4ги4м Значи бара бебе, досаѓа, ама никако не ме попушта, па на крај од ден сум претепана и некако таа работа испаѓа колку ај ради бебе, а не сакам така да се осеќам.
Истото значи! Се осеќам како пензионер некогаш, ко хормониве да си ја завршиле функцијата, желба аш и на крај ајде колку ради реда што би се рекло. И двајцата знаеме дека е ради реда, ама си премолчуваме. Многу млитаво чувство. И јас нејќам така. Не знам кога да го вметнам во распоред Вие колку време се обидувате? Има некоја позната пречка или?
Некаде околу година и нешто, плус минус. Пречка не најдовме, и за првава беше исто, ништо немаше, само тсх и ми дадоа терапија еутирокс 25, и после месец ипол забременив, ама еве сега ни тоа не пали. Се беше ок, на канали не ме претија зошто ме гледаше димитров и рече нема шанси тоа да е проблемот.
Ремедика, не се гледа состојба на канали, но вероватно по нешто друго гледа, што точно не знам,ми нагласи само ти нема шанси да имаш затнати канали. После ми рече остани трудна па ќе те барам за донор на јајце клетки. Хиперактивни јајници имам со фоликул најголем до сеа ми бил 34,23 мм, а бебе никако да се фати.
Машала! Ќе биде работата, си чека бебчето посебен ден. Инаку, колку најмалку треба да биде фоликулот за да пукне?
Сега не сме правеле, ко божем чекам да стивне ковидов, тогаш рано почнавме со испитувања, некаде од 6ти месец и сите ми викаа рано е. Спермограм, спермокултура се се, се беше ок. Кај уролог идеше. Ништо не најдоа пречка.
Мене ми напомена докторот да направиме се од ново, хсг и спермограм бидејќи пост ковид знаело да се изремети се. Рече ако прележал сопруг ковид обавезно да направите нов спермограм.
Не сме прележале, туку општо сакам да не се акам по гужви, кај општо стрес, па уште стрес да не закачиме ковид. Секако треба да одам за пап па ќе се конслултирам. Имавме прекин од неколку месеци во обиди, па ако го одбиеме тоа , се уште нема ни година.
Одма, така ми рече, штом прележал одма нов спермограм. Не мора да има никакви правила, ама и една настинка вирус ќе направи разлика ако има нешто, така да направете спермограм, нема штета. Е сеа вие ако се осеќате дека нема потреба, нема.
Не знам дали сум спремна на нови испитувања.. Долг ми се виде и тогаш патот, цела година ништо, дека се уредно... Кога стигнавме до канали, оп пак,чекајте уште година ми рекоа... Ќе видам шо совет ќе добијам баш од матичната.
Ама ако не грабаш никој не ти дава. Јас сама барам, докторот на секое ме испраќа и ми вика се гледаме со резултати а следно не кажува што е. Јас му реков чекање веќе немам време, сакам да се среди ова, не ми се чека уште 2г. Јас до март ако не ми успее ќе одам на хсг и се што следи со тоа, не ми се чека веќе. Досега се ќе направев ама почина свекор и не ми идеше додека е маж во жалост да го терам да оди по доктори. Сите си знаеме за себе како ни е планот, ама ако нешто треба да се направи подобро веднаш.
Да, во право си. Јас искрено тогаш, зошто ептен се напнав, викам у реду, ќе барам некаде да ме примат по приватниве и у еден ден се што треба да се напраи. А не прво пап, па брисеви, па хормони, па тек после спермограм, па чекај. Одам давам ја, дава маж се тоа може да се земе у еден ден. Ако е се ок ајде на кканали и да знаеш на што си. Мојата докторка е убедена од прв ден дека се е ок и дека е психички момент. Вика за вас двајца сум сигурна и убедена во смисла бактерии и слично. Кога останав трудна баш ми напомена, знаев и ти кажав од старт дека се е ок. Ама ти не ме слушаш. Последната контрола кај неа беше пред да одам кај димитров, ми рече брзо ќе се вратиш ти трудна, ама ај као истерај си твоето да си мирна. И стварно така беше. Кога се породив и на две недели на контролата и ја однесов и беба, леле женана очине полни солзи... Се стопи.. Многу ја сакам и почитувам искрено. Значи таков муабет само мајка ми ми прави. Толку ми беше поддршка, немам зборови. Ајде ќе видиме, може стварно е психа. Башка секаде каде што барав инфо ми викаа до година ипол е ок и се толерира.
Алал да и е на докторката, каков дијагностичар штом од око може да види дека се е во ред, дека и двајцата немате дури ни бактерија, па дури и дека каналите се проодни и тоа без хсг Искрено не би сакала таков доктор, за да ме тапша некој по рамо тука е мајка ми, сестрите, другрките, сакам доктор што ке провери се и ќе ми ги каже кои би биле можните проблеми. Не велам дека мора да почнеш со испитувања, ако сеуште не си спремна, дајте си време, опуштено и кога треба само ке си дојде. Еве ние ги направивме сите испитување и се беше во ред, но сепак борбата ни траеше со години и бидна месецот кога најмалку очекував.
Не ми рече она за канали, прочитај убаво. Димитров, кој што е специјалист за инвитро и е меѓу најдобрите. Кога еден доктор те следи, ако те следи како што треба, ќе знае што може да се очекува и каде да те прати. Еве ќе земам за пример, тсх ми беше покачено и сите специјалисти ми викаа нема врска, не смета тоа. Само она ми кажа ова мора да се среди, без тоа џабе друго се. Значи не е работава тапшање по раме. Имам пишувано секаде, дека 4 години барав доктор кој ќе ми препипе терапија што гинекологот не може, никој не ми даде. Доктор кој се има јавено кај директорка на микробиологија да ја напраи партал, зошто сите наоди ги пишала со кламидија, а после проверка во друга лаб испаѓа само еден точен. Имам многу за зборење на оваа тема. Верувајте си знам јас зошто не тргам по испитувања. Секоја врата ми била затворена од сам старт, рано, што си дошла, не си за тука. Е единствено она е таа која што и да и побарам веднаш ме услужувала, ама толку може, другото треба други да го средат.