Ви благодарам многуу многуу храбри мои дами, знам дека исти вакви коментари ќе пишувам за сите вас во скоро време. Да си ја раскажам мојата сторија можеби некому ќе помогне. Значи прво овој месец некако длабоко во мене знаев дека ќе биде зашто не се оптеретував многу и бев презафатена со други обврски. Селидба, школо, работа… се и сешто ми се случува периодот. Нормално бевме секојдневно активни во плодни денови, си се тестирав за овулација и знаев кога ми се. Симптоми почнав да барам од кога сфатив дека ми доцни. Скроз и заборавив кога треба да добијам и пред некој ден си се исплачав за ништо и тогаш ми текна да видам календарот, и оп ден за недобивање да ми бил. Тоа ми беше прв симптом, значи мнооогу нервоза и многу ми се плачеше. После почнаа градите да ме болат само на допир (и сеуште е така), мноогу бело прање ама безбојно и без мирис. Друг симптом ми е запек имам веќе една недела и одвај успевам да идам во вц. И од вчера некои чудни слаби бодежи во долниот дел на стомакот, слични како кога кревам нешто тешко. А да и синоќа прв пат станав за во вц во сред спиење (тоа никогаш не ми се десило). Тоа е засега со симптоми, и воопшто не ми се исти како пред добивање (само емоциите се). Се надевам ќе помогнам на некој. Уште еднаш фала ви најмноогу, ви ја посакувам оваа среќа на сите идни мамички во скоро време
Фала што ме мислите милички Нема кај мене ништо, ако не ми дојде до четврток идам на бета дирекно и да заврши мистеријава
Баш убава цртичка мила ти реков дека нема да добиеш наредни 9 месеци ти посакувам лесна и школска бременост.
Денес имам уште нешто за чистење во стариот стан зашто мора да го оставиме детално исчистем, ама од утре ќе си одмарам ветувам Планирам да направам бета за секој случај, од тестови ми е преку глава веќе
5 дена до добивање. Имам болки минимални во колковиве, во стомаков долу како за добивање, ама имам едно чувство како да сега ќе ми дојде. И на бришење имам исцедок лигав посветол бел, а жолтиот исцедок секако си го имам. Знам дека ќе добивам, ама бар да добијам навреме, не порано, да не мислам зошто подранила аман веќе
Можно ли е на дпо+9 испитувањето од крв да не покаже ништо и покрај бременост? Прашувам за другарка, нема мајка, нема сестра, сама во странска држава нема кој да праша. Цело време си планираме исто време да родиме деца ама и таа ко мене поима нема ни од плодни ни од неплодни денови, ни од тестови. И кажав дека сим бремена и од овој месец почнале со обиди. Имала болки и симптоми исто како и јас. Бевме заедно во дпо+9 на лекар. Во меѓувреме, на дпо+11 и дпо + 12 направи тестови и двата со бледа позитивна црта. На дпо +13 направи дигитален тест покажа негативен. Тогаш стигнаа и резултатите од крвта од пред неколку дена негативни. Денес треба да и дојде, ама од синоќа кога стигнаа резултатите цело време плаче.
Честиткииибаш се израдував,прекрасни вести Уште кога кажа дека не рачунаш не мислиш затоа што си во брзање цело време знаев дека ќе се рарувате дополнително со лесно до крај
Моево дете е со тт стално баш у најбитни денови, ако апп е точна, сме погодиле ден пред овулација, ако е покасно, тешко... Ова се дешава од септември навака, се нешто излага, или е болна или не спие, а ние сме утепани. Марфи зошто толку многу ме сакаш?
И јас така како да осеќам. Таман ќе сум "спремна", плодни осеќам, активна и детево едвај ќе заспива, ќе се буди навечер и една нервоза ме пука ем дека неодморена ем дека периодот се потрефува и како тебе си викам како може сега? До пред некој ден супер, сега како намерно. Колкаво ти е првото дете?