@le.soleil дефинитивно сум немала миом, вика таа сенка можеби била ако не си била во вц. Ми рече ако не ми дојде другата недела да и се јавам да ми даде лек за да ми дојде. Дека биле хормонски за тоа да сме почекале за да дојде. Јас сум преисплашена зошто уште ја нема. Сигурно и да било доцна овулација она би видела нели? Ако е покасно зачнато. Иам многу прашања шо не и ги поставив, имаше многу шо чекаа, труднички убави.
На 9дена доцнење и да е доцна овулација би требало да се види барем една точка. Да не ти е на мисла можеш бета да провериш. Извини вака што ќе прашам од каде си бидејќи прашуваше за околината на Гевгелија Валандово Струмица ?
За сите што ќе одлучат да идат во Мартини кај Др Маџунков нема да згрешат. Стварно е добар, фин објаснува се и во секое време е достапен на вибер за пациентите
Во ред, разбирам. Прашав бидејќи ако си од тој крај можеш во Валандово кај д-р гетев нема шанси да има нешто а тој да не виде. Исто така во Струмица Мартини поликлиника таму е Никола Маџунков ( работи и во санте плус) и од тој сум задоволна. Доколку сакаш на пр детални испитувања за неплодност органџиски во Штип од блиски имаме позитивно искуство.
Ден за недобивање. Освен што сум многу нервозна и синоќе си плачев за глупости, друг симптом немам. Ми се случувало често вакви емоции пред добивање, па мислам дека ќе си добијам
И мене утре НЕ треба да ми дојде ... не бевме нешто многу активни, мада по исцедокот и болките кои ги имав, мислам дека ги погодивме 3те клучни дена, така да имам мааааалку надеж. Од симптоми (кои се исти и со оние за добивање) имам умор, поддуеност, често мокрење, главоболка и нелагодност.
Оох и јас колку посакував да не добијам а сега веќе 15 дена ми касни. И сакам да добијам, да ми се управи циклусот.. Кешки да не добиете и да сте позитивни на Бебууууш
Да се пријавам дека не дојде вештерката ... Обично доаѓа на 25 или 27 ден, денес ми е 26, ќе видам утре што ќе се случи
25ти ден од циклус, ми доаѓа на 33. Демек ќе паузираме ама 'не сакајќи' бидна 3 пати баш во плодните денови, па еве ме пак во темава со надеж. И демек немаше да се замарам, отидов сабајле купив не еден туку 3 теста зашто знам дека ќе сакам порано да направам. Оф маки.
Женски јас со позитивен тест сум, баш кога реков дека нема да се напнувам за плодни денови,овулациии и сл. И тоа менст.ми заврши на 30.12. Односи само 2 дена имавме 31, и 2ри мислам, не сум сигурна. Битно овулација според апликација имав на 6ти.. Баш овој месец најмалку се надевав дека односите не ми беа во деновите околу овулација ,ама ете бидна. Не можам да речам да не се замарате, секако и јас потајно се надевав и штом се доближуваше денот само во памет ми беше тест да направам ама навистина мала надеж имав. Ви посакувам на сите што поскоро да видите 2 цртки