Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    @Iris-1234 Како си денес, мила? Има некоја промена? :inlove::inlove:
     
  2. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Има вистина и во ова што го кажуваш, и сочувствувам со тебе:l::hug:. Верувам дека што побргу ќе ги видеш најцрвените две цртички:inlove:, па после тоа ќе не частеш овде сите со ред. Ќе пиеме на твоја сметка (безалкохолно, де:smirk:. На пр. цеден сок од портокал:mm::lol:). Шала на страна, извини од срце. Не сакав лошо да звучи постот, а уште помалку да повредам некого:$. Се извинувам уште еднаш, немој да ми се лутиш:$:$. Целта ми беше да влеам позитива и поддршка во овој период на исчекување. Знам, уверена сум дека на сите ни е потребна. Свесна сум дека сум нова во ова, но тоа не ми ја скратува можноста да се радувам на промените и на се' она што допрва следува. Но, и таков поглед имам воглавно во секоја ситуација, да го извлечам доброто од целата работа и тоа да го прикажам. Исходот е онаков каков Бог одлучил да биде:sun:. А, и покрај чекањето и следењето на симптоми, што друго ни преостанува освен да останеме позитивни и да се надеваме на најдоброто. :l::f:

    Кај тебе како е ситуацијата вечерва? Дојде ли непосакуваната гостинка или да чекаме утре резултати од тест :$:inlove:
     
  3. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.238
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, имам едно прашање ако некоја од вас била со исти симптоми ако може да сподели искуство.. последна м имав на 14.10 и кога ми заврши после една недела со маж ми имавме незаштитени односи вклучително и деновите кога имав овулација и тоа 2 дена пред овулација, за време на овулација и 3 дена по овулација... за 9 дена треба да (не)добијам. Денеска осетив болки доле во стомакот и цел ден имам мачнини односно нагони за повраќање и да не заборавам трески од време на време. Дали може уште сега ако сум бремена да имам симптоми?
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.347
    Пол:
    Женски
    Таков тип на симптоми не уште е рано.
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мила, нема промени. Исто како и досега, болни и отечени гради (и видно зголемени:D), повремено бодежи во јајниците, подуеност, гасови и главоболка. Исто така многу ама многу лошо спијам, имам чудни соништа и се будам најмалку еднаш во текот на ноќта.
    Мислев да земам тест и утре да направам (иако петок треба да НЕдобијам), ама се откажав, страв ми е да не видам една цртичка. Си ветив дека ќе се тестирам само ако ми задоцни ама ќе видиме дали ќе си стојам на зборот:lol:

    Како си ти @*Лаванда*? И како сте сите други?:l::sun::hug:
     
  6. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од сочувствување :)
    Ниту од извинување.
    Едноставно, јас ја посочив и другата страна на работите, затоа што и таа е и повеќе од реална.

    На некои ова им е забавно, на некои нелогично, некои ги сметаат овие промени како што ги нарече дар од Бога, на некои тоа им е нормален процес од животот.
    Секој од своја страна си ги гледа работите. Јас само ја претставив онаа што не беше опфатена во постот.

    Твоите цртички ги очекуваме набрзо(fingers)
    Моите ќе почекаат, има време.
     
    На MarijaMi90, curlyhair, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Nade-sunrise ..многу од нас тука минуваме низ ептен трнлив пат и не е баш така забавно сево ова. Негде погоре спомнав интересно ми е, ама искрено само ми е кратка дистракција од константните прашања што стално ми се вртат во глава.. кога и дали ќе останам бремена и дали ќе дочекам живо и здраво бебе.

    Супер што сте вака еуфорични, ама малку треба и да спуштите топка. Зошто на два месеци обиди ако сте вака “опседнати”, кај ќе ви биде крајот ако потрае патот до бременост недај Боже повеќе. Најдобронамерно ова. :)
     
    На babybubu, duffi, Girlbtz и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам со тебе. Јас исто мислев ќе успеам од прв пат, втор, трет... ама не било така. На почеток почнав со тестови за овулација и запишување во апликација на сите односи и симптоми после овулација за на крај да сфатам дека сум веќе опседната и сето тоа ми прави огромен стрес и ме фрустрира. Сега баталив сè, ниту правам овулациски тестови, ниту запишувам односи/симптоми, ниту бројам колку денови поминале после однос... Кога ќе биде - тогаш, веројатно треба сите коцки да се поклопат :)
     
    На Girlbtz и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    Паметно си направила. Никој не вика дека не треба да си го познаваме циклусот и телото. Ама премногу замарање и одење во крајности му прават стрес на организмот. За мене е претерано да анализирам секој ден симптоми, сонови и не знам што. Некогаш од преголема желба си умислуваме симптоми.

    Мене лично стварно ми треба малку дистракција и затоа почнав да мерам базална температура. Ама секојдневно до толку да се опседнувам со детали мислам дека може само да одмогне и никогаш ме би навлегувала до толку.

