки во половина, јајници, подуеност, гадење, покачена температура и пак ништо. А баш си рековме со либе - изгледа овој месец е наш! Каква лага . Како и да е, извинете ако овој пост ми е вака негативен, ама денес неможам поинаква да бидам. Се надевам за брзо ќе можам пак да ве дружам и да се радувам со вас, пак да броиме денови до тест. Многу ми треба вашата поддршка, скршена сум, а верувам дека и секогаш ќе ја имам! Сепак, како што кажав во еден предходен пост, вреде сето ова за моето чедо, те чекаат мама и тато не знаеш колку! Може смешно е, не е уште ни зачнато, ама ни само не е свесно колку го чекаме на овој свет. На сите ви посакувам да си ги видете 2 цртки и веќе нашите маки да завршат, ве гушкам!!
Ох душа мила. Приметивме дека те нема и тебе и Лаванда, дури во мисла ме стави оти обично активни и присутни бевте. Фалеше енергијата ваша. Жал ми е што се чувствуваш така, бааги ти се насобрало со настинката па уште ова разочарување ти фали. Тоа е што е. Пак ќе кажам СЕ во свое време. Земи си за право да си тажиш ама не му дозволувај на чувството да те потегли надолу. На убавите работи им треба време, не заборавај.
Душа мила, немој да паѓаш те молам, знаеш кога добив последниов пат исто се осеќав како тебе,ги имав и јас некој симптоми ама ете ништо, ама глава горе одиме напред, следниот месец е пред нас, можеби баш тогаш ке ги видиш двете цртки, нема разочарување,исплачи се да ти олесни не собирај во себе, знаеш после дожд секогаш доаѓа сонце, те гушкам најсилнооо
Ти кажав, мораш да го пиеш антибиотикот и цел да го испиеш, независно дали има или нема бременост. Било која инфекција прави поголема штета на плодот од самиот антибиотик.
Секако ќе го испијам до крај штом го почнав страв ми е ако има нешто додека е имплантацијата да не направи проблем.
Здраво, пиев цефалексин од 3от ден на менструација до денот кога бевме активни. Плус па и алкохол пиев. Не сум во прва младост, не беше планирано, едноставно пијани и се случи што се случи. Сепак кога видовме две црти се израдувавме, но мене цело мене ме копкаше тој цефалексин. И матичниот и гинекологот ми рекоа дека нема влијание. Еве сум 14 недела. Џабе сум си правела стресови првиот месец и за лекови, и алкохол, и вакцина што примив, и цигари што тогаш чат пат запалував и најидиотското, плачев два дена оти таман ми тргна кариерата како што сакам, јас останав трудна. Мислам повеќе штета ќе направев од нервози. Уживај си го животот исто како да не се десило тоа свршување, ни па тие лекови
Со лесно да си ја истераш бременоста до крај , фала ви на сите за советите. За делот со кариерата би ти кажала најбитна е оваа "кариера" што те чека како мајка според мене ќе има време и откако ќе се породиш да се посветиш на работата.
И да знаеш идна мама дека најдоброто, најмирното бебе ќе го имаш. Од што се добри и фини ги пуштаат другите преку ред, па ние ги чекаме со месеци Нема губење надеж, си знае бебушко кога треба да се појави
@Mom's_life , многу интересно размислување, дури и има логика, , јас паднав веќе во криза 5 дена до датумот за недобивање, и секои 5 минути сум во искушение да одам да купам тест. Се борам со себе, цело време, незнам како ќе успеам да издржам толку време, единствено што ме спречува е слика со тест од негативен резултат. I feel like freak
Размислувањето е од искуство, преку година дена го чекавме нашето бебе и сега кога го имаме, најмирен е, без грчеви поминавме, заби вади без проблем, бебе за пример е. Затоа нема губење надеж, само позитивна мисла и оставете чудото да се случи. Лично познавам парови со физички проблеми за зачнување, кога кренаа раце и се ставија на пауза од тема бебе останаа бремени по природен пат Господ е голем и не има сите во раце. Ни ги дарува вистинските работи кога е вистинското време, а не кога ние мислиме дека е време Ве гушкам сите и чекам во серија да тргнат позитивните тестови. Борбата е тивка, на моменти немоќна ама се ќе добие смисла еден ден.