Баш се израдував честитки да си имаш лесна бременост до крај Мене датум за недобивање ми е 05.02 и не се надевам овојпат,не бевме многу активни.Здравје ќе видиме шо ќе биде. Фали @QweenSM и @*Лаванда* да мотивираат и тешат се надевам дека сте добро девојки
@Kate Rina 93 честитки и лесна и школска бременост! И ние кога решивме да не мислиме, си фатив проект средување по дома. Менував завеси, гарнитура... И стварно мислам дека тоа што активно не размислував за бебче, баш тоа ми помогна.
И јас 5ти треба да не добијам А исто и јас не се надевам нешто посебно зошто исто не бевме баш активни кога требаше, ама никогаш не се знае нели Пуштам среќа
Хелоу дами мои. Сакам како прво, да ви се заблагодарам на сите што ми дадовте поддршка на последниот пост. Толку бев скршена што едвај пишував, па вашата добрина многу ми помогна, незаменливи сте мили мои. Ви благодарам што ме помисливте, а посебно фала на најмилата @Viktorijaaa5 , сега сум тука и ќе бидам со вас секогаш, ама ми требаше некој период да пребродам некои лични работи па и тоа што се разочарав многу кога ми дојде, ама што е најбитно - помина! Сега одиме со нови сили кон целта дами и нема гледање назад, било што било, сега е нов месец, нова надеж. Апдејт: бев вчера на генеколог, секогаш си правам еднаш годишно пап тест, па воедно побарав да ме види и на ехо. Се е супер мили, се е океј. Многу ме смири матичнава и ми рече дека немора да значи ако се е океј и веднаш бремена да останиш, на некој му се погодува и така, ама на некој не. Па ме смири некако тоа многу, решив да си го пуштам мозокот на пасење. Ама не до толку сега де, пак одвреме-навреме си читнувам по нешто, ама не до толку, ви ветувам! Од денес влегувам во плодните денови, па се надевам на позитивен тест. Дата за недобивање ми е на 17ти февруари. Еј мили, пишете ми кога се вашите дати за недобивање, па кога ќе се собереме повеќе да направам списоче, ако ми дозволите. Тоа @*Лаванда* го правеше, ама сега за сега сеуште ја нема, па ќе се дрзнам да направам јас додека ја нема, па се надевам дека за брзо ќе биде со нас најмилото наше Лавандуле. Честитки до нашата најнова мами @Kate Rina 93 , имај си најлесна бременост мила, гали меше сега, многу се израдував. Ако имаш сликце од тестот пушти ни да си стоплиме душа, ако сакаш нормално, ако не - почитувам одлука мила.
Јас да се пријавам со доцнење 3ти ден. Во голем хаос сум, се селиме сега, па ако не добијам до вторник, среда правам тест
Мила само опуштена биди баш убаво си кажа пушти го мозокот на пасење и јас мислам дека овој месец е твој дека за брзо ќе ги видиш двете цртички те гушкам
Дај боже да славиме, иначе незнам ке почекам уште неколку дена да видам дали ке дојде госпожа, симптоми 0, денес почна да ме болат на допир градите и стомак од време на време,затоа ми е страв уште за тест, да си почекам најдобро прво уште некој ден
Чул те Господ мила моја, само да биде сè во ред и Бог кај сите да дава таква радост, баш пред 1 недела ми се породи другарка па сега уште повеќе ме фаќа возбуда за кога ќе дојде мојот ред. Те гушкам, многу ми значи поддршката.
А да се надоврзам, три дена пред терминот за добивање ми дојде розево и на бришење и на улошка секојдневна и викам ајдее биваше ли пред време да добијам шо е работава, и траеше неколку саати,без болки никакви, и утредента ништо секна, еве уште немам ништо ова беше у вторникот.Исто вака и у овулација док бев ми се деси месецов со три капки розево…
Ја заличи групава...одма се чувствува позитивна енергија Фалеше оваа поддршка, која незнам дали сите ние ти ја возвраќаме со иста мера. Се надевам дека тешките моменти останаа позади и сега се на ред само убави нешта да се случуваат кај сите Опушти се и уживај во гушкањето, нека не ти биде терет и се ќе биде како што треба
Аа тоа е добар знак, ми мириса на имплантација @ivance.. фала мила на поддршката, јас правам среда, последниот период знаеше да ми задоцни до кај 30-31 ден па сакам да си почекам. Не можам да преминам преку уште еден негативен тест
Аа честиткии, со лесно до крај мила сеа ми дсде малку надеж, ама ја одма после тоа коа ми прекина утредента праев тест од тие be safe негативен беше и сеа ми е страв да праам пак, а ти имаше симптоми нешто тогаш баш баш на почеток?