    Затоа кажав најдобронамерно, пуштете душа, млади сте, здрави сте, ќе дојдат бебињата кога ќе решат да дојдат. :)
     
    На curlyhair, Cherry blossom89, Flooora96 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да се пријавам, сабајле пак да мерам темперстура пак се возбудив сњ размрдав топломерот ми е дигитален и ми ја кажуваше предходната мерена температура. Ништо од тоа не ме бива. Денес имав болки како менструални, подуена сум, и главоболки чат пат, ама се ми е од мисла. Ме вртат коските на нозете, колковите, препоните ме болат. Ми мириса на менструација. Имам исцедок некој ни леплив ни воден, безвеза. Ми излезе и мозолче шо секогаш ми излева пред да добијам. На 8ми треба да Не добијам. Губам надеж ама со господ напред побрзо да не снема од темава и да се префрлиме у труднички муабети (fingers)
     
  11. Girlbtz

    Girlbtz Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Srekno samo bez stres. Jas taka si naprajv panika 100000 mi kasnese 4dena site simtomi i na kraj mi dojde . Daj Boze kaj tebe da ne e taka da si gi vidis dvete crticki ❣️
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    3.314
    Пол:
    Женски
    Имам другарка што се обидува две и пол години. На почетокот се замараше, мереше температура, тестови за овулација, чаеви, витамини. Сега чат-пат проверуваат хормони и спермограм и толку. Ја прашувам кој ден од циклус е - не знае, кога треба да добие - не знае. До толку не се замара, па еве уште не забременила. Можеби опуштањето психички ќе ни олесни некогаш ама дека ќе помогне во зачнувањето - нема. Кога треба да биде ќе биде. Не верувам во: "Месецот решив да не се замарам и баш тогаш бидна". Тогаш требало и да се замарала ќе било баш тој месец.
     
    На Girlbtz, DaisyDream и Saba08 им се допаѓа ова.
  13. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    А бе температура мериш, не одиш на испит, што се возбудуваш толку многу :rofl:. А може си измерила и иста ти е како и вчерашната. Или поарно спиј си на раат, не мери ако така те вознемирува. И не мирисај уште од сега до 8-ми има ехее (fingers)
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    После две ипол години неуспешни обиди другарка ти треба и те како да се замара.
     
    На Kate Rina 93 и Girlbtz им се допаѓа ова.
  15. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    3.314
    Пол:
    Женски
    Треба ама ете... И спомнав еднаш да превземе нешто ама беше без реакција и сфатив дека не треба да се мешам.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Ти мислиш дека она не се замара, ама не значи дека навистина е така. Можеби полесно и' е да каже дека не се замара, наместо да се објаснува.
    Таа чат-пат проверка на хормони и спермограми не произлегла од незамарање.

    А и мене сега некој да ме праша кој ден од циклус ми е, или кога треба да добијам ќе одговорам со не знам. Не затоа што навистина не знам, туку едноставно што има некој па тоа да ме прашува.

    За околината и јас не изгледам дека се замарам, а всушност зад себе имам долга историја.
    Јас не чувствувам никаква потреба да ги запознавам ниту роднините, ниту другарките со секој детал од мојот приватен живот.

    Мене лично ми е поедноставно да не знаат. Немам намера да трошам енергија на објаснувања и да се занимавам со прашања од типот - а што бидна, а зашто не бидна, а што ќе правите сега и слично. А и се поштедувам себеси од добивање совети што не сум ги побарала.
     
    Последна измена: 3 ноември 2021
    На babybubu, Feddy, MarijaMi90 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    6.475
    Пол:
    Женски
    Така е, секој се замара на свој начин и секој знае како му е и како се осеќа кога е во прашање оваа тема. Како се вели да не си "во моја кожа".
    Тој обично што "не" се замара има камен на срцето.
    И јас мака мачам 3 години ама секогаш сум со насмевка на лицето, а од страна изгледа како да не се замарам, а срцето ми се кине на милиони парчиња кога ќе видам бебиња и мали деца.
     
    На Milena93_, curlyhair и Kailani им се допаѓа ова.
  18. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    3.314
    Пол:
    Женски
    Јас не и се јавувам специјално да ја прашам кој ден и е, туку си правиме муабет на таа тема. Она ја начнува секогаш таа тема за да ме праша мене и сама си кажува за неа. Јас знам дека е осетлива тема и никогаш никој не сум прашала или делела совети без да ме праша некој за мислење. На проверка на хормони оди под присила од мајка и. Не е моја работа како и да е. Дадов само пример дека од опуштање и не замарање не се зачнува бебе.
     
  19. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Верувајте од искуство замарањето и те како создава стрес, барем кај мене.
    Првото детенце го чекавме 3 години. После првата година се опседнав со испитување, со месеци пратење овулации на гинеколог, бабини лекови, кревање нозе во вис, плачење и потресување на секој негативен тест.

    Месецот кога останав бремена беше прв пат кога реков месецов одмарам, природно нема шанси да забременам од следниот месец одам со стимулации, инсеминиции, инвитро што и да треба. И и баш тогаш се случи и тоа кај мене беспомошен случај со месеци што немаше нормална овулација.

    После неколку години се решаваме за второ дете, јас сигурна и убедена дека нема шанси да се фати од прва, убедена дека пак ке ни требаат години, воопшто не помислував на бременост и чудо ми доцни неколку дена и ете позитивен тест, за жал среќата траеше кратко.
    После 6 месеци прв обид после спонтаниот пак се фаќа од прва, ама пак неуспешно.

    Од тогаш почнува да ми работи психата, почнувам пак со испитување, броење денови, разочарување после секое добивање и ете година дене не сака и не сака.

    Знам колку е тешко да не мислиш на тоа, знам колку пати сум рекла не се замарам ама пак во глава си правам математики и за време на секој секс мислам еве сега ќе биде ова е тоа. Психата е зезната работа.
    Не велам да не се прават испитувања и да не се лекува проблемот ако го има, ама мора да пробаме да се опуштиме, кога треба да биде ќе биде.
    Ви посакувам од срце сите што очекувате да се израдувате наскоро :l:
     
    На Ladyme, elenaklasik, Kailani и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    На *Лаванда*, Angella7 и Flooora96 им се допаѓа ова